Moe mislejne najdobro da si trgnes vo bolnica vednas stom ti puknal vodnjakot. Mene mi rekoa srejka sto stigna brzo. Bidejki rizikuvas za infekcija.
Мене ми пукна водењакот, но очигледно беше високо бидејќи повремено ми протекуваше како вода во дланка напунето.
Дали е вистина дека по пукање на водењакот започнуваат вистинските и јаки болки? Или можи и пред тоа да се јават јаки болки.
Јас нит отворена бев, нит пукнат водењак, а убави болки имав на 4мин, 3 саати по ред. Може да се има болки пред пукање на водењакот.. само кога ми го пукнаа се зголемија и станаа на 1мин/30сек. Појаки се после пукање на водењакот бидејки истекува водата и бебето е поспремно за излагање
Се плашам да не ги пропуштам вистинските болки па да си мислам лажни се Прва бременост па како се ближи крајот мислам дека психички ќе попуштам
Верувај нема да ги пропуштиш.. чим сите што сме поминале низ тоа истото го викаме, така е Кога ке дојдат, едноставно ке знаеш дека тоа е тоа... на почеток е како појака менст болка и како стегање, скаменување на долниот делл од стомакот и на ист временски интервал мава болка Се згрчува стомакот и наболува и после опушта и некое време нема ништо, па пак исто се згрчува, наболува. Може да се на 15,10,5мин... Кај мене не важеше тоа правило прво на 20мин, па на 15,10... директ ме фатија на 4мин, мерев со моб
Ај и јас да прашам. Значи ако ти пукни водењак треба одма да одиш во болница? А ако ти падне чепот, и имаш болки на различни интервали да си поседиш дома?
Ама и пукнал и и напрснал и и протекувал по малку? Зашто кај мене тоа беше водопад... одеднаш ми истече, лом направив поплава
Стварно незнам. Незнам дали и истекла цела, ама знам рече дека одеднаш како да се измочала и било и дирекно си се спакува и отиде во болница. Немам осет колку е тоа
Јас така сватив дека почнало породувањето, имав како линеење на вода, и течеше и кога легнав на маса за операција. После пукањето ми почнаа болките по 1 саат од прилика
На моја другарка кога и пукна водењакот немаше никакви болки кога отиде во болница ја прегледале била 7 прста отворена, болки почнала да добива тек кога и дале провокации.
Ако ти пукне водењакот одма оди во болница. Не мора да значи дека од старт ќе имаш болки. Ако ти падне чепот оди во болница само ако имаш болки.
По толку читање по форумов... Така и ќе направам ќе видиме кое ќе биде прво. Понеделнички 35 недела ќе почниме, викендов да до купам што ми треба и ја спремам торбицата за во болница. Од бебуш алиштата се готови исперени, испеглани... И ќе остани само да чекаме