Medela po taa Cena E mini elektricna pumpa... Golemata so Edna inka E okolu 10000 a taa so dve inki za dvete gradi E okolu 13000
Дали има активна некоја мама да ми кажи дали молзено млеко кое е 3 часа на собна можам да го ставам сега во фрижидер?
Јас ја земав babynova пумпата по препораката на @BabyT* и морам да кажам дека не боли воопшто и за 15 минути извадив 65мл. Рачна е пумпата, малку е тешко ама не е страшно. Не е за мајки што секој ден би се молзеле и даваат на бебето мајчино млеко од шише бидејќи треба цел ден да се пумпаат. Ама мене супер ми заврши работа бидејќи ќе морам да го одбивам од цицање. Одмолзувам сосема малку колку да ми олесни. Душата ме боли бебето сака да цица, плаче, ме влече зс блуза и се пика во мене.. Ама тоа е.. Уште од сам старт се виде дека не ни е пишано да се доиме, ама ете и покрај се јас барем се обидов еден месец се трудев со сите сили, и со силиконски брадавици, и сп внимавање на исхрана и со се.. И ете не бидува...
Ако не е тајна зошто не можете да се доите? Јас три месеци со силиконски се доевме, потоа кога зајакна малце веќе месец ипол без не се откажувај, штом бебето сака да цица ставај го само ќе си фати.
Нема проблем со тоа, он си фати убаво со силиконски и мислев до крај така да тераме. Единствен проблем беше тоа што цел ден ми беше на града, штом го тргнев плачеше, пелените беа многу малку мочкани, и педијатарот велеше малку е моето млеко да давам и дохрана.Се испробавме и пак гладно беше бебето и почнав да му давам да цица само кога мора. Ама ете кај мене здравствен проблем се појави и морам да пијам лекови кои не се земаат за време на доење. Плус завчера се утепа од плачење, а цел ден цицаше. Имаше грчеви многу. И свеки не можела да го смири, се жалела на мм, му навеала на главата да сме пробале два-три дена да му даваме само АД па да видиме дали грчевите се од моето млеко. И така мм ми се изнавика и ме обвини дека не сум пазела што јадам и што пијам, сум била себична и затоа бебето се мачело, не сакал да слуша плачки по цел ден, ќе сме давале АД само деновиве. А штом така сакаат еве целосно ќе го одбијам, секако ако не го одбијам денес ќе морам следниот месец заради лекарствата кои ќе морам да ги пијам.
Леле од такви свекрви коса ми се крева па и маж ти извини вака... Ништо чим е здравствен проблем тоа е и со ад растат деца, првото со ад еве го дечко 3 години има. Во иднина не и давај на свекрвиштено да ти се меша колку и да ти е тешко сама гледај си го бебето. Она ако сака да изиграва мајка нека си роди друг пат така кажи и.
Таа само од страна го буцка маж ми, а тој мене и така.. Не се расправам веќе со неа, штом толку сака ќе и го оставам по цел ден нека го чува а јас ќе си шетам кај сакам.
Немој така гревота е детето мало е твоето сеуште...млада си и сега така мислиш ама понатаму ќе ти биди криво зошто при мајка детето да ти го одгледа баба му...ќе имаш време за шетање не попуштај на првата кавга..земи си го детето во раце и гушкај го тоа само тебе те знае и само ти му требаш а на свекрвати како би и лупнала една сега да ми е мене...земи кажи и пред мт кога е тука дека ако има нешто тебе да ти каже а не да го бицка и да ви се меша во бракот па и да ви ствара кавги...и јас би и кажала дека доколку така продолжи ќе нема воопшто пристап до детето ма нека сум и млада и несикусна сепак е мое дете и јас знам што е најдобро за него...таа своето го пораснала и гледајќи каков е и колку непочитување има према жената не би дозволола да е и моето такво...ете така дирек би и шлапнала...истово сум им го рекла и на мајка ми и на свеки...фал ви за грижата ама детето е мое акп сакате бујрум погалете го подржете го ама совети и буцкање од страна јок...па мирни се и двете и не ми се мешаат
Немој никако не и го прави тоа задоволство, после ќе го буцка маж ти дека ти не сакаш да си го чуваш детето и дека шеташ само. Ти си мајка на тоа бебе тебе те сака тебе ќе те бара не таа жена. Што сака нека збори ти терај си како ти си мислиш за детето ако збори од едно уво влага од друго ќе излезе, а за маж ти ако ти пререче нешто што му кажала мамичка прашај го кој е мајка на детето. Знам како ти е и моено свекрвиште со првото дете се трескаше од земја се мислеше она мајка пак станала, јас само се нервирав и карав со маж ми на крај ми пукна филм и почнав да не ја регистрирам она меле јас само викам ок и пак си терам како што јас сакам мое дете јас одлучувам, а не таа. Немој после ќе се нервираш кога ќе го размази и ќе го учи глупи работи. Ти си се мачела ти си се тресела цела бременост како што ќе биде и сега некоја кокошка мајка да ти се прави на твое дете...
Како бе вчера го роди сега на некоја бабетина ќе го оставаш за да шеташ? Не знам колку години имаш ми делуваш многу незрело. Не ти судам ама мислам треба на психолог да си појдеш малку да поразговарш. Без љутење со најдобра мисла ти кажувам.
Акo е oд здраствена причина вo ред. Нo задoвoлствo дете да си oдбиjам oд цицање нема да приуштам ни на свекрва ни на мм. Те читам пo пoстoви и малце е време да им пoкажеш заби на сите таму пo ред. Твoе дете, твojа oдлука. Зарем сакаш да се научи дететo сo баба и да плаче пo баба? Треба да и гo кажеш местoтo на жената И сo сoпругoт разгoвараj си да се врати вo нoрмала, да застане и да те штити тебе ,а не да паметува пo сoветите oд маjка му. Сега ќе ти гo чува ,а утре кoга ќе пoрасне ќе му кажува дека oна гo исчувала и тoгаш нема да ти биде сееднo.
Бабата ќе испадне поборбена за детето од мајката. Да знаеш само дека ова ќе ти се одбие од нос еден ден. Баба ми порано и префрлаше на мајка ми дека таа ме пораснала, а мајка ми морала да се врати на работа од финансии причини.
Премногу си млада и би рекла неискусна, без навреда. Те читав по др постови... Да се биде мајка е жртвување на се и вложување во иднината на своето чедо. Немам намера да те навредам, ама размисли си за секоја одлука... Нема сила што ќе ме натера да не дојам, ниту пак болест... а свекрва пак може само да се шиша. Многу малку години имаш и можеби затоа не те сфаќаат сериозно или пак правиш непромислени работи. Дете да дадам, абе со заби ќе ги распарчам...