Ја купив електричната пумпа на Kikka Boo Serenity за рок од 20 мин одмолзав 45 мл млеко планирам место адаптирано да и го дадам откако ќе цица. Сигурно ќе можев и оште али се исклучи батеријата на пумпата
Од локо кроко пред некој дрн беше маж ми за скопје ја купи, 3200 денари. Нема димензија на инката и кад тоа барав
На пакувањето или во упатството да не пишува? На оваа од Медела пишува и на самата инка колку е во дијаметар.
Јас ја купив рачната пумпа од cicco. Но, за среќа не ни треба. Не ја имам видено ни како изгледа. Отидов во Зегин со фискална и за тој износ да земам нешто друго, но се вадат на covid 19. Ако сака некој по пониска цена од куповната нека ми пише во ЛП.
Рачната на чико мене ми е најдобра... имав и baby nova ама многу боли со неа. А со таа на чико вадам и по 250мл од двете гради на одмолзување.
Дали има некоја членка која успешно се измолзувала и наместо подој го давала молзеното млеко? Моето бебе готово се одбива од цицање а имам млеко и планирам да се молам и тоа млеко да го давам?
2 месеци и 20 дена.. Бевме на цицање и АД бидејќи не ставаше на килажа само со цицањето и во понеделник ставивме вакцини и е мн нервозна и раздразлива и не сака да цица...
11 месеци молзев и давав мајчино година дена. Ама не се откажувај, чим цицало бебе голема е веројатноста да се врати на цице.
Купив денес електрична пумпа и вадам негде по 60 70 мл.. Ама тоа и е малку по еден час е пак гладна. Па додадов и АД.. Па штом направам залихи барем неколку молзења плус ќе и давам само од моето. Има надеж. Инаку повторно ја клавам на града и малку цица па потоа молзеното.
Моето бебенце наредна недела прави 6 месеци и од почеток сме така со пумпа и плус ад на почетокот имав многу млеко ама не ми текнуваше опцијата да го замрзнам за да имам за понатака го фрлав , сега више неможам да постасам да и давам повише од моето па пие 50-50 мешано со ад .Пумпањето ти е опција и дефинитивно најмногу труд ќе вложиш во тоа бидејќи секогаш треба да имаш млеко за наредно јадење така да многу време ќе поминеш на пумпа . На почеток осеќав некаква вина поради тоа што бебето не цица но дефинитивно добро се уклоповме со пумпање.Правете си како вам ви одговара вие си змаете најдобро за вашето дете.