babylove кашички

Пумпи за одмолзување на мајчино млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од Eli23, 20 јануари 2016.

?

Дали пумпа за одмолзување е навистина потребна?

  1. Да

    231 глас(а)
    83,7%
  2. Не

    45 глас(а)
    16,3%
  1. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.593
    Пол:
    Женски
    Верувам дека тема на интерес за секоја нова мајка е токму пумпата за молзење.
    Сигурно се запрашала секоја од нас дали и е навистина потребна и во каква да инвестира?

    Прво што си помислив кога ги видов списоците за новороденче во Труднички муабети е дека не ми е потребна пумпа, како нас до сега не израснале без такви додатоци.
    Потоа ја почувствував потребата од пумпа и купив набрзина, без некои поголеми истражувања на нет.

    8059147057912-chicco-classic-breast-pump-original-imadjjhpddev7svx.jpeg

    Мм ја купи оваа верзија на Чико пумпата. Ја користам 2 и пол месеци. Задоволна сум. Сега не би можела да функционирам без пумпа. Навистина вреди да се купи ова парче на ,,опрема,, да речеме.
    Поготово ми е корисна кога сакам да излезам. Но постепено цревцето и вакумот си попушта.
    Сакам да ја заменам со нова.
    Бидејќи често ја оптеретувам темата Доење со ова прашање, речив да создадам нова тема која воедно ќе остане и за сите идни мајки.

    Според тоа што го најдов на нет, најдобри препораки имаат пупите на Медела, било да се рачни или електронски. Кај нас се прилично скапи, но на Алиекспрес се наоѓа за ефтини пари. Рачната пумпа со вклучена достава би ме чинела околу 16 долари. Она што ме замислува е дали ќе ја добијам и кога ќе ја добијам оргиналната Медела пумпа или некоја кинеска копија.
    images.jpg pTRU1-3038857dt.jpg

    Потоа, ги фалат пумпите на Авент. Некоја што имала искуство, ќе молам да сподели.

    Јас бев заинтересирана за рачната пумпа на Томи Типии, но @<3 pleza4e <3 рече дека не е задоволна од истата. Исто и оценките на нет и беа многу слаби. Значи, не ја купувајте.

    206-8114_PI_TPS1609803.jpg
    @kristina.k се пофали од пумпите на Lansinoh, па засега ми се фаворит. На нет наидов на добра оцена. Цените им се прифатливи кај нас.
    images (2).jpg images (1).jpg

    @awl ми ја препорача рачната пумпа на Чико, но модифицирана верзија од оваа што ја имам.

    chicco-adjustable1_4cbf93413146d.jpg


    Од околина често добивав критики за користење на пумпа и сугестии дека ќе ми се намали лактацијата.

    Се зачудив за податокот што го најдов на интернет дека, напротив, одмолзувањето на секои 2-3 часа во услови кога бебето нередовно цица може да има голема улога во зголемена лактација.

    Друга корисна примена на пумпата е можноста кога бебето од здравствени причини не смее да цица, да продолжите со одмолзување и стимулација.

    Трета корисна примена ( која јас најмногу ја практикувам ) и складирање на млеко за моменти кога не сте дома, на шетање или на работа.

    Еве и некоја дополнителна информација за чување на мајчиното молзено млеко.
    - на собна температура до 21 степен млекото може да се чува максимум 8 часа,
    - во фрижидер на температура од 4-6 степени, максимум 72 часа,
    - во замрзнувач на температура од -6 степени максимум 2 недели,
    - во замрзнувач на температура од -12 степени максимум 4 месеци,
    - во замрзнувач на температура од -18 степени максимум 6 месеци.

    Во фрижидер секогаш млекото се чува во внатрешноста, не на вратата.
    Може да се складира во специјални чашки или кеси.
    Јас лично го складирам во кеси од Lansinoh, педантно водејќи евиденција кога е замрзнато и до кога може да се употреби.
    Еднаш одмрзнато млеко може да се користи 12 часа. Не се замрзнува повторно.

    Млекото можете да го одмрзнете на дневна температура или во сад со млака вода. Никако не употребувајте микробранова печка, ниту пак се препорачува загревање на шпорет. На тој начин се губат хранливите материи.
    Млеко од различни подои не се меша.

    Мислам дека опфатив се што научив за овие скромни 2 и пол месеци како станав мајка. Многу од вас знам дека ова го знаеле веќе, но сметам дека има потреба во една ваква нова тема да биде срочено на едно место.
    Јас лично ќе бев многу благодарна како прворотка да имаше некој да ме упати во овие работи.

    Ве молам да ги споделите вашите искуства за одреден вид на пумпа, нејзината цена и каде може да се купи.
     
