Со обична рачна пумпа од зегин за 30 минути измолзив одвај 10мл млеко. Дали тоа значи дека немам доволно млеко? Да земам ли електрична ?
Пумпата не може да извлече колку што може бебето. Со првото дете имав и електрична и рачна затоа можам да ти кажам од искуство дека е исто. Со второво присуствував на предавање за доење и можам да кажам дека дознав многу работи. Една од тие е дека треба да знаеш правилно да одбереш пумпа. Не знам кај нас во Македонија дали постојат личности што би можеле да ти помогнат да ја одбереш правилната пумпа. Бебето цица или?
Да, цица по цел ден и пие АД 3-4 шишиња дневно зошто на почеток малце падна килажата. Сега е ок, напредува. Но, сакав да се измолзувам барем за навечер да ми е полесно и да не давам АД толку многу, ама не можам многу да соберам, пробав 2 пати. Ќе пробам пак. Ваљда ќе успеам. Највеќе се нервирам што никогаш не се најадува синчево. По цел ден е на цицка. И заспива.
Јас само дојдов топло да ја препорачам Real Bubee електричната пумпа од Aliexpress одлично се покажа а ја купив 1200 денари дупла. Навистина нема потреба да се даваат по 12.000 мкд за пумпа кога и оваа и те како врши одлично работа. Чисто ако се мисли некоја мајка каква пумпа да купи сакав да споделам мое искуство со оваа.
Just found this amazing item on AliExpress. Check it out! MKD852.08 | Real Bubee Single/double Electric Breast Pump With Milk Bottle Infant Usb Bpa Free Powerful Breast Pumps Baby Breast Feeding https://a.aliexpress.com/_EuewxaH Повели
За колку време ти стигна? И која од овие ја имаш (неколку предложени има на линкот). Рано ми е, ама со време да си порачам ако се чека
Ajde pomos poiskusni vo doenje: 1 Dali nekoj ja ima pumpata za izmolzuvanje elektricna od Pi ki Strumica kupeno? 2.Nemam mleko dovolno ,so racna pumpa na Chicco odmozluvam 20tina kinuti edvaj 20 do 30ml maksimum vadam mleko od dvete gradi sto e malku za bebe 1mes e.Koga saka se zadrzuva na grada i vlece no cestopati e nervozna i nesaka placi...Pedijatarot rece prvo na grada i posle ad da dodadam i na toj princip napreduva dobro no sakam da uspeam poveke da dadam majcino
Zdravo, prv pat mama tuka mi preporacuvaat da si zemam racna pumpa za vo bolnica na poroduvanje da si imam moja za stimulacija ili dokolku mi dojde brzo mleko da ne cekam redici na taa od bolnicata... pa me interesira koja bi ja preporacale za pocetok (za kvalitet a isto i po pristapna cena) dodeka da vidam kako ke mi bide situacija so mlekoto i cicanjeto pa posle ako ima potreba da zemam i elektricna.
Ако се пораѓаш во приватните, одма носат пумпа. Конкретно мене во Систина одма ми донесоа. Но, од срце ти посакувам, да си цица бебуш да не ти треба. Оваа измолзувањето, ни најмалце не е лесно. Цело време само тоа правиш,миј пумпица, стерилизирај шишиња ...
Vo drzavna ke se poragjam, seuste ne sum resila samo dali cair ili gak. Vo sekoj slucaj sakam da se izmolzuvam i ponataka zdravje bidejki sakam da go naucam bebush i od shishe da papa za da moze tatko mu ili nekoj drug da go narani ako imam potreba jas da izlezam za nesto i bez da se stresuvam ili brzam mnogu da si zavrsam rabota.
Кога веќе ке зимаш пумпа подобро електрична него ли рачна само ке се мачиш со неа, а имаш доста електрични со прифатливи цени.Јас ја имам електричната на кикабоо серенти и сум ептен задоволна околу 3500 ден ја земав, има амелина таа е уште поефтина и многу добра неа и ми ја препорачаа но во моментот ја немаше па ја земав оваа другата.
Не можам да речам дека е за измолзување. Само ако имаш вишак да го фати, или ако се преполни градите малку да ти олесни. Јас ја ставам на спротивната града кога дојам ноќе дека си тече активно, па зашто да се фрла, во 3 доења во една ноќ ми собира 60-70мл. Ама јас имам и многу млеко, со рачна и со електрична собирам околу 120мл од една страна без проблем, а бебе цица од другата. Ако бараш конкретно за измолзување, имам рачна Медела и електрична Филипс Авент, од двете сум презадоволна.
Zdravo zenicki, vikendov ke kupuvam pumpa pa nekoj sto ima iskustvo so pumpite na Kika Boo da spodeli mislenje? @deniz333 gi preporaca Serenity i Amelina no me interesira dali nekoj ima iskustvo i so drugite bidejki gledam nekolku modelcinja imaat