Додека да воспостави лактација млеко имав премногу дека трето дете и пред да се породам имав. Тој ќе се нацицаше и ќе заспиеше а мене многу брзо градите ми се полнеа со млеко. Да не направам згрутчување а ужасно ме болеа кога ќе се пренаполнеа ги одмолзував. Ем правев повеќе млеко зашто измолзував на почетокот и после цицање кога ќе се нацицаше малиот, ем кога ми прскаа градите одмолзував и си чував . Исто ми беше и со првите две, само немав електрична и искрено со рачна исто не е, мене ме спаси ептен.
Мајки, бебето сака да цица ама немам доволно млеко и сме на комбинирана исхрана. Дали ако се одмолзувам со пумпа ќе стимулирам повеќе млеко? Мислам дека не го исцицува докрај млекото, кога ќе заврши со цицање јас со рака проверувам и излегуваат капки.
Пробај откако бебе ќе исцица стави пумпа дали ќе излегува многу млеко за да провериш најубаво. Зошто ако е бебе гладно (цица влече но не пушта ништо) значи ги празни и следно доење веќе треба да имаш повеќе млеко за побарувачката на бебето. Прво цица па даваш ад? Многу вода, леден чај, бистