Женски јас вчера вечерта се разбудив и бев цела мокра доле. Се пресоблеков и мислам дека бев испотена бидејќи бев влажна и по грбот и легнав. Значи вода немаше ама гаќите ми беа мокри. Можно е да е плодова вода или не? Да знам дали да одам на контрола. Многу ми е страв да не го осетам пукањето на водењакот. Како е кога ќе пукне?
Може да си испотила. Ако пукне убаво, тече убаво и нема шанса да не приметиш дали е или не е плодова а ако напукне некаде високо (ова ми се случи оваа бременост), ке тече млаз на секое.. кај мене протекуваше на 2,3,4часа, зависи... убав млаз. Ако пак приметиш многу мокро, оди да те ѕирнат.. Јас приметив дека е плодова одма бидејки имаше нежни црни бебешки влакненца во неа...
Изгледа само јас осетив како да ми пукна балонче. А вода течеше и течеше константно додека стигнав во болница, па и таму продолжи. Се чудев колку вода истече од мене
Јас одма викнав сестра дека покриена бев.. и викам абе нешто од внатре ме удри јако некако чудно ми вика абе бебето со главата удрило абе викам знам како е бебе да мрда, ова беше чудно како да крцна нешто и ме погледна чудно и си отиде.. и за 2 секунди почна вода (заматена само) да се излива од мене, толку многу што цела мислам истече на кревет. После накај сала одев пешки, капка не капна од мене..
Има ли шанса да не приметам дали е водењакот или не? Денес сабајле осетив течење ама на гаќичките имав не повеќе од голтка вода, без мирис и беше бистра. И толку, значи ептен ептен малце. Па не знам како би познала :/
Ако напукнал водењакот ке ти тече на 2-4ч, бар кај мене така беше. Ми напукна горе под гради високо и ми течеше при одење, мрдање на стомакот... некогаш многу малку, ама некогаш утоп како измочана цела бев, лом и гаќи, пантолони. Ако од тогаш ништо до сега не ти протекло, не е водењакот Мене 36 саати пред раѓање ми напукна и во тие 36 саати, сигурно едно 15 пати имав млаз, а плодова вода пак си имаше на ехо... неможе да си истече туку така, не се грижи... можно е да си бил само некој исцедок. Која недела си? едит: и заборавив, водата беше лигавка и леплива и плус со бебешки нежни влакненца дека моиве бебиња си беа така повлакнести, црни коси... па и во плодовата имаше влакненца хаха
ухх добро е, фала ти на штрек сум цело време за три дена ми е термин, веќе не можам ни да спијам, само очекувам дали се болки, водењак, дали бебњво мрда...
Мариз те молам да ми објасниш ова после пукањето водењак и долго чекање за пораѓај што како се одвива инфузии инекции терапии нешто ?? Знам дека на долгото чекање за раѓање со пукнат водењак се закануваат инфекции . Сестра ми е со термин 28.08 синоќа и прснал водењакот и тутуле бале чекала сабајлево да ја осамне да оди во болница .... Задржана е веќе таму , нема болки контракции за раѓање . Значи веќе 24часа поминаа , ќе чекале до сабајле да ја фатат болки ако не тек отпосле ќе провоцирале пораѓај . 36часа зарем не се многу , или зависи колку како истекува плодовата вода ?? Целата сум во паники со мојов стомак до заби .
Следат на ехо колку вода има, скроз и пукнал или и напукнал како мене? Мене горе ми беше напукнат и од време на време ми истекуваше млаз повеќе или помалку... Инаку после многу беа нервозни педијатрите што ми ја следеа малата како ме оставиле 36ч со пукнат водењак... Дека кај мене премногу се замати водата, црно кафена истече кога ми пукна скроз водењакот и директ за 5мин во сала на царски бев... Прво бебе природно ми е родено, а второво царски. Незнам дали напукнатиот водењак беше причината што така заврши се... Дојдоа и други доктори на визита после пораѓај и ме прашуваа да не сум имала бактерија, да не сум приметила пред раѓање исцецок, чешање...
Охо не да се осеќаат, оди оди оп топличко тече одеднаш и се приметува дека истекува од вагина. Мокри ми беа и гаќи, тренерки, како да сум се измочала убаво во гаќи Плус водата е лигавка... Па со тестер еден како тест, се докажа дека е плодова вода, ама такви ваљда само низ болници има... Инаку ке биде интересно, секоја трудница ке купува на секој исцедок ке ги прави хахаха
Ме фаќаат паники зашто знам дека нема педијатар (има дворски шут еден на повик ) а сепак постои опасност од инфекција во вакви случаи, и бебето е 3недели пред термин. Нема гинеколог (има на повик треба да чекаш да дојде ) Ниту притисок измериле ниту и кажале дали е долу или високо горе пукнат водењакот .Постелката почнала да се спушта тоа уште дента на ехо кога ја прегледале . Сега и ставиле инфузија антибиотик ваљда за инфекции, па ја фати дијареа . Само мед. сестра и бабица една имало на оделението. Читам и по други форуми српски амерички дека во ситуација пукнат водењак без контракции ги проаѓаат со провокација за 12часа највеќе 24 , ако не оди природно одма царски. Овие не знам што чекаат . Трето и е а нема болки и е само 2цм отворена во овие 24ч .
Незнам каде раѓа, ама викенди послабо доктори има, па може затоа сакаат да ја дотуркаат до утре сабајле... незнам што да кажам, дај боже за брзо да си се олесни и да биде се во ред
Јас влегов во 9 месец Ставам вагиналетки polygynax првите три вечери немаше ништо а сега два пати наутро гаќите ми се мокри и странично на нозете кај препоните ми се мокри и малку како лигаво ми изгледа на допир. Дали е тоа од вагиналетката или од плодовата вода
Најверојатно вагиналетка. Плодовата вода е како да ти се мокри, осеќаш дека ти тече, а не можеш да ја запреш. Исцедокот од вагиналерка не го осеќаш кога истекува.