А што ако е користена? Сигурно жената не ставала го*на на градата па да ја допира инката. Млеко си е млеко. Бебе може да пие млеко и од друга жена има и имало такви случаеви. Треба гадно да ви биде ако треба од друга жена измолзено млеко да пие вашето бебе? Ако имате финансии може да си земете нова.
Секој со своја логика. Подобро ке купам нова и поевтина, а не медела на старо. Измолзено млеко и млеко кое можеби останало во недостапните агли на пумпата се две различни работи.
Застоено млеко може да настане и од твоето млеко и да направи проблем во измолзената количина. Иако не постои такво нешто. Направени се да секој дел посевно се вади и мие убаво.
Купи си пумпа на медела, 1000 денари е поскапа, ама вреди секој денар. За 50 евра ја добиваш и цуцлата калма, која е околу 1000 денари.
Јас ја имам на Chicco презадоволна сум. Ми помогна да воспоставам лактација, дури и од мастит се спасив со неа на почетокот. Многу ми е битно што го има тој силиконскиот дел на пумпата, бидејќи на почеток градите ми беа болни и често се разрануваа, па со тоа ми олеснуваше.
Јас ја имам на Авент рачната ама не успеав да се измолзам. Премногу ме боли, многу ми ја увлекува брадавицата и не можам да издржам. Може дека од скоро дојам, па градите уште не ми се навикнати.
Изгледа инката не ти одговара. Мали или големи гради имаш? Јас имам мали, авент единствено ми одговара. Дома ја имам лансинох, голема ми е.
Јас ја зедов оваа од чико добра е одма ја навикнав и ми одговара е сега минус е што раката ми се здрвува од стискање ама тоа е...
Јас ја имам од Авент електричната, исто ме болеше ( и со таа од Нук) кога почнав да ја дојам малава, плачев, крв ми течеше, ужас ама ми помина преку ден.. мачкај се после секое молзење и цицање.
На медела мислев иначе. Сега коѕа си го прочитав одговоров си викам што сум пишала... Еве нека кажат искусниве која е најдобра и на што да внимаваме ние што допрва треба да купиме. И дали ви беше купена пумпата однапред односно дали по дифолд ќе ми треба или може и да не ми треба..
На лoрели има електрична вo babyhome и loco croco oкoлу 2000, нo немам искуствo дали е дoбра. На медела електрoнска oкoлу 5600 jа земав oдлична ми се пoкажа.