Побарај на старо, не мораш нова да земеш, плус ако сеуште не си почнала со молзење знак прашање е дали и ќе можеш да молзиш, може да не успеваш да извлечеш ништо. Јас молзам рачно, 2 пати на ден сега по 150мл вадам и мрзнам одма, пошто не пие шише веќе, за пробиотикот и капките за грчеви молзам малку 30-50мл колку да пивне нешто со капките. А молзам колку да ми се олабават градите, многу ми е мака ако не измолзам.
Не знам дали ке е од корист ама јас нарачав додатоци од Али експрес. Има различни димензии. Се надевам дека ке имам уште млеко додека да стигнат https://a.aliexpress.com/_m0MZxc2
Ова ми беше нсредно на ум да просрчам дали се компатибилни со друга пумпа. Фала на инфо баш ќе проверам. Измолзев баш вчера рачно 30-40 мл за да видам дали воопшто ќе фати шише зошто со првото тој проблем го имав во почетокот не сакаше да фати ниту едно шише. Овој за среќа фати одма. Нема што да изгубам ќе нарачам за ситни пари може ќе се најде ако не се снајдам на друг начин во меѓувреме.
Имаш на Али и добра пумпа, во вид на Буба мара е, така изгледа, и не е лоша. Околу 1000ка искачаше. Јас искрено еве 5л млеко смрзнав само од рачно молзење, контролирам колку да измолзам така и за некој ден планирам да прекинам, доста е, имам млеко за недајбоже, за кашички, па ако затреба здравје ќе купиме АД или апансас ќе молзам ако можам. Планирам и да молзам секој ден по мала количина за капките да ги давам, во шишенце, по 30 до 50мл, навечер пред спиење и таман да му дојде како дополна на цицањето и да не заборави да влече од шише.
Имам нимо рачна пумпа некако не ми оди добро. Бебче немам брадавица да фани а со силиконски ни оди добро. Е сега дали да продолже со силиконски па градите сами ќе поминат или пумпа на менувам. Некој што користел силиконски како поминал
Може е надвор од тема, ама јас не знам што е тоа да се измолзат 150мл . Макс. имам извадено 120 и тоа беше само ЕДНАШ, просек ми е 50-60мл а бебе иде накај 4 месец, има поголеми потреби тоа не му стига. Да имавме банка на мајчино млеко, ќе купував жими се'.
А на колку време се одмолзувате? Јас од толку обврски, не стигам на време да се одмолзам. Од едно молзење вадам 40-70мл. се зависи кој период е во денот. Дополнително пијам препарати за лактација и бебче ставам на града пред јадење, само не секогаш..
Па идејата ми е да вадам колку за еден оброк, а ако не де испие да го мрзнам за кашички. Нешто така ми беше замислата. Проблем ми е со пумпиве како што кажав што јас од медела користев најмала инка, а сите други пумпи се со 24 инка што мене ми е голема зошто имам многу мали гради и пупки. Од али и да решам да нарачам додека стигне. Ќе ја земам на крај рачната на чико како што ми личи Оваа е таа од зегин? А баш ја гледав и ќе ги прежалев парите. Може да ми кажеш што точно не ти се свиѓа?
Таа е не дека не е добра ама целиот процес ме обезхрабрува, прв пат се соочувам со воа и е болен процес па сакав да знам дали истото е со секоја пумпа
Во принцип ако се разранети градите може да били многу, а инаку не би требало да има некоја неподнослива болка. Голема болка може да има ако не одговара на градата исто како што боли од неправилен фат на бебе. Ништо ќе замолам во зегин да ми ја покажат.
На колку време молзиш? Молзењето си сака редовност, 2 дена по ред забушава ли добива сигнал телото дека не му е потребно тоа млеко и толку. На 2 до 3 часа, интервал сама си бараш, ама мора редовност, иначе нема да стимулираш никако. Џабе ти се препарати ако не молзиш. Ако цица бебе стави на града, дај шише и после измолзи. Така јас правев. Кога цица е полесно зошто така и бебе стимулира, од искуството мое досега.
Последниве неколку дена не измолзувам зашто педијатарот ми рече не можам да ја зголемам лактацијата што и да правам, дека тоа е природен процес, а уште еден доктор специјалист ми рече да не те плашам, ама има шанси наскоро да ти секне млекото... Сега дојам само пред секое давање формула. Исконтактирав консултант за доење, чекам одговор да видам дали може нешто да се направи или не.
Боже боже... не можело да се зголеми лактација... страшно! @jacqueline.s читаш ли ти ова мила? Да му кажеш на докторот да си прочита малку тоа книгите. Лактација се зголемува, и се намалува, и никој не може да ти предвиди дали ќе ти секне млекото. Ако не се зголемуваше и намалуваше немаше да фаќаме мастити и да се лечиме од истите. Ти молзи, ставај бебе на града и уживај.
Ние сме на силиконски брадавици секое утро бидејќи брадавиците ми се вовлечени а и тврди . Ке цица 5 минутки за да ја извлече брадавицата и ја тргам па продолжува без силиконската. Тоа ми е совет од педијатар и ни успева.
Кажи му на докторот твој дека синоќа после веќе воспоставена лактација успеав после само 1 лименка безалкохолно пиво да измолзам 180мл од 1 града. Дека не се работи на лактација.
Ано, Лансинох е со 22мм, ја имам дома. Чико е со помала, 20мм. Двете ги имам, ќе ти измерам и ќе ти сликам ако сакаш. Кога ги купив нигде не пишуваше големина на инка, ама маката ќе те научи. Јас имам брадавици за 16мм пумпа, ама ете, успешнп се молзев со двете пумпи.
Двете ги користев. Повеќе се молзев со електричната бидејќи е двојна, побрзо одеше за на секои 2 3 саата. Рачната ја користев најчесто во кола кога патував.