Уште не ми е испробана, термин ми е крај на март но сакав да имам рачна за секој случај...Баш ќе споделам искуство кога ќе имам шанса да ја пробам
Јас ја имам оваа на Чико. Душата и ја извадов. Бебето ближи 6 месеци, буквално секој ден се молзам сеуште. Навечер не станува често и за да имам резерва. На почетокот кога се роди скоро после секој подој ја користев. Плус за 2мастита ми заврши работа. Вреди за парите, плус евтина е околу 1900 ден ја зедов.
Ти благодарам што сподели позитивно мислење, се надевам не згрешив во изборот И јас мислам дека ќе се најди, како што кажа цената не е воопшто лоша, најмногу ме привлече силиконскиот дел што е на врвот на пумпата...И други пумпи гледав ама го немаа тој дел, за почеток и за болни гради во првите дена мислам дека е супер
Да тоа многу помага. Јас во плодност Битола кога се породив ми дадоа друга некоја марка на пумпа. Светилки пред очи ми излегоа од болка. По 1--2 дена со оваа воопшто немав болка. Нежна е и практична. Со лесно мајка и те чекаме кај мајките на муабет
И јас имам рачна пумпа бејби нова. Не е скапа воопшто и имам позитивно искуство со неа. На почетокот ја користев многу често скоро секој ден.
И јас планирам во Плодност да се пораѓам Ако е така како што кажуваш ќе ја пикнам во торбица и ќе ја земам со мене Уште многу малце остана за мене и ќе ви се придружам. Ти благодарам премногу
Во Плодност има какви сакаш пумпи, електрични, сигурно нема со рачната да седиш да се молзиш не зафркавај. Јас цело време ја имав земено авент електрична и се молзев со неа на 2 саати додека бебето на беше со мене тие му даваа од моето молзено, а потоа откако почнав да го дојам се молзев на копчето за стимулација. Тие денови таму, пумпата многу ми помагаше. Со рачна не можиш така на секое. Ако се пораѓаш таму имаш авент, нук, лансинох, сите електрични, ич не ти треба да носиш. Пробај повеќе една ќе ти одговора. Мене нук ми правеше рани, ама авентот закон се покажа. После се залетав да си купам, ама 10 илјади денари беше, па ништо
Абе да ама и од жена до жена зависи секоја своја приказна. Некоја има поболни гради некоја не. На пример можи ни една од електричните нема да се погоди, Баш една девојка кажуваше дека премногу и се груби за почеток посебно и дека прворотка, и воопшто со електрична не можела да се молзи. Ништо не губам ако ја земам пумпата како план Б во случај да не ми се погодат таму.
Имаш таква и таму сигурно. На електричната има јачина, нема да одиш од старт со најјакото. И мене нук не ми се погоди, тешки рани ми направи. После земав лансинох, инката поголема од цицката, не чини. Авентот ми се погоди, имам мали гради можи затоа. Сите пумпи не се исти за секоја града. Инаку и лансинох е со силикон. Ја имав за првото дете, се молзев не правеше вакум, сега сфатив дека инката не ми одговараше.
Јас па со авентот коа пробав умрев од болка. После пробав со медела и супер ми беше па таква си земав и за дома. Секој си е различна приказна... Со рачна се слагам дека ке и биде напорно.
Различни големини и форми на гради. Затоа не одговара истата пумпа секаде. Медела само не пробав, освен онаа болничката. На почеток боли додуша со секоја, посебно ако е прво дете.
Е фала многу што сподели, јас имам огромни гради моментално. Никогаш не ми биле толкави, уште сега осеќам дека ми се чувствителни и ќе ме болат. Мора да си ја набавам.
Јас ја користев на чико рачната, мене многу практична ми беше, премногу ја искористив. Но бебе си цицаше супер уште од прв ден, ако планирате да молзите и да давате од шише тогаш треба електрична.
Фала што сподели Здравје боже јас сакам да си цица од мене затоа не ги ни гледав електричните пумпи и ја зедов на Чико рачната.
Се мислам помеѓу овие две. Што ќе ми препорачате? Сакам да прочитам искуства од оние што веќе користеле една од овие и како сте задоволни.
Јас пак од таа на чико не сум задоволна, пишав и во друга тема. Не ми вадеше воопшто млеко. Земав на BabyNova.