Јас се породив 20 саати по пукање на водењак и тоа со провокации. Бевме на гости и само што седнав осетив и трк во тоалет видов розева течност и право во болница, таму веднаш ме приклучија на антибиотици, во 21 часот ми пукна водењак во 21:15 веќе бев примена и ми беше даден антибиотик ако чекав болничка кола ќе се изначекав.
Мене ми пукна водењакот во 11 навечер, па сама си возев до болница, болките почнаа по 2 саата, накај 1 сабајле. Во болница ми дадоа инфузија со антибиотик, ама дури сабајлето после визитата, дури 10тина саати по пукањето. Да не бев со големи болки, мислам дека немаше ништо да смени и дома да седев, ама ептен беа јаки болките од самиот старт.
Ја исчитав темава и никаде не видов детален опис на тоа како изгледа плодовата вода. Бела, жолта, розева, со парченца во неа, со сукрвица, мирис специфичен. И ме интересира откако ќе пукне водењакот истекува цела течност, половично, за колку време. Мислам седнуваш на вц школка и чекаш да доистече или како? Глупо ми е прашањево ама барав и на нет изглед на плодова вода и не најдов. Башка што читав искуства каде викаат ми пукна водењакот како некој кофа да истурил и туширање средување и пак после до болница утоп направена цела, некои со пешкир меѓу нозе отишле? Затоа ми е малку нејасно
Кај мене беше како вода, чиста, проѕирна течност, без мирис мислам. Интензитетот на истекување зависи каде пукнал водењакот. Ако пукнал некаде горе, ќе истекува подолго и со послаб интензитет. Кај мене се буквално истури, не се осеќа тоа, немаш никакво чуство на ослободување, олеснување, како балон да пукне на пример, туку само чуствуваш мокро, и не приметив дали понатаму уште истекуваше... мислам не. За брзо се породив после пукањето така да не се сеќавам баш дали ми требаше крпа меѓу нозете.
Баш како вода, без боја и мирис. Мене ми истече на три пати, успеа до колениците да ми ги натопи пижамите првиот пат, потоа 2 големи ноќни влошки наполнив за 15 минути. Во болницс ми рекоа дека сеуште имам доволно вода за плодот, значи ако истече цела наеднаш сигурно е како кофа да се истурила. Девојката што беше со мене во соба рече дека нејзе и била со розеникава боја, по кратко време и со мало крварење. Најверојатно има разлика дали чепот паѓа (мене ми падна дури другиот ден 1 саат пред да се породам), и во кој дел пука водењакот, ако е пониско истекува повеќе вода. Според се што сум читала треба да е без мирис и боја. Барем за мене беше така.
Ич не барај на нет кога ќе ти пукне е поразлично од се. Безбоен е али пука доста интересно добиваш како силна клоца внатре на сосем нормална позиција на седење или стоење, клечење, спиење небитно. Тоа е како удар и наеднаш тече чаша вода од тебе. Не можеш да контролираш и не е уринирање. Ова те прави лом наеднаш. Ако е напукнат. Ако е целосен тоа е како поплава да те фатило. Болките ми почнаа веднаш после пукање за околу 10 минути. И наеднаш силни за отварање. Не беа од оние лажните туку болни од сам старт.
Мене во првата бременост ми пукна високо и со породив после 2 дена, а сега со втората ми го пукнаа на нс боксот за време на породувањето.
Јас не осетив никаков удар.Станав од креветот и одеднаш почна да тече. Додека течеше не чувствував ништо,не можеш да го контролираш.Мислам дека не беше баш прозирен,како млечна бојата да беше. Ми истече на два пати и чепот ми испадна зседно со водењакот.За количината,си тече доста,повеќе отколку кога се моча.
Мене ми пукна водењакот и јас не отодов одма во болница туку прво до дома п се туширав па тогаш во болница. Мене цело време ми течеше вода и отидов во болница со пешкир меѓу нозе. За 10мин и тој стана жива вода а откако ми пукна водењакот се породив за 1час и 15мин
Мене откако ми пукна водењакот се породив после ден и пол итоа со провокации...ме чекаја болки да ме фатат ама јас не ни Б од болки
И јас не осетив ништо освен вода како тече по малку. Првин бев во вц по мала нужда, и видов во шолјата дека паднал чепот, тоа во 9 саат сабајле. Веднаш после тоа ми протече вода, без боја и мирис. Не можев да ја контролирам, така знаев дека е плодовата. Се тушира, се средив, и после еден саат со мм отидовме во болница. Кога се качив на столот за да ме прегледа докторот уште протекуваше по малку. До 12 саат ми течеше водата, после ми ставија провокации, од 15ч. почнаа јаките болки и во 18:50 се породив. Значи не беше како со кога силен млаз кај мене, туку по малку истекуваше околу 3 саати.
Od koga ke pukne vodenjak koga zapocnuvaat bolkite? Kaj mene vodenjakot od koga mi pukna pominaa 12 h i nemam aber za otvaranje samo 2 prsti Kazete iskustvo se plasam
Водењакот ми пукна околу 21 часот и по еден час кај мене почнаа болките се породив во 06 сабајле значи околу 9 часа поминаа од пукање на водењакот до пораѓај. Нека ти е со лес и за брзо да си се олесниш и да си гушкаш бебе
Кај мене со второто прво ми напукна високо и течеше постепено... болки немав, примив провокации после ден ипол од напукнувањето и скроз ми пукна после 3ч од провокациите...
Секој различно. Во 2 ноќта ми пукна водењакот, одма ме фатија болки. Во кола за накај болница почнаа породилните наеднаш, се отворив скроз во 7 сабајлето се породив.
Мене со првото откако ми пукна водењакот се породив после 18 саати, а болки добив после 12 саати од пукањето