Јас сум многу задоволна од Kikka Boo Leia. Првите 4 месеци ја користев секојдневно, сега веќе има 10 месеци, ја користам од време на време на работа. Во локо кроко мислам дека е околу 2500 ден
Здраво, да ве замолам за препорака за ефтина варијанта на електрична пумпа? Конкретно има едни на Kikka Boo, во прилог слики? Дали се добри? Ние сме на комбинација на цицање и молзено, меѓутоа со рачната рацете ми паднаа Ви благодарам
Имам една другарка има кика боо мн беше задоволна знам е сеа точно која од овие не знам да не те излажам
@fana читаш искуства за пумпава? Мојата изгледа ќе биде аут во декември па и јас ако ми треба ќе ја земам оваа. Недајбоже да ми треба нели.
Јас па на пумпава ќе се "крстам". За првото немав млеко а ни електрична пумпа, само рачна. Се обвинувам дека нешто не правев правилно па сега нема ни да се обидам со рачна. Со оваа ќе фатам од старт гледам има мод за масажа на градите и Господ нека ми е напомош. Сакам да дојам.
И јас сакам, со првото пумпата ми беше верна другарка цели 11м, со ова ќе гледам да не ја користам толку многу.
Јас ја имам Elie, супер ми се покажа до сега (мора да напоменам не ја користам често). Има мод масажа на гради со неколку нивоа, интензивно молзење со неколку нивоа, бебешко цицање со неколку нивоа и персонализирано што може да си наместиш што ти одговара и да го зачува, за да не мора на секое молзење да подесуваш. Е само не ми се свиѓа што кога молзев мораше да ги држам двете шишиња со двете раце и не можев ништо друго да правам во исто време. Вакуумот е супер на пумпата, шишињата се супер и лесно се одржува целата.
Dragi mami mi treba pomos. Probuvam so racni pumpi i mn malku uspevam da izmolzam nz zosto, se mislam da kupam elektricno no mi e strav isto da ne uspeam. Moze predlog, sovet za puma ili nekoj ako prodava? Falaa
Porodena pred 25 dena, skoro nisto ne vadam so racnata nekolku ml i mn bolka imam posto imam razjadeni bradavici.
А бебе цица? Напредува? Зошто ако имаш млеко може да направи разлика пумпата итекако. Пробај земи ако имаш од некој на заем, ако не купи ја Кина Бу, ја фалат сега ептен.
Па електричната има стимулации кои имитираат доење, рамномерни контракции, како да ги наречам, за разлика од рачната, ти пумпаш ама не секое стискање ти е со ист интензитет, брзина и јачина, за да има непречен проток. Кај жени со многу млеко не се осеќа толку, ама кај жени кои се борат за секоја капка млеко ова е важно. Јас бев секогаш на граница, со рачна Томи Типи и единечна Нук едвај вадев за пола оброк понекогаш, ама со двојна убава пумпа богами вадев за 1 оброк од града за многу брзо време и почнав да мрзнам. Пак ќе речам, тоа е важно кај жени кои ексклузивно молзат, на тој начин хранат бебе, не за тие кои молзат за да олеснат или да остават млекце за некој оброк. Ако бебе цица исто така голема е веројатноста мајката да не може да измолзи воопшто или многу малку, зошто градата е научена на бебешкиот ритам и не го ни перцепира тоа влечење од пумпата воопшто, се случува и тоа.
Токму од тие причини прашував. Само кај мене е обратно. Со рачна на Чико молзев многу, (за првото), а сега со електрична на Lansinoh молзам многу помалку. Па се прашувам дали е воспоставена лактација, дали внесувам доволно храна течности итн. Бидејќи дојам со силиконска брадавица, сеедно е кај мене дали ќе цица од града или од шише. Секако не фаќа пупка директ. Сеа целта ми е на ден да вадам барем 100 мл вишок и да складирам, оти нели со силиконска брадавица нз колку стимулира бебе. Со електричната успеам едвај 50 мл да извадам после подој, 80 ако не сум доела. А посчнав веќе да пијам лакта микс, сокови, пиво итн.
Пробај да пумпаш малку да извлечеш брадавица, па дај гола града. Има разлика. Не можеш 2 различни искуства да споредуваш, ништо не е исто. Доволно е доење, молзење и лакта микс, верувај не сакаш хипер да направиш.