Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пукање на водењакот

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 7 септември 2012.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Мене не ми паѓаше чепот само пукна водењакот и почна да тече неконтролирано морав да чекам малце да се смири зошто цело пакување влошки искористив зошто беше количина на вода па после тоа се облеков и тргнав во болница. Болки не добив ни цела вечер ни наредниот ден и мораа провокации да ми стават.

    За урмите точно е дека ги зголемуваат шансите за пораѓај, зошто ги јадев и цело време ми се стегаше стомакот.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    7.067
    Пол:
    Женски
    Ова во Германија? Да не имаш погрешно разберено? Враќаат дома ако добиеш болки ама не си доволно отворена и можеш да трпиш.
    Ако пукне водењак, а бебе не е наместено со главче надолу протокол е да викаш брза помош. Треба да ти каже матичен гинеколог или кога ќе одиш на преглед од клиника. Си одбра ли веќе каде?
    Ако пукне водењакот, а бебе е со глава надолу можеш да се истушираш, спремаш полека и одиш..ама нема шанса да те вратат дома со пукнат водењак. Мора да те хоспитализираат! И јас сакав дома, ама не ме пуштија. Веќе те водат како отворена рана да имаш и можност од инфекции постои. Дури ни со рака не те проверуват поради тоа. Тек кога болки ќе добиеш и зачестат. Цтг и ехо ти прават на прием, па се утврдува што како.
    После 18 часа ако не се породиш се дава антибиотик. А после не знам колку беше се почнува со провокации. Јас се пробав :D:D:D
    Оти штом пукне водењак, телото сепак се обидува уште да ја надополни водата ...значи не пука и истекува се и готово крај. Бебе е без вода. Не е баш така како на филм.
    Јас тотално друга замисла си имав во глава:D. И на крај 12 саати бев во болница без болки. Мислам тоа ме измори ептен. Ем не можеш да се одмориш и отспиеш што од возбуда што од гласно идат сестри има други пациенти, ем ништо не се дешава.
    Ама мора да се следи целиот процес. Сакав единечна/фамилијарна соба да земам, е арно ама баш тој ден решиле сите бебиња да излегуваат и беше рекорд во клиниката и сите соби беа полни. Пак имав среќа што бев само со уште една жена, можевме и три да бидеме.
     
    На SunnyGirl2, Fenix05, Brpbrp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    5.887
    одбрав болница
    тоа ако има промена крв мирис боја да одам веднаш,ако не можам да се ладам дома ххх
    не ми е далеку и болницата, и као ќе те вратиме дома
    па ми беше чудно ама окс како ќе е така

    се слуша кога врескаат жени од родилна сала ко по инстаграм? ххх

    и ми рекоа ако мибе тетминов цтг на секои 2 дена мора.. така 10 дена рок потоа провокации
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    7.067
    Пол:
    Женски
    Како е така е. Родилни болки не можеш да ги помешаш не се секирај. И реално поарно болки да те фатат прво, бар процес да почне, ама се се издржува. Јас буквално три смени на бабици истерав, тек на четвртата смена родив :D. Ме зезаше бабицата што ме прима, како не сум почекала уште еднен саат, па пак она да ме превземе.
    На маж ми му рекоа, како демек кога прашувавме ако фатат болки, кога да идеме, само му се насмевна докторка и рече кога веќе нема да сака да ти збори, тогаш. И така беше.
    Тој ме прашува во најголемите болки како да ми помогнел, ме фаќа демек ќе ме масира, оти така не учеа нели на курсот, од мене само доби остар поглед и низ заби: не ме фќај :tmi:. После и на една од бабиците и реков да не ме гали и фаќа. Значи сакав на мира да ме остават и да има само кај да се потпрам додека минат контракции.
    Од медикаменти пробав се и ибу со бускопан и еден опијат. На крај од опијатот ми се слоши и поврнав, а цела бременост не повратив. Па дехидрирав и на крај зедов епидурал да се совземам и да се освежам малку. И фала богу, оти инаку нема да можев да издржам.
    Пробав и када ама како треска добив од болките и не можев, после не сакав пак во вода да пробувам.

