Не. Инката мора да соодветствува на големината на ареолата. Во спротивно може да не може да се измолзе. Еве како да се одбере соодветна големина.
Гласав за ДА, затоа што нема опција „зависно од ситуацијата“. Мене ми беше прекопотребна, затоа што млеко ми надојде после 23 дена од пораѓај. Инаку користев Lansinoh единечна електрична и сум задоволна. Исто така имаат солидна поддршка тука во Мк за се што ми притребало, инки и мембрани, кеси за мајчино млеко и сл.
Здраво женски , имам пумпа на чико , меѓутоа не ми измолзува баш најдобро. Кога бебуш цица осеќам дека има млеко , си полни пелени , добро напредува.... прашањето ми е дали пумпава е расипана да ја заменам со нова или некој дел во механизмот треба да се исчисти, искористена ми е 2-3 пати, но сега не ми измолзува.
Сигурна си дека правилно ја местиш на градата?? Колку време стимулираш, колку време измолзуваш?? Се измолзува најубаво после топол туш, тогаш се отворени најдобро каналите.. И запомни ,,колку бебе може само да исцица, ти толку никогаш нема да можеш со пумпа да извадиш,,
Јас користев/ам медела мини електрик и задоволна сум. Успеав со неа да одржавам лактација додека синко беше во болница, а и сега ја користам повремено. Споредба не можам да направам зошто само таа сум ја користела. И ако се одлучиш за неа да знаеш дека има разни димензии на инка, па во зависност од градат да треба да купиш погилема/ помала. Стандард иде со 24мм инка.
Мене ми ја позајмија, ама има во зегин, еурофарм, бебе хоум ( тука има на лагер нешто и од резервните делови и инките).
@podravka јас имам медела рачна. Се исто како што кажа Ано, плус правиш мускули на рацете. Не ја користам баш. Бебе нејќе да види шише. Дирекно од централа само. На почетокот дури фативме ред ми послужи стварно.
I jas ja imam taa medel od zegin 5600 den e mnogu sum zadovolna ja koristam celo vreme taka se ranime
Ако планираш мини електрик во систина ќе ти дадат ваучер за попуст. Ѕирни во ќесето што че ти го дадат ко ќе те пуштат или побарај им.
да ве прашам за совет рачна пумпа каква би препорачале: avent, medela или lansinoh? и дали за замрзнување е попрактично мали шишенца или ќесички? сакам да земам се што ми треба за почеток, чисто за некогаш ако треба да го оставам малото.
Јас ја користам Medela Harmony и мммно сум задоволна. За замрзнување најпрактично е кесички (јас користам Lansinoh)