Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пукање на водењакот

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 7 септември 2012.

  1. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Немам сеуште. Лежам се досадувам и се надевам дека ќе дојдат сами од себе. Да неморам да примам провокација.
     
  2. Elii19

    Elii19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Јас сум во 40 недела , но пред 10 мин ми течеше вода (некој капки покрај нозе ) беше баш као млеко бела боја .
    Дали тоа е водењакот? Прва бременост и поима немам за водењакот .
     
  3. Indi96

    Indi96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Можно е ,
    Највероватно е водењак оди си до гинеколошко да те видат
     
    На Elii19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Ајде со лесно и со убаво.
     
  5. merry.blues

    merry.blues Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    31
    Мене сега ми пукна водењакот, бев до вц и кога станував мислев дека сум се подмочала. и приметив дека не можам да го сопрам. 3 сабајле е, немам болки и се мислам дали да се доспијам за да имам повеќе сила утре.
     
    На LangeAlfa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lipstickmadness

    lipstickmadness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Со лесно :)
     
    На merry.blues му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlWithACat

    GirlWithACat Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Со лесно да поминеш, пораѓајот е започнат треба веднаш да одиш во болница штом ти пукнал водењакот за некое време и болки ќе си почнат.
     
    На merry.blues му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vikuskata

    vikuskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Devojki kazuvajte ispanicena sum .
    Sedev i primetiv deka gakite mi se mokri kako edna goltka voda da sum isturila na niv , posle toa smeniv gaki no nemase nisto . Eve pominaa veke 10 saati i nema nisto na gakite . Se plasam dali e vodenjakot ili e samo vaginalen iscedok? Dali toa tece golemo kolicestvo voda ? Kolku kolicina treba da bide za da znam deka e puknat vodenjakot ?
    Fala vi mnogu ☺️
     
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Се имаш подмочано најверојатно, ако пукне скроз водењакот тој тече и не сопира. :)
     
    На vikuskata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilevskaBaby

    MilevskaBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки денес сум 40 недела и секој момент мислам на болките. Бидејќи сум од Струмица и треба да се одбива пораѓајот во Скопје би сакала да ве прашам колку време после пукнат водењак е безбедно да стигнам до болница дали ќе имам време?
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Се зависи колку брзо би се отварала, мене ми пукна вечерта и тек дури после 12 саати со провокации ме пораѓаа, да не пуштеа провокации природно кој знае кога ќе добиев болки.
     
    На MilevskaBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    7.067
    Пол:
    Женски
    Ако бебе е поставено во правилна позиција и водата што ќе потече е бистра и осеќаш движења нема страшно, за саат ипол макс си во Скопје.
    Од како пукна водењакот, додека добив болки поминаа 18 часа. После од прилика 34 саати од пукањето на водењакот се породив. Во меѓувреме и епидурал таму после 25 часа зедов за да се одморам и дремнам малку, па после 2-3 саата пак да продолжам.
    Саат време покасно се појавив на клиника. Прво се туширав па отидов. Процесот на отварање не беше почнат кај мене.
    Ти спреми си се да ти биде готово, за во случај само да земаш торба и низ врата. Ја чекав маж да се спакува, пошто по негови пресметки бебе за викенд требаше да дојде, а не во четврток :rofl:. Бебе дојде на термин инаку.
     
    На MilevskaBaby и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  13. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.149
    Допаѓања:
    50.526
    Пол:
    Женски
    Би требало време да имаш.
    На мене откако ми пукна водењакот веднаш отидов ама не бев воопшто отворена.
    Отидов вечерта дури наредниот ден попладне се породив.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    А и има и како мене што многу брзо се породиле откако пукнал водењак. Бев излезена ми пукна во 15:30 и јас така дека знам полека оди процесот, прво до дома, па туш па полека се спремам за да стигнам во болница и одма цел персонал на нозе се кренаа немаше време за ништо од врата директ на бокс отидов. Се породив во 16:45 :)
     
    На MilevskaBaby, 5678m, Slonce91 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Или како мене, водењакот таму ми пукна на преглед пред прием. А отидов 9 прсти отворена:drunk: Болки почнав да чувствувам кога беа на 5 мин, пред тоа си спиев.
    Прва болка почувствував околу 4ч, 5:25 стигнав во болница, 5:55 се породив.
     
    На MilevskaBaby, MinnieM, KuklickaSk и 5 други им се допаѓа ова.
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    5.887
    Здраво
    ме интересира ,дали пред пукање на водењак и отпаѓање на мукозен/служни чеп се чувствува движење поради кое често се оди в вц на мокрење?

    и дали по пукање на водењакот почнуваат болките или и пред тоа?

    Мене ми рекоа -пукање на водењак седи си дома саат време зш ќе те вратиме дома,само ако е со мирис,зелен или крв во текстура дојди.

    п.с. 2часа=1цм отворање, полесно птворање со јога ,ананас,урми јадење и чај од малина. Стимулација на брадавици и чешање на стомак до концентрација на дишење за да не осеќаш бол
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Аии браво. Ова ко на филм пораѓаи
     
    На MilevskaBaby, 1209, Isabel и 2 други им се допаѓа ова.
  18. GirlWithACat

    GirlWithACat Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Мене ми пукна водењакот во 1:30 без болки, ништо не осеќав претходно, болките почнаа негде во 3:30 и во 12:40 се породив. Така да кога ќе треба ќе си дојде бебчето со лесно нека ти е, единствено тој ден бебето многу одеше нагоре надолу и вечерта ми пукна водењакот онака немав никакви симптоми.
     
    На јolene и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  19. MinnieM

    MinnieM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.911
    Пол:
    Женски
    Ова со мокрењево нема врска ја одам многу често недела дена, еве уште ништо нема 39+2 сум. Со првото отидов со болки во болница бев 2 цм отворена, таму ми го пукнаа водењакот не ни знам како изгледа тоа :rofl:
     
    На SunnyGirl2 и јolene им се допаѓа ова.
  20. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.720
    Јас цела бременост, на секој саат мислам дека мокрев. Пред да ми пукне водењакот, немав никакви симптоми. Ноќта околу 3, отидов најнормално во вц и наеднаш почна да истекува вода и да паѓа дел по дел од чепот, така да нема шанси да не го препознаеш.
    Болките ми почнаа одма после пукањето.
    Од клиниката ми кажаа дека можам дома да седам, само пред да поминат 12часа да бидам таму, за да примам антибиотик.
    Инаку отварањето не беше лесно, ем со провокации, си поседов скоро 24 часа пред пораѓај. И цела среќа што си добив епидурална, онака може ќе ја дигнев цела болница.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.