    За викањето, па да имаше. Не секој поднесува исто. Јас глас не пуштив, само дишев и на дишањето се концентрирав и слушав бабица и докторка. Кај мене беше бебе надоле со глава, ама не у канал, па до последно не се знаеше дали ќе завршам царски. И така после ден ипол, дојде природно на свет, малку со вакуум ја потеглија, ама се беше ок.
    Најубавото икуство во животот ми е дефинитивно. Презадоволна од бабиците во породилна сала сум. Докторка исто, иако беше малку језиво што знаеш дека ти спремаат и те чека тим доктори во соседна соба, ако не успеам природно у следни 20 мин.
     
    На Sunrise!!!, Ava.84, Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. MilevskaBaby

    MilevskaBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Секоја чест девојки јас на 10 ти отидов во клиника поради видок притисок ме задржаа цел бикенд ме мачеа со провокации со синто па докторката ми го пукна водењакот при преглед не се отборив повеќе од 5 прсти а болки на цтг покажува јас не ги осеќам,неможеа епидурал да ме ноцнст многу коски сум имала 10 пати пробуваа за на крај во понеделник веќе 4 ти ден јас исцрпена и полуумрена ми направија царски. Сега еве раната побрзо ми заздравува него местата кај што сум боцкана за таа недела дена. Углавном на сите посакувам лесен пораѓај а не како мојот.
     
  6. Sakche

    Sakche Нов член

    Се зачлени на:
    2 септември 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, 37ма недела сум, сношти после одење во тоалет ми истече еден млаз течност, но истото ми се има случувано во текот на цела бременост, докторите ми велеа дека се работи за задржување на урина. После тоа истече скроз по малку на два пати исто само после одење во тоалет, инаку не истекува. Сабајлево бев на преглед, ми рекоа има доволно плодова вода и да пратам дали пак ќе истекува, но засега нема ништо. Осеќам само како стегање во стомакот и некои движења како пеперутки во горниот дел под градите. Дали некоја имала вакво искуство? Ви благодарам
     
  7. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    1.137
    Мене во првата бременост кога ми пукна водењакот цело време ми течеше течност без прекин.
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    13.385
    Пол:
    Женски
    Мене кога ми пукна водењак имав чувство дека ми се моча 2 сек пред тоа, течеше 15-20сек и прекина.
    За да се види дали е стварно плодова вода, треба да лежиш 10мин со подигнати нозе, и ако потече пак кога ќе станеш, тоа е тоа (плус нема мирис и боја течноста), и така и ми беше. Во болница ме примија после 1ч, болките ми почнаа после 2ч. Повторно вода не ми истече цел ден, дури после 18ч кога се отворив 8см наеднаш истече пак вода, ама тогаш како на филм, како кофа некој да истури.
    Ама со мене во соба имаше жена на која трет ден и беше лежење таму без болки.
    Мислам дека главниот фактор е колку вода ти истекло, ако е поголема количина мора да те примат и следат, и плус се дава антибиотик.
     
  9. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    1.608
    Пол:
    Женски
    Mislam ne e vodata, i mene taka mi se desava. Odam vo wc mokram posle 10 sek mokram pak. Osekam duri kako bebe pritiska na besika pa ko ke pritisni mokram. Vodata pamtam na snaa mi koga i pukna naednas cela kofa od nejze.
     
  10. 86 kiki

    86 kiki Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2024
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    A ako slucajno ne primetam deka puknal dali posle toa treba da me fatat bolki
     
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Не можеш да не приметиш дека пукнал водењакот.
    Пука како балон буквално.
    Мене прво ми падна чепот вечерта во 23:00.
    Цела ноќ одев на 1 саат во вц.
    Тек утре дента во 22:00 ме примија во болница со слаби болки и 4 прста отворена.
    Водењакот ми пукна кога ме станаа за на бокс.
    Бебе се роди со 3 напони.
    Болки имав пред да пукне