Мене не ми беше напорно. Има пумпи со кои оди потешко. Оваа што ти ја зборам е скапа рачна, има и од 2000, и си вреди таа разлика во пари. Ме нема заболени рака ни малку. Како што ти кажале, уште веднаш оди да купиш. Секоја капка е важна.
Чисто да споделам мислење. Чико рачната беше супер терав со неа екслузивно молзење 7м, се амортизира, си викам ајде на толку молзење ок. Купив иста нова, за 1м оваа попушти. Многу се изненадив и изнервирав. Бев на раб да прекинам молзење. Два дена рачно молзев, маки невидени. Бромергонот дефицитарен, и пробав со baby nova рачната, за отворени канали е супер, првите денови во болница кога ја пробав и 10мл не можев да извадам. Ќе терам со нејзе додека оди.
Мое мислење е дека ако имаш млеко било која пумпа па дури и рачно можеш многу лесно да се измолзиш. Ние што немаме доволно млеко се мачиме да измолзиме едвај 50 мл и за тоа ни треба стварно добра пумпа. Јас ја пробав baby nova рачната како најевтина варијанта мака мачев само капки по мене течеа ништо не измолзив, се изнервирав и ја купив Медела електричната и сум задоволна. Иако педијатарот ме искара не сум требала да молзам со пумпа најдобро измолзување било со рака се отварале и каналите најдобро ама така е многу мачно и болно за нас што немаме доволно млеко… Можеби грешам , ова е само мое мислење.
Апсолутно! Меѓутоа многу е важно и дали молзиш ексклузивно или молзиш повремено, зошто да молзиш со рачна на 2-3ч, многу бргу ќе се откажеш. Има упорни ко мајката погоре, но не е да се мачиш работата, треба малку и да уживаш во времето додека е бебе. Рачна е за повремено, кога нема струја и кога сакаш набрзинка да извадиш млеко, а со електрична ем процесот е пократок ем полесен.
ти молзи си се, остај го него. Нормално дека знае, и секој совет е важен, но не фи слислиле за џабе нели? сречна мајка-среќно бебе
Јас ја имам оваа. Сакав Медела , но како што кажа погоре HelloKitty ако имаш млеко можеш и со рачна да се измолзиш
Jas ja koristam Leia od Loco croco, prezadovolna, izmolzuvam od 600 do 900 ml dnevno, paralelno i se doime i se molzam za sisinja
На колку време се менуваат мембрани на електрична пумпа при молзење еднаш дневно? Знам дека треба на 2 месеци, ама дали исто важи и за екслузивно молзење и вака по потреба?
Јас ги сменив на 6м и од тогаш не ми се сменети, ако сеуште е функционална пумпата ќе ги сменам сега пред да се породам, имам резервни. Јас молзев ексклузивно.
Здраво мајки, доколку имате користено некоја од овие пумпи дали ќе може да ми кажете која е најдобра, ви благодарам
Dali imate iskustvo so ovaa pumpa na wee? Se uste mi e rano, zdravje prvo da se porodam pa bi kupila. No sekako iskustva pozitivni/ negativni se dobredojdeni, za Wee ili za racna na Chico
Јас ја имам wee вадев по 150 мл на едно молзење со неа. Само зависи како би користела ако е за понекогаш рачна земи си , за ексклузивно молзење електрична
Мене слабо ми вадеше.. ма да општо мене ниедна пумпа не ми вадеше така да не знам дали е до мене или пумпата
https://topolino.mk/product/elektricna-pumpica-portable-chicco/ Мајки како сте задоволни од пумпата ? Или дајте некој предлог ?