Има ли будни членки да ми одговорат на оваа тема? 37+3 сум и при вртење во спиењето ми потече поголемо количество на вода што дури и пижамите ги направив лом. За подмочување не сум сигурна дека е подмочување...немаше ни мирис на мочка. Сменив долен веш, ќе следам ситуација. Бош време ми е за на болница, барем до сабајле да почекам, нема да е проблем? А о не сум 100% сигурна дека е водењакот...
Дефинитивно ќе излага бебе...водењак пукнат, болки има, само еден прст отворена..ова ќе потрае...wish me luck
Ти кажав истото како кај мене,ајде индивидуално е,може за саат двва може до утре вечер. Во болница си?
@PeachGirl со лесно. Јас дежурна оваа ноќ. Киселини ненормални. Ме болеше главата цел ден,па почнав со повраќање,се што изедов отиде,изедов малку овошје пред спиење да не ми е празен желудникот ама џабе. Ме разбуди силно горење во грлото,се мачев 1 сат и пак повратив. Сега лежам со надеж дека ќе се смири ситуацијата,ама не сум баш оптимист. Па и главата сеуште не поминува,што ми е којзнае. Ех,одвај чекам да посака да излезе дечково,веќе од киселини не можам да живеам,ама неќе,ќе ме мачи сеуште А баш ми се спие,ама изгледа тешко спиење,ќе одам пак да ја гушкам шољата. Утре што ли ќе јадам,не знам,страв ми е веќе и да јадам,мислев декаа ми се киселините од благо и од леб,ама денеска не јадев,а пак изгорев.....и така. Убави соништа на сите
@PeachGirl со лесно Како си сега,како се чувствуваш,имаш ли болки? Известувај не и што поскоро да се гушкате со бебуш
Оф кај мене истото ми го пукнаа водењакот во болница и не добив болки, па ми ставија провокации и многу болки почнаа за на крај царски да ме прават со лесно, можеби си породрна веќе
37 недела сум и еве денес средувам низ дома си пресмукував клекни стани одеднаш почуствував нешто мокро не е кој знае колку но гаките па дури и на тренерките имам еден круг можно ли е да е воденјакот?
Прати ситуација дали ќе истекува пак или пак обичен исцедок да не е .. јас така два дена се штрекав ама поискусните тука ме подучија дека ако е водењак тече без престан
Ако е водењак тече без престан и ти не можеш да го контролираш,не можеш никако да го стопираш течењето. Кај мене кога ми пукна водењакот истече прво половина,па после еден сат истече уште толку. Според моето искуство сигурно ќе знаеш кога е водењакот,нема да промашиш.
Женски, по пукање на водењак за колку време треба да одиме на лекар? Докторката кога ми објаснуваше кога треба веднаш да одам кога не, кажа ако водењакот пукне не кревај паника, можеш слободно да се истушираш да се средиш па да појдеш во болница, но колку би било во ред да помине време, саат два, три?
Јас бев на гости кога ми пукна и од таму право во болница, ако ти пукне можеш да се истушираш ама не треба да седи бидејќи има голем ризик од инфекција. Не е како кога ќе те фатат болки па да истрпиш дома ако пукне водењакот правац во болница.
Во Германија е правило ако ти пукне водењак да легнеш хоризонтално каде и да си и да повикаш болничка кола да те земе и однесе во болница. Значи не се препорачува ниту да седиш во своја кола. Ова доаѓа од логиката дека бебето при пукање на водењак како вакум се влече нанадвор од силината на плодовата вода и може да го заглави лошо во породилен канал. Во Македонија можеш и да де истушираш и со кола да заминеш во болница. Не се препорачува никаде дома да седиш после пукање туку ведна да се оди оти најчесто започнува излегување на бебето. Ако мислиш на високо пукнат водењак тој истекува периодично и кај тој можеш да се спремиш дома па да одиш.