    Последна измена: 20 јануари 2016
    На RAK91, Dushi0102, katerina.femina и 28 други им се допаѓа ова.
  2. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.116
    Пол:
    Женски
    Neznam tocno kade no imam pisano deka jas ja koristev koga sin mi se porodi pumpicata na chicco okolu 1 mesec,ja pozajmiv od drugarka posle toa barav da si kupam ista no nemase,mi ponudija na avent no imav slusnato deka ne se kvalitetni,kolku e tocno ne znam,ja nemam koristeno i ja odbiv i togas mi ja ponudija na medela mislam bese okolu 5000den i ja zemav i ja koristev skoro 2 godini bez nikakov problem,sega mi e krenata pa ke mi posluzi za drugo dete zasto ic ne mi se osteti.Zatoa sto imam iskustvo i so na chicco i so medela ja preporacuvam medela zasto pedijatar mi kaza deka e edinstvena pumpica sto go stimulira istite pulsacii kako i deteto koga cica.
    Sega da ja opisam :)
    Ima dva programa, eden e za stimulacija a drugiot e za izmolzuvanje.Rabote i na baterii,brza i tiha,udobna i lesna e za cistenje i odrzuvanje.

    Zaboraviv da kazam deka i na Nuk pumpicite se mnogu dobri,drugarka ja kupi i e zadovolna,sega kolku e cenata neznam no mislam deka ne e pod 3000den.

    Izmolzenoto mleko moze da se koristi
    na 15°C - 24 casa
    na 19-22°C - 10 casa
    na 25°C - 4-6 casa

    Vo frizider
    na 0-4°C - 8 dena
    vo komora na obicen frizider - 2 недели
    vo frizider so dlaboko zamrznuvanje na t -19°C do 6 meseci.

    Licno jas izmolzenoto mleko i ako trebase da stoi ne poveke od 6h za da mu go dadat go stavav vo frizider i posle go toplevme vo sad so topla voda,ne mi bese sigurno da ostavam mleko na sobna temperatura poveke od 1h.
     
    Последна измена: 20 јануари 2016
    На Bebulleee, Kaetana и Eli23 им се допаѓа ова.
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.971
    И јас ја имам на Медела двојната, електрична е и сум многу задоволна. Ја користев за син ми и сега и за ќерка ми ја користам, на почетокот додека ми се воспостави лактација ја користев почесто, секој ден се измолзував, а сега веќе не ја користам пошто бебе си цица без проблем, не сум имала потреба последниов месец да се измолзувам. Ја препорачувам електричната пумпа на Медела, прекрасна е (fingers)
     
    На glisa, ruruk и Eli23 им се допаѓа ова.
  4. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.148
    Пол:
    Женски
    Иако не ја користам многу задоволна сум многу од рачната пумпа на авент, со неа дојдоа и 4 шишенца.
    Мене пумпата иако ретко, сепак ми се нашла во најкритичните моменти кога знаеше многу млеко да ми надојде, да качам температура и затоа препорачувам да се има. Тоа е еднократна инвестиција која се користи и за другите деца и мислам дека се исплати.
    Е за складирање на млекето ги следев упатствата но млекото некако веднаш пожолтуваше и се двоеше и ми беше страв да му давам така на бебуш, па со тешко срце го фрлав.
     
    На sunmoonstars, LUCERKA и Eli23 им се допаѓа ова.
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.402
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам рачната пумпа на Авент, многу ми користеше. Во болница пробав да се одмолзам со електрична, не знам која марка беше, ама многу ме нервираше што е бучна, вакуумот имаше 5 нивоа на подесување и ниедно не ми одговараше. Авентот ја купив случајно, таква имаа во аптека. Предност кај рачната е што не мора да имате штеќер во близина, навечер од една града цицаше син ми, пумпата одма до кревет ми стоеше и само набрзина се одмолзував за да не ми тече само млекото. После кога ми се воспостави лактација немав потреба од пумпа и ја кренав се додека не го одбив од цицање, наеднаш ми се полнеа градите па по малку одмолзував за да не фатам мастит. Сега и ја дадов на сестра ми така што максимално ќе ја искористиме.
    Од мое искуство подобри се рачните пумпи, со едно стискање на рачката течеше млаз додека не се испразни жлездата, попрактична е за патување, секаде може да се користи. И јас без истражување ја купив, да знаев веројатно ќе купев на Медела ама рачна.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.593
    Пол:
    Женски
    Медела мислам се бајаги поскапички.
    Незнам колку е рачната, ама очекувам да е од 3000-5000 денари.
    Јас на Чико рачната ја купив 1600 или 1800, и пак би купила Чико или евентуално би пробала со Лансинох.
     
  7. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    856
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам рачната пумпица на Чико и супер сум задоволна и одлично ми се наоѓа :) @Eli23 браво за кретивноста убави теми за дебата креираше деновиве :*
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.803
    Пол:
    Женски
    Јас пак никаква потреба од пумпа не осетив. Имам една од сестра ми чико обична. Само еднаш пробав и никогаш пивеќе.
    Првиот период, дур се воспостави нормална лактација ми надоаѓаше многу млеко. Па да не си направам приблем знаев малку да измолзам.Но измолзувањето ми одеше многу лесно. Сиснам два три пати и шприцаше млеко. Еднаш пробав со пумпата, и ми ја шмукна градата и никогаш повеќе не ја ставив. Еве веќе седум месеци не сум имала потреба од измолзување.
     
    На Kaetana и Miss.Sweet им се допаѓа ова.
  9. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.922
    Пол:
    Женски
    По дводневно "манијачење" на ФБ, форуми и чика гугл, уште незнам каква пумпа да земам!
    Планирам да ја користам како помош при средување на лактацијата и одмолзување на вишокот меѓу подоите.
    Барем како што се сеќавам со првата ќерка тоа ми беше голем проблем, имав премногу млеко и кој што прави, јас по цел ден влечи- тегни цицките низ соба, па мокри пешкири, млеко на сите страни...ми остана како проблематично искуство.
    Мислам дека преовлада Авент, рачна пумпа ама знам да се префомислам и во последен момент ако тетките во аптека предложат нешто друго!
     
  10. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.593
    Пол:
    Женски
    Јас добив заклучок дека Чико рачната е доста добра, за таа се одлучив даја земам.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.922
    Пол:
    Женски
    Од каде и која цена имаш гледано?
    Јас влегов само во Еурофарм но може треба да споредам цени и од други места!
     
  12. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.973
    Пол:
    Женски
    Jas ja imav pozajmeno od zolvami elektricnata na Medela, iskreno ednas dva pati probav i me bolese a i bradavicite nekako ko da mi se zgolemija.neprijatno cuvstvo vo sekoj slucaj a i mn malku mleko izmolzuvav pa se otkazav.
     
  13. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.593
    Пол:
    Женски
    Незнам за цена, не се сеќавам колку беше, мислам 1800, ама секако во Зегин ќе ја купувам. Мислам најефтино е.
     
    На Sunshine_1979 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ance87@

    ance87@ Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Jas prvo kupiv na chicco od enci menci od bt. Katastrofa se macev so nea. Lansinoh e prekrasna 2300den e racnata I e preubavaw
     
    На Sunshine_1979 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.593
    Пол:
    Женски
    1750 ден во Бети аптеките. Денес ја земав, утре рецензија.:)
     
    На Sunshine_1979 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.593
    Пол:
    Женски
    Да се пофалам од рачната пумпа на Чико, сега за сега сум пролично задоволна. Бидејќи има силиконски дел кај градата молзењето е безболно.
    За тие пари - супер.
     
    На eli25, Sunshine_1979, Winter Lady и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.852
    Допаѓања:
    14.064
    Пол:
    Женски
    Искрено мој совет би било новите мајки да не купуваат пред време.
    Јас купив многу работи што на крај не ми требаа - шишиња, цуцли, цуцли лажливки, ...
    Ништо од тоа не фати.

    Пумпа купив за да видам колку млеко имам, затоа што малата првата недела - две не напредуваше по книга.

    Пумпата вкупно ја употребив 15-20 пати. Си викав ќе ја употребувам кога ќе одам на работа, ќе се измолзувам.

    Реално испадна дела ич не ми требала.


    Инаку, имам пумпа на медела мини електрик, и сум задоволна. Ама сѐ ми се чини дека свингот е подобра (и доста поскапа).
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.916
    Допаѓања:
    20.543
    Пол:
    Женски
    Мене не ми требаше пумпа кога се породив со син ми , бидејки немав ни многу млеко .. Купив пумпа на бејбинова но само да видам колку млеко ке измолзам , ама ни тоа не беше некакво решение . Син ми никако не сакаше да фати да цица и на крај јас завршив со операција на мастит од колострумот кој пумпата не го измолзуваше доволно а син ми на ад млеко .
     
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.402
    Пол:
    Женски
    @CrazyGirl15 операција ? :worried:
    Како операција? Немаше ли некој начин да се разбијат грутките?
     
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.971
    Уффф и мене многу ми е страв како ќе завршам кога ќе престанам да дојам :( затоа што кога повеќе часа не дојам, тоа го имам забележано многу пати, на едната града осеќам едно мало грутче кое само со масирање се разотидува, а веќе кога ќе исцица беба се од таа града, омекнува и нема ништо. Ама страв ми е кога ќе престанам со доење да не ми остане тоа грутче :(