И јас така се имам зафркнато. 2 чико рачни имав, со обичен вакум како на апарат за притисок. Тие ги искористив максимум. Потоа излезе посовремен модел Чико со силиконско перниче, рачно ја позајмив, ради мастит на полноќ, да помогнам. Ми ја изгубија пумпата и не ми ја вратија. Абе знаеш нечинеше, не вадеше млеко, болеше многу. Еве сеа за второ си купив нова рачна, видела, невидела. Више не позајмувам.
Не, не, баш силиконското ми одговара. Сакам да кажам и најмалата инка ради силиконското ми е ок, без него незнам. Штета што немаат сите силиконско.
Најдобра е Медела од 2000е, болничката. Од поефтините а сепак скапи Медела двојната и Авент, а не е лоша и Томи Типи. Од баш ефтините Кика Бу.
Фала ти. Бабицата ми ја препорача Lansinoh, било добро шишето. Неможам никако да се одлучам каква да земам, има еден куп а јас неможам да проценам која е добра кога не сум користела до сега...
Не се нови, ги има уште од времето со синко кога бев, какви пумпи има во светот, ооооо... ништо нема кај нас. Многу ми е мака Спектрата што прекинаа кај нас да ја носат, најдобра пумпа а најефтина.
Otvoriv sega da vidam sto e toa, abe izgor skapi 550$ na amazon. Moite se vo stranstvo i mozam da im poracam. Ako ste zapoznaeni so nekoj brend pisete mi, jas imam vreme da poracam. I jas sakam da se molzam i da davam vo sise posle 40 dena. Kako ke izleze neznam ama prvicno taka mi e namerata.
Ke gi pobaram. Jas ovoj komplet go gledav. Okolu 5000mkd e Ama mi rekoa podobro bilo pumoata da bide elektricna.
Скап ти е Томи типи. Имаш на Чико рачна од овој модел, 1900, на Лансинох имаш околу 2200. Прилично се добри. Имаш и електрични за 3000 ми се чини од овие две марки. Ако планораш ексклузивно само да молзеш, двојна електрична и градник за доење рачунај, за да бидеш за пола саат готова сп двете. Инаку треба да ја држиш едната, па другата и мина цел саат.
Еден hack за двојна пумпа. Нели треба и двете да ги држиш во исто време или да инвестираш во градник специјален за тоа. Јас земав маичка и на местата каде што треба да стојат инките, сецнав отвор и така ја користев за да ми бидат слободни рацете.
Ова не ти е исплатливо ич. За рачна зборам. За молзење со двојна само со сечени градници, иначе како ќе молзиш и масираш. Земете некој постар и сечете.
Чисто да окуражам, и молзењето како и доењето е индивидуална работа. Јас со рачната на чико молзев на града по 10мин и се уште е така еве 8м, и сум вадела и по 260мил за 20мин.
Абе ќе си купиш нов. Земи обичен памучен без корпа од Сара фешн, 150 ден. Јас носам различен број кога дојам, после ќе ми се издишат. Нема да го носам овој број. Еден остаив читав за надвор.
Јас чикото рачна ја користам, да се разбереме, презадоволна сум. Молзам без болка. Ама помалку вадам. Максимум 140мл од двете за тој период.