Да, таа ја загледав со оштетено пакување намалена, затоа ме интересираше искуство. Искрено не ми се дава многу пари по пумпи, а е направен сериозен бизнис од нив, цените се страшни. Можеби дека немам вишок, да имав може ќе земев и немаше да ја тупам толку, ама сепак мислам дека се пре прескапи посебно за наш стандард. Фала ти многу за одговорот, ќе ја земам рачната
Јас секогаш гледам да функционирам на принцип "value for money". И да имам вишок ќе и ги ставам подобро на штедна книшка, отколку да преплаќам кога не морам. Сум платила доста скапи работи ама знам дека душата ќе им ја извадам и тогаш ич не се ни мислам. Факт е дека квалитет се плаќа и не за џабе одредени производи си држат цена, ама може да се најдат и добри зделки за помалку пари. Баш ме интересира како ќе ти се погоди, пиши ако можеш кога ќе ја пробаш.
Јас претходно и за време на молзењето само нанесував топли облоги. Прво одев под туш малку со топла вода да ги опуштам градите, после земав термофор, можеш и било какво шишенце со топла вода. Ќе гледаш баш да е топло, ама да се издржува да не се гориш. Ја масираш градата со термофорот/шишето и истовремено влечеш со пумпата, особено долниот и страничниот дел од каде што надоаѓа млекото. Ќе си видиш сама каде имаш најмногу грутчиња. После молзењето мачкав малку од колострумот на брадавицата, чекав да се подзасуши и после мачкав со ланолин. Јас го имам на Лансинох, тој не се одмива. За нецели два дена градите ми се средија, беба си цица без проблем со силиконски брадавици, не ставам веќе облоги, само домолзувам по потреба.
Бидејќи во план ми е да складирам молзено млеко сакам да прашам како се покажала електричната пумпа на медела, а сакамми да прашам за искуство, прво бебето цица па после тоа се одмолзува млеко?? Сакав да ја порачам од страната kiwi ама не знам дали е веродостојна, ако имате информација некоја споделете
Медела електрична користев во првата бременост, ама тогаш само по потреба и ок беше. За редовно молзење немам искуство, јас молзам еднаш на ден или на два дена, обично наутро кога подолго не цицал па градите ми се пополни и складирам. Ама јас мали количини по 100-150мл без форсирање да ги празнам градите. А за kiwi тие си се регистрирана фирма само немаат физичка локација туку само онлајн продажба.
Ти благодарам за одговорот. Јас ќе мора да измолзувам поголема количина, па затоа сакав да прашам каква е медела како електрична пумпа
Девојки, јас ја користам пумпата Leia на Kikkaboo веќе 3 месеци. Но, мислам дека моторчето веќе ослабнува, не ми влече како на почетокот. Дајте ми препорака за некоја frendly budget која добро би издржала секојдневно молзење на подолг рок. Рачна или електрична е подобро?
За секојдневно и ексклузивно молзење дефинитивно електрична... Со рачна јас еден месец полудев раката ми паѓаше.. а препорака за жал немам
За секојдневно молзење ти треба квалитетна. Поевтините, како Кика бу побрзо ослабнуваат. Вложи во подобра пумпа, ќе ти се исплати и ќе ти се олесни животот. Јас ја имам Медела Соло и презадоволна сум.
Јас ја имам двојната електрична од медела. Задоволна сум многу. На неа пишува дека вади 18% повеќе од другите пумпи, мое искуство дека не вади толку ама сепак излегува повеќе. Може дека сега ми се погодија инките, не знам. Во неа има два пара инки, s и m големина, има полнач, се полни, така што не мора да бидеш врзана за креветот доколку го имаш и прслукот. Во поглед на миење е прелесна, цела се расклопува. Е сега, кај нас е многу скапа, ама ако имаш од Германија кој да ти ја донесе е 12000. Прслукот јас го начекав на попуст на Амазон, околу 1000 денари беше. Веќе ја имав купено кога излезе на Амазон супер зделка, двојна пумпа и прслук за 180 евра. Ако на пример не ти е за брзање и има кој да ти донесе можеш да следиш таму.
Ти благодарам за прекрасниот совет, кај нас во мк е 14.000ден без прслук, па не би да малтретирам некој да ми ја носи од германија. Битно ми беше да има задоволни кои ја користат подолг период бидејќи сакам да замрзнувам млеко Ти благодарам
Значи сите препорачувате на Медела? Која е подобра, swing flex или solo? Solo ми е над буџет, ама еве чисто инфо ме интересира предности и мани, споредбено.
Скоро исти се. Соло е новата и подобрена верзија на флекс и наводно вади 11% повеќемлеко. За која и да се одлучиш нема да згрешиш.
Јас на mitra.com ја гледав истата (swing maxi) и е 17.300 затоа си ја нарачав. Сега гледам на страната од една аптека дека е 14.000, ама изгледа разни моделчиња се.
Како некој што молзел ексклузивно и сега дои, разликата е огромна сега и тогаш. Тогаш до двојна пумпа на 3ч вадев по 480мл едвај со компресии и со рачно домолзување после. Сега после доење вадам ко од шала по 120мл само рачно и тоа на саатипол до 2. Количината млеко сега што ја имам смрзнато за 4м ја собирав тогаш цела година. Така да мој совет, молзење но максимално ставање на града за да стимулирате млеко. Првото кога молзев воопшто не беше на града, не фати ич, сега ова цица и после цицање молзам. Исто би ви советувала да побарате по Европа да ви донесе некој од хендсфри пумпите, предобри се, ќе ви олесни многу. За градник, не давајте пари за специјални, било кој градник ќе исечете дупки, ќе ги ставите инките и тоа е тоа, јас имав направено од спортски градник, за 150ден од пазар. Имав земено 2 за претерување.
Јас моето го ставам на града да цица, ама мислам дека нема да почне да цица саглам и многу ќе ми биде криво, а многу сакам да си цица.. не сакам да го изгубам млекото (и тоа малку што го имам) и затоа сакам да се одмолзувам со појака пумпа. Неговите потреби за оброци веќе му се зголемуваат, па затоа сме на комбинирана исхрана. По сите мислења, пумпите на Медела се најдобри. Кои и какви се тие хендсфри пумпи, од каде може да се набават?