Медела на е баш приступачна цена. Спектра dew3500 ти е со баш приступачна цена, ја има во онаа продавницата карши Државна, КМ медикал, околу 4000ден е двојна. Јас набавив нахнадно, прво рачна, па после ми дадоа една Нук никаква, и на крај си ја купив оваа.
дали во нашите продавници има вакво нешто и некоја да сподели искуство доколку користела? како вакуум се закачува на града, обично да не ти оди фира млекото од другата града додека доиш од едната. наводно бајаги се собирало.
Колку пари е? Јас не знаев дека постои а би купила. Којзнае колку млеко отишло фира. До 6 месеци течеа реки од мене. Цица од една а од друг страна се полни цела влошка. Се случувало и да се преполни влошката.
Има ама не е за пиење тоа млеко од тие кај нас што се продаваат. Јас ставав резервно шишенце, после купив дупла пумпа и раатот си го видов.
има на али експрес ако пребараш “haaka” мислев и кај нас да не се продава за да не морам да нарачувам онлајн и чекам да стигне со месеци. @AngelOfArh каде има и зошто да не може да се собере/претури во шишенце и даде на бебе? не се силиконски?
Да, пластични се. На Лансинох како пумпица за извлекување брадавици и останува ако ја наместиш убаво.
Денот кога се породив маж ми беше во локо кроко, таму му ја понудиле на Кика бу електричната и ја купил 3200 денари ептен сум задоволна од нејзе а планиравме да купиме на медела
Од кој модел на Нук не си задоволна? Онака за споредба... Бидејќи не ја најдов модел Луна, таа што ја барав, и набавив друга: Nuk First choice, ја имаше модел Sense, мајката е презадоволна од Nuk first choice.
Ау не знам, ви болница нас ни даваа Нук и потоа за дома поклон, вакумот беше ужасен, многу ме болеше, ја купив Авент и разлика огромна.
Не ми дава на странава само пумпата без цел сет, пошо не е ни потребен искрено. https://www.neptun.mk/pocetna/categories/NEGA_NA_BEBINA/PHILIPS-SCD-292-31 Мислам дека беше 6-7000
За Лансинох да провериш во Еурофарм и Нутривита (не сум сигурна дали постои оваа продавница, кај Универзална е) Ама кај нас делови за пумпи потешко.