Да апдејтирам. Почнав да се молзам и сега можам да ја пофалам пумпата Сепак брадавиците ми биле болни. Ги мачкав упорно со ланолин, сега и доењето ми е лесно, а молзењето многу ми помогна да ми надојде убаво млеко.
@Jana06 Во кој период од денот се одмолзуваш? И кога му го даваш одмолзеното млеко? Јас се мислам за Авент електрична, но уште не можам да одлучам.
Најмногу се молзев од страв да не ми намали млекото, некогаш му го давам ноќе некогаш го фрлам. Ама не се молзам веќе освен ако треба да излезам до некаде. Се молзев обично сабајле кога ќе станам или навечер. Ако имаш можност купи си електрична зашто раце ќе ти паднат за да извадиш 80мл. А и не можеш со пумпа да извадиш колку што бебе може да исцица, сум се чудела.
Се мислам да ја земам рачната пумпа на бејби нова, ама кога ја гледам на слики не знам како се користи.. Некоја дали ја има? Имам јас рачна пумпа на мам ама не ми прави никаков вакум и не можам да измолзам ништо.
Може да ми пишеш и да ми објасниш подетално? И ако може и слика од пумпата.. Ќе полудам со доењево слабо ни оди.
Jас искренo не сум задoвoлна, праеше убав вакум. Раце ми паѓаа oд мoлзење, премнoгу ме бoлеше. Мoже дека на пoчетoк незнам иначе oкoлу 500 ден беше.
викаат битно било вакум да прави. Оваa што ја имам е катастрофа. Ни капка млеко не извадив а се пумпав саат време. Најверојатно самата пумпа не ми одговара.
Јас имам и на чико и бејби нова, со бејби нова повеќе вакум се ствара и повеќе млеко излага но помачно е. Јас чико ја користам сепак. Се е навика според мене.
Тоа и го пишави јас. Баш има вакум пумпата што е добро, ваде многу млеко. Само мора постојано да се мачкаат градите да бидат меки, за да не испукаат. Тоа што пукаат тоа боли, а на вакумот е навика, боли само првиот пат.