Здраво мајки, дали некоја ја има користено рачната пумпа на Baby nova, околу 500 денари е цената. На ексклузивно доење сме,. но за некогаш доколку имам потреба од излегување, да можам да оставам.. Искуство некоја ако има. Благодарам
Јас ја користев за ќере и никако не бев задоволна. Ај што 2 - 3капки што ке измолзев башка само рани се направив
Јас во болница кога се породив ми дадоа таква и не вадев ни 10мл, додека кога мм ми донесе на чико рачна охооо и те како вадев
Леле жено те читам за оваа на Чико и на раб сум да ја купам, во надеж дека повеќе млекце ќе вади. Бебе цица поретко, претежно навечер, а гледам дека има млекце, цела сум кругови. Со електричната на Кика Бу многу споро ми оди и едвај 50 мл вадам, плус преку ден и да сакам не можам со неа да молзам, многу време одзема...
Молзењето не треба да одзема повеќе од 40мин, на 3ч како да цица ако молзиш ексклузивно (бебе се храни само со молзено). Но, многу е битно да стимулираш додека молзиш, односно да ги масираш градите како за рачно молзење. Јас после молзење уште по 5 мин од града рачно вадев уште по 20-30мл сигурно. Да се разбереме ова е за комбинирано хранење и доење, за ексклузивно доење ова не важи, познавам мајки кои дојат ексклузивно, бебињата им напредуваат по 200гр неделно најмалку и не вадат ни капка молзено. Градите кои дојат не значи дека ќе може да извадат млеко со молзење, зошто ритамот е различен на молзење и доење.
Е мајка првите 3м 1300мл вадев од двете гради во 24ч, сеа веќе намали млекото 8м е бебе, сеа 650 вадам ама па и не пијам толку течности може и затоа не знам, тешко беше, 8 пати во 24ч, сеа 3 пати молзам
@AngelOfArh @Knizhevnik11 Фала мајки, мене за жал ми одзема по саат време и тоа максимум ееедвај 80 мл од двете, а пак ќе кажам бебе не цица баш преку ден веќе, претежно за задремување...ќе си ја пробам среќата со друга пумпа. П
20мин треба да трае молзење по града. Првите 5мин тече предно млеко, поретко, потоа 10тина минути тече густото масно млеко и на крај 5мин задно млеко или она што ја гаси жедта на бебињата. Ако се молзиш со двојна 20мин е доволно. За 10мин по града не можеш да извадиш се од млекото. Ова е и тоа доколку молзиш со ист интензитет, односно доколку пумпата прави исти интервали цело време. Со рачна тоа не е баш можно, се уморува раката па почнуваш несвесно да намалува интензитет. Јас сега за второво не сум сигурна колку ќе бидам принципиелна и колку би издржала пак исто молзење година дена, со синко беше друго, он беше мирен, сами дома, а со ова ќе видиме. Доколку не цица и ова мислам дека нема да молзам толку долго, би му го дала колострумот и првиот месец евентуално и толку. Веројатно или немаш доволно млеко да вадиш наеднаш повеќе или пумпата е слаба. Види не дека ти немаш доволно млеко, бебе да цица тоа млеко веројатно ќе му е доволно и ќе стимулира плус да се зголеми лактација, ама вака пумпа и доење не стимулира доволно. Пробај со подобрување лактација и биди упорна ако сакаш да цица.
Не знам мајка кај мене после 10мин молзење на една града колку и да пумпа веќе нема, претходно за тоа време вадев и 170 мл од града сеа 130 макс
Се намалува количината зошто ти не го вадиш целото млеко и градата почнува помалку да лачи. Пробај да направиш Power Pump тоа е молзење со паузи, 20мин молзиш, 10мин пауза, 10мин молзиш, 10мин пауза, 10 мин молзиш за крај и ќе видиш дека пак ќе се зголеми количината. Ова е за да ги стимулира градите односно го поистоветува со скок во развој кај бебињата кога они цицаат нели со паузи и веќе после тоа бараат поголема количина. Ако молзиш на празно 5мин, после доаѓа млаз и вадиш количина поголема. Верувај ми за 1г молзење научив работи кои не ни сонував дека ќе ми требаат.
Еве ова не сум го знаела. Но бебе веќе има 2 оброка кај и да е ќе вовддиме и трет, не знам дали има потреба од поголема количина млеко? 8 м е шие 650 мл млеко и 2 оброка и супер си напредува досега. А и ќе тргнам на работа кај и да е па планирам и само наутро и навечер да Молзам.
На 8м и јас намалив на 3 молзења, дома бев, па некаде на 10м на 2 и до година така па пред годината некое време само насабајле се молзев и прекинав. Последните недели се молзев рачно, за 100мл млеко не ми се дрнкаше пумпата.
Така некако сум и јас на мисла. Кога ќе има 10м ќе тргнам на работа и планирам да намалам на 2, ако оди барем до 13м после ќе видиме како.
Имаш искуство со Медела? Изгледа ќе треба да преминам на ексклузивно молзење. Лансинох електричната ми е голема инката, а е од 21 сн. На Чико рачната 21 ми е ок, ама има силиконско за масирање. Е сеа Медела ме интересира, ама не наоѓам страна официјална во Мк за инфо. Имаш искуство со нив? Имаше ли опција да изнајмиш нивна пумпа?
Имам, имам, не е лоша таа малата електрична што ја продаваат, ама не е нешто посебно за тие пари. Моментално електрична кај нас добра мислам дека е Авент, ако ти се даваат толку пари. Медела имаат за изнајмување болничката ама таа е прескапа, односно самото изнајмување е прескапо, мораш да купиш куп работи за да ја користиш кои после без пумпата не ти вредат и е стварно прескапо. Ако е во план подолго молзење тогаш не се исплати. Побарај по нет во странство што има, се наоѓаат поефтини а поубави пумпи, мислам дека и Томи Типи новата електрична треба да е добра. Само еден совет, не зимај на старо многу долго користена, пумпите имаат саати на користење и кога ќе се исполнат сфатите ослабува и не можеш да ја користиш. Јас така ја давав кому дојде, на сите, кој ми ја побара ја давав, па сега кога сум пак трудна ако ми треба ќе морам да си купувам нова. Дури и рачната ми ја уништија, ја попариле со вода и силиконот се деформирал. Јбг, тоа е, да не излезеш скржав и после дупло ќе си плаќаш.
На медела може да им пишеш на инстаграм мислам ми враќале. А зошто не ти се свиѓа тоа силиконското, мене баш поубаво со него ми е. Имав една медела пробано, блистери ми правеше на брадавиците, инката ич не ми се свиѓаше. Авентот ми ја позајми Јасна и тогаш размислував да си ја купам пошто размислував за ексклузивно молзење. Ама останавме на доење па после се снајдов со кика боо од време на време. Али да требаше да молзам мислам дека авентот ќе ја земев без разлика на цената. Овие што се Лулка организацијава и Јасна, пошто се советувалишта за доење, не знам дали имаа опција да изнајмат пумпа. Ама исто мислам, не е тоа тоа кога е нова и користена нон стоп. На крај и ако е читава ќе ја продадеш.