Здраво! Би сакала да купам двојна електрична пумпа, имате ли препораки? Ја читав темава, многу се задоволни од Спектра и Ласхнох така нешто Каде ги купивте? што би советувале при купување пумпа? Фала женски
Од пред месец и пол ти е постов ама да те прашам, како можеш на мајка што пишала дека мажот и се развикува, со свекрвата заедно ја прават да се чувствува како лоша мајка и ти наместо поддршка да и дадеш, ти и пишеш Многу малку години имаш, па затоа не те сфаќаат сериозно, непромислени работи правиш. Пробувам со сите сили да сфатам што мислеше кога го пишуваше коментаров. Некогаш, ако не знаеме да помогнеме, барем да не одмагаме. Мајка и на 20 год и на 30 е мајка и си го сака детето. И на 20 години да ти е првото и на 30 години да ти е првото, пак си исто неискусна, прв пат имаш бебе. Сигурно не дојде на форумов за некој да и каже дека многу малку години. Некогаш подобро е да се молчи.
Ајде и тука да прашам како посоодветна тема. Ми треба помош? Каква пумпа за молзење да купам? Електрична или рачна? Која е подобра и попрактична? Ги гледав на Авент,Томи и Meдела која е подобра доколку имате користено?
Мое мислење е да почекаш да се породиш и да видиш од каква пумпа ќе имаш потреба. Може да имаш мн за одмолзување да ти треба двојна, може ќе ти треба само рачна... Никој не знае предвреме нема потреба да брзаш. А најтрошена пумпа била мини електрикот на Медела,барем од тоа јас што гледав
Томи не знам, а меѓу сите што ги имам користено ( авент, лансинох, чико,нук и медела) јас сум без размислување за авент електрична.
Електрична, јас кога купував сите ми рекоа електрична поболно е со рачна и потешко. Јас имам авент единечна електрична и ок е, ми заврши работа. Баш беше нежна и не ми правеше рагади, има едно како стимулација и две брзини на измолзување, со други немам искуство.
Здраво, да ве прашам што е разликата меѓу обична електрична пумпа и двојна? Дали има потреба да се купува двојна или не? Сакав да земам една од овие три - медела мини електрична, лансинох единечна или леиа кика бу, па ве молам за совет. Благодарам.
Двојната е за измолзување од двете гради истовремено, единечната за од една града. Доколку не сте само на измолзено млеко немаш потреба од двојна.
Не знам на која мислите а може и така се погодила снашка ми имаше од медела електрична и два пати и се квареше и тоа брзо откако ја зема. Не значи дека сите се амаа ете.
Мнoгу е битнo убавo да се oдржува и чисти. Акo не е правилнo исчистена не прави вакум. Истo така има делoви (гумички) кoи се пoтрoшен материjал.
Двојна е пред се за оние што често измолзуваат за заштеда на време, поедноставување... според мене на старт немаш потреба од двојна, двојната е пример во случај бебето да не фати да цица а ти имаш млеко и сакаш наместо адаптирано да пие мајчино измолзено во тој случај по практично е со двојна. Доколку цица а ти одмолзуваш пример да оставиш за кога ќе излезеш во тој случај единечна ќе ти врши работа.