Мојата е доста користена, и да напоменам секој ден стерилизирана во чико стерилизатор. Комплет сите делови.
Дали на некој му се случило од одмолзување со електрична пумпа да му се направат на брадавиците како водени топчиња кои болат? 4 ти ден се одмолзувам само со пумпата. Инаку ја имам пумпата на kikka boo sen
Здраво девојки. Читајки ги наназад вашите постови многу се мислев каква пумпа за измолзување да земам имајќи во предвид фактот дека веќе имам рачна пумпа на Авент. Бидејки ми е дадена од блиски (користена е за две деца веќе или може три ) некако не ми правеше убав вакум и плус некако ми беше болно. Дополнително инката односно силиконскиот дел сфатив дека е премногу мал за моите брадавици. Се мислев помеѓу Медела рачната (2.600мкд во Еурофарм) и Кика боо Леиа електричната (2.400мкд од Локо Кроко). Изборот падна на електричната на Кика боо. Има мод за масажа 6 нивоа и мод за измолзување со 9 нивоа. Преска за прв пат ја пробав и можам да кажам сум презадоволна во споредба со рачната. Многу брзо и без мака а што е најбитно без болка. Исто така е прилично тивка за разлика од некои други електрични што ве читав наназад по постовите дека се многу бучни а и тоа што е безжична е супер за да не се влечеш со кабли и да бараш штекери по собите . За 7мин измолзев 80мл а бебе беше јадено пред нецели два саата. Топло ја препорачувам!
Здраво Денес за прв пат се измолзував ама толку малку едвај 20ml Ве молам што препорачувате да излезе малку повеќе млеко? Исто така измолзеното млеко до колку часа мора во фрижидер или на собна температура?
Не дојам затоа што примам антибиотици. Денес прв пат ми затежнаа, па пробав да се молзам со електрична. Ужасно ме боли. Имам рамни брадавици и тегнењето ме пече. Башка градите ме болат како некој да ми ги боксирал цела вечер. Кажете некој совет како побезболно да се измолзам? За 10 мин излезе буквално капка.
Туширај се со топла вода или замотај мокра топла крпа околу нив пред да се измолзуваш, и масирај. Пошто не се убави разработени каналите подобро е прво рачно да се измолзуваш па после со пумпа. И кај мене тешко искачаше, на овој начин одкако ги разработив, после за 7 мин измолзував цело шишенце од 150мл со рачна пумпа.Но имав и многу млеко
Намести ја пумпата убаво да ја опфаќа брадавицата, мене ме болеа ако не ги наместев убаво. Незнам каква Пумпа имаш, јас имам лансинох и прво прави масажа на градата па почнува со измолзување. Јас одприлика 15 минути се одмолзувам на двете гради истовремено и вкупно до 200 мл млеко излегува, ова периодов дека синко несака да цица, инаку не се одмолзувам редовно затоа што немам потреба, веќе ми е воспоставена лактација.
Истите совети како погоре би ти ги повторила и јас. Каков антибиотик примаш? Има антибиотици компатибилни со доење...
Уште сум во болница, ми даваа електрична на Авент. До вчера немав никакви знаци за млеко, денес се разбудив со отечени гради. Имам и рамни брадавици и мислам дека тоа најмногу ме боли, после 5 мин на пумпа, лажно се испапчени како отечени и после некое време пак се враќаат во рамна форма. Едвај издржав по 5 мин на града и излезе колку мало лажиче. Вечерва ги масирав добри пола саат (со паузи) со масло, па малце како да се смирија, ќе пробам утре пак пумпа. Искрено не знам, во болница сум уште и нешто ми даваат. Се надевам на отпис утре, дома барем ќе имам повеќе удобност и прилики за облоги, тушеви, итн.
Ахам, побрзо опоравување ти посакувам прашај ги за антибиотикот, како што кажав најчесто не сметаат во доењето, јас примав антибиотик 10 дена бебе кога беше една недела, и еве сеа на 9 месеци повторно. Немаше никаков проблем. Продолжи со масажи, немој само грубо, нежно масирај се и рачно измолзи колку да ти олесни па кога ќе одите дома со бебе ќе се средите.
Боли на почеток, малку е мачен тој период на почеток ама биди упорна со масажи, ако неможеш со Пумпа и со рака од одмолзувај се. Јас земав две тетра пелени, уклучував пегла до мене, пеглам пелена, ја виткам градата во неа, кога ќе олади пелената, одново. Така неколку пати, па со една рака држи ја градата со една рака одоздола, со другата од вратот надолу до брадавиците нежно само масирај. Кога се одмолзуваш рачно немој да притискаш само на брадавицата, опфатија со цела ареола. Давај на бебе нека цица. Ако си во можност и ако немаш купено, купи си Пумпа, јас сметам дека е клучна на почетокот, неможев рачно да одмолзам колку што се полнеа брзо градите. Моја препорака Лансинох рачна Пумпа околку 3000 ден е, или иста таква електрична 10000 ден. Јас ги имам двете и сум презадоволна.
Vo groto apteki mislam ima. Jas kupiv od aptekata vo remedika ama mislam mozes i da naracas od kiwi.mk