Прашај што и да те интересира Значи ја за се и сешто на копче ѕвонев замарај ги за тоа плаќаш ич да не ти чуе. За учење добро е шѕо они мнпгу инсистираат да те испишат како доилка
Мој совет, ако немаш да позајмиш, купи си. Јас пред да се породам истражував и собирав искуства но ја купи мм дента пред да ме земе од болница, рачната пумпа на Чико околу 1600 денари е, не е скапа а ептен врши работа. Мислам дека треба да се има при рака пумпа на почеток особено дека бебе заспива на града, па не можеш да го разбудиш, а имаш одвишок млеко и ќе го измолзеш да не ти се ствараат грутки а и ќе стимулираш и лактација на тој начин. Но секако, прво бебе на града па после пумпање само ако уште се тврди градите. И јас се породив во Ремедика, млеко ми дојде вториот ден, бебе немаше сила толку да цица и ми дадоа во соба електрична на Медела-3 дена ми беше на располагање цело време во соба ми седеше, само ми носеа сестрите шишенца, и термофори да ги масирам градите. Ако не ти дадат да си побараш. Ги прашав дали ќе ми врши работа рачната на чико и самите сестри ми рекоа да не фрлам едно чудо пари за електрична, да си земам рачна, исто работа ќе ми врши. И искрено и ппзадоволна бев од чикото него од електрилната на медела. Јас не ја користам секојдневно, ја користев на почетокот повеќе и сега во последно навечер некогаш кога бебе заспива и не доцицува.
Баш напротив, на државно ти го носат веднаш ако си природно, што е можно побрзо да ти го дадат и да немаат они мака. Царски доцна ги носат ама не брзаат да ги земат назад. Мене пример сосема ми го оставија откако ми извадија катетар. За млеко доаѓаат на 3 часа и ти носат. Мене ми носеа а немав потреба пошто синко цицаше.
Ако не го храните бебето со измолзувано мајчино, рачна ке ви заврши работа. Јас не купив веднаш ама сум требала. Млеко имав на претек, сум можела да молзам да ми е полесно на градите. Има грутки ама од подој до подој синко ги разбиваше.
Super stom davaat na proba tamu. Jas se spremam elektricna da ziam so idea deka na site maki i obvrski polesno e kopce da se stisne nego da pumpas
Верувај дека 10-15 мин работа е. И јас мислев тешко ќе е рачно ама не. Дури и повеќе млеко измолзував со рачната. Од електричната премногу ме болеа брадавиците. Како сакаш но мојот совет е да не фрлаш толку пари. Може нема ни да ја користиш секојдневно. Може ќе ти треба само првите неколку дена. Разликста во цената е огромна, размисли си.
Јас имам на Tomee Tipee closer to nature електрична пумпа и сум презадоволна. Мој совет е да не се купува пумпа пред време, не секогаш е потребна.
Немој уште од сега да пробуваш дали ќе излезе нешто зошто може да доведе до контракции. Сепак не е никакво мерило дали ќе имаш млеко или не, може само да си направиш компликации со намерно стимулирање
Прочитав 10ина страни наназад и заклучокот ми е следен. Мислам да земам рачна пумпа на Чико уште пред пораѓај, доста членки се задоволни, а реално не е ич скапа. Да не се случи да надојде многу млеко, а бебе да не може да исцица па да трча маж ми и да се чуди кај да најде пошто живееме во помал град. Ако евентуално во иднина ми треба почесто измолзување ќе земам некоја од електричните. Се надевам дека ќе се доиме и нема да треба, ама сепак. Што мислите за оваа моја идеја од вашите искуства? Малку рано ми е 18+ сум, ама почнав да го пишувам списокот и кај и да е ќе почне да се штиклира по нешто.
Добра одлука, подобро да имаш, отколку како мене да те фаќа паника откако ќе се породиш. Незнам зошто но во првата бременост воопшто не посветив внимание дека ќе ми е потребно да земам пумпа, а изнакупував куп други работи предходно.. И добра е идеата да се опремува по малку, огромен е трошокот за да купиш се наеднаш.
Па да, таков е планот. Прво бебенце ни е па ќе треба се од А до Ш да се купи, се собираат многу работи. Најдобро ќе биде да се распореди трошокот, а башка и ептен не фаќа мерак веќе да си купуваме по нешто. Здравје после втор скрининг ќе почнеме, по 3-4 работи на месец и таман ќе се пополни списокот.
Јас за ќерка ми почнав да купувам после втор скрининг, исто и сега. Од утре 28ма недела па деновиве некако ме фаќа еуфорија да купувам, а сеуште зимска гардероба има секаде па морам да почекам.
Ако немаш да позајмиш од некого, да си купиш. И само 2 пати да ти потреба, подобро е да имаш при рака. Добар ти е планот, јас познавам и мајки кои хранат бебиња со измолзено млеко и никогаш не употребиле електрична пумпа. Како што поминува времето и се воспостави лактација, се помалку време ќе е потребно за да извадиш количина соодветна за еден оброк, така да не е страшно и со рачната. Поголема мака е на секое што треба да се мие и стерилизира, отколку самото одмолзување. Се надевам нема да ти треба многу, но дефинитивно да си ја ставиш на список.
Да и мене тоа ме кочи, сеуште е зимна гардероба, така да ќе почекаме уште месец-два. @Lovebug01 фала за сугестијата, после се што прочитав и јас мислам дека дефинитивно треба да ми е на список. Имате ли евентуално некоја друга препорака за рачна освен оваа на Чико?
И јас ти ја потврдувам на чико вреди за сите пари Башка јас и се молзев и давав измолзено добри 2 нед по 5 6 пати на ден ептен е лесна за употреба.
Јас сум многу задоволна од лансинох рачната, но поскапа е од чикото, околу 2700 мислам беше пред 2 години.
Немам искуство со други рачни. На болница ми даваа електрична на Медела ама со Чикото некако подобро поминав
Мамички ај ве молам за совет. Се мислам каква рачна пумпа да земам, дали таа на Чико или на Медела? Која е подобра? Цената не ми е проблем ама сакам за старт да имам посекако рачна пумпа, мислам дека доста корисна ќе ми биде пошто имам и повлечени брадавки па таман и за стимулација ќе ми биде корисна. Само се мислам која од овие две да ја земам.