Мене ме советуваше педијатар околу 50мл дека треба да му биде оброк. Е сега моево е во 39та родено скоро 3800, не знам дали тоа има врска
Фала ти. Ќе одиме утре задутре секако на контрола за жолтицата па ќе прашам. Овие два дена да му давам по 30-40 ако не, или колку ќе јаде.
Баш на адаптираното пишува по 30мл за таа возраст, мене касно ми надојде млеко,бебето мрзливо не сакаше да цица,се одмолзував на почетокот колострумот ми беше по 30-40 по толку и давав. На прва контрола стагнираше со килажа, па следниот период после цицање му додавав со шише одмолзено млеко, постепено почна да качува на килажа, на крај веќе почна само да си цица и на мерењето на 1 месец имаше вкупно качено тежина 750 грама,што е очекувано.
Продавам рачна пумпа Авент, нова со година дена гаранција. Ако некоја членка е заинтересирана, нека ми пише во лп.
Продавам електрична пумпа Медела 2 недели користена... ако некоја е заинтересирана нека ми се обрати во ЛП..
Сакав и јас неа да ја нарачам гледам многу сте задоволни од пумпата, ама со ситуацијава во Кина со вирусот ми е страв било што да порачам од Ali Express
Ја имам жолтата пумпа ја нарачав од Алиекспрес, толку мн лесна за работа а и вадеше млеко од една града и по 180/200мл вадев.. Е сега здравје боже ако имам второ сакам електрична да си купам, оваа ми падна во око има 9 брзини некако ми лажи око.. па реков да споделам со вас може некоја ќе си порача
И јас ја продавам мојата електрична пумпа на Лансинох. Користена само 13 дена. Со гаранција. Заинтересираните може да ме побараат во лп. Ќе се договориме
Гледав на енци менци страната. Сите велат рано е не купувај, ама сакам да имам. Електричната скапа ми се виде. Имаше погоре некоја членка ставено, Chicco Natural Feeling и јас околу таа се мислам.
Јас ја имав постирано Искрено и мене сите ми велеа немој рано е но ја купив на крај...Мислам дека сепак не е толку скапа на Chicco рачната а за електрична не ми се фрлаат пари од почеток...А дека ќе ни се најде ако не за друго барем некогаш за излегување со бебе ќе си измолзиш и ќе си земиш со тебе, има места кај што не е изводливо да вадиш цицка на секое, или да треба да одиш до некаде да завршиш работа барем и на саат време добро е да се остави млеко дома на тој што ќе го почува бебето.
Рачната не е скапа воопшто. Како си задоволна? Јас секако ќе купам некаква. За електричната не ми се дава пари, ама рачна е добро да се има.