Со Лансинох стигнувам и до 160ml, со Авент едвај до 80ml од двете гради вкупно. Една недела сум постпартум
Продавам Lansinosh рачна пумпа купена пред помалку од месец користена многу малце 2500 од Еурофарм, ја продавам за 1500 ден плус гратис 5 кеси за сторнирање млеко, влошки за гради и една силиконска брадавичка. Карго на ваша сметка за бт лично предавање. Ако некоја е заинтересирана пишете ми лп.
За подолго и почесто користење не би рачна пак, се молзев јас така секој ден по 7 8 пати со рачна умрев.,и подобро е со електрична. Ако ти е за понекогаш можеш рачна јас имав на wee мн евтина докај 1000ден беше а убаво вадеше млеко.
Јас ги пробав електричните медела, авент и кика бу. Авентот е најврв ама беше 100 евра и не ми се даваа, пошто најмногу молзев на почетокот од што морав да празнам. Да морам да се молзам секој ден дефинитвно ќе ја купев таа. Меделата ми беше крш. Сега ја имам оваа на кика бу и е доста солидна, за тек тук е супер.
Фала ти, не знам колку ќе ја користам па затоа не ми се фрлаат 9000 за Авентот, а за оваа Кика бу не можев рецензија да најдам, гледам уште 2 типа имаат ама ги нема на залиха, само Серенити им стои. Морам да празнам и јас, ми тече многу, а бебе не цица толку.
Јас се уште се одмолзувам, бебе 6м, само одмолзено пие, со чико рачна, за 15мин двете гради ги празнам и вадам 270мл. Првиот месец 8 пати се молзев во 24ч, па 6, па 5, сега веќе 4 пати. Речиси ниту една доеничка приказна не е лесна.
Чим @Knizhevnik11 молзи со рачна тогаш ќе бива и со таква, јас да сум била на нејзино место веројатно ќе се залетав по авентот , во право си околу 9000 беше. Првите 3 недели молзев на секој подој, а на 2 саати цицаше и тогаш многу се мислев дали да ја купам, ама престанав и после молзев по потреба, оваа кика бу ми ја позајмија баш таа што си ја постирала и супер е. Сега од време на време ја користам.