Јас дојдов да ја пофалам пумпата на Real bubee од Алиекспрес што ја купив. Влече одлично и со две раце потпишувам вреди за тие пари - сега за сега измолзеното млеко го замрзнувам зошто не планирам да и давам во шише (си цица од мене )
Дали после секоја употреба ги стерилизирате пумпите или само еднаш во текот на денот? Прашувам зошто добив на подарок мултифункционален апарат од Горење,како бокал е има опција за стерилизирање ама не ги собира сите делчиња наеднаш, ќе треба на 3-4 пати. Дали посебно да купувам стерилизатор..
Кај нас многу тешко оди доењето. Првите 3 дена немав млеко, сега почнува да иди. Ама малата е толку лакома и се нервира што не и течи убаво бидејќи досега и даваа формула од шише. Кога ќе ја ставам на града вришти дури хистерично. Мене градите ми се полни, мораше со пумпа да се молзам и после од шише и го дадоа. Не знам како да постапам. Многу сакам да ја дојам, ама со шишето зафркнаа работа. @AngelOfArh те тагирам и тебе, читав дека имаш искуство со доење. Помагајте.
Труди се максимално да се одичите од шише. Молзни колку да се ослободи па давај да цица, биди упорна. Мене да ми фатеше цице лесно ќе беше, кј мене ич не фати цице.
Јас ја имам единечната електрична, ја земав околу 5000ден од Нутривита кај универзална и презадоволна сум!
Magic13 како ви оди сега со доењето? Не и давај ти шише , ќе прифати да цица од тебе само упорност бара. Мене што ми се случи- само што се породив им напоменав дека сакам исклучително да дојам , не сакам никакви формули да даваат. Потоа на таа сестра и заврши смената и дојде друга , и видела дека плаче ќерка ми и ајде да не ме буди и дала ад во шише. Се подналутив јас малку, реков дека имам наведено дека сакам да дојам , дека имам млеко и она само прокоментира - ее 36та недела се родила и уште не и е развиен рефлексот за цицање , само 10мл и дадов од ад млекото. Ептен ме налути , си викам сега готово ќе спие кај мене во соба , не тие да ме зезнат на крај па да не сака да цица од мене. Само упорна биди ставај ја на гради почесто
Сака сега да цица. Од кога се вративме дома, супер фаќа. Многу малку млеко имам. Пијам течности многу, не знам зошто уште е малку. Не и стига и само на града е обесена и на крај пак мора и вештачко да и дадам за да заспие. Околу 30 мл цица од мене и толку и давам и формула. Цела ноќ се буди на 10 минути да цица. Кога ќе се напие формула спие 3 саати. Се плашам дека нема да имам млеко. Некој подобар чај да ми препорачаш? Го пијам од babylove.
Факт е дека ад млекото заситува доста и околу 4 часа бебето не огладнува. Додека од м.млеко на 2 саата од прилика огладнува. Јас го имам и тој на Good nature ама го немам пробано се уште
За колку време ти стигна? Јас ги гледав, планирам да порачам зашто цената е мн добра во споредба со било која кај нас
И јас ја имам истата,ќе си порачам уште една, да не не дај боже откаже некој дел од оваа,не знам што ќе правам. Инаку стигна за 1 месец од прилика.
Јас купив рачна на медела - хармони. Имам и електрична мини електрик ама не ми е дома. Баш со рачната да видам искуство. Имав на рецепт некоја на ардо... Симултано молзење ама не знам дал беше до пумпата или до мене, не можеше експресијата да ми ја провоцира. Ќе пишам искуство.
Јас ја имам рачна на Wee, турска била околу 750ден ја купив во еурофарм аптека. Задоволна сум си ја врши работата
А проба да правиш компресии? Знам дека не ти е прво и знаеш малтене се, ама можеби не ти се сите канали отворени. Пробај со компресии при молзење, помагаат многу. Јас имав таква мака со НУК пумпата, ако не правев компресии не ствараше вакум. Исто така проблем може да е големината на инката, ако е преголема или премала не ствара вакум убаво. Побарај да купиш компатибилни инки со твојата големина.
Правам компресии секогаш, мислам дека дури и од досада правев оти симултано ги држев инките на градите и немав што да правам... Ама добро. Со првата пумпа секогаш се молзец одма после цицање така да количината од 20-30 мл после подој мислам дека е прифатлива. Сабајле ја пробав медела Хармони, на полна града, извадив 60 некаде ама се разбуди бебе, па морав да прекинам. Има вакуум, ок е сѐ, само некако градите ми се веќе чудесии станати.. се осеќам ко да ги "пијам" градите во инките наместо да ги позиционирам инките на градите - од толку што ми се некако растресени и пифтиести. Не знам што да очекувам од количина. Со ќерката иако беше на ексклузивно доење многу ми беше тешко молзењето.
Здраво, продавам електрична пумпа Medela mini electric (купена сега во октомври, со гаранција) и единечна електрична пумпа Real Bubee, пишете лп ако има заинтересирани.
@koritsaki те молам пиши ми лична порака да те прашам сакам за хемангиомот, која е кремата што и го ставаше на бебето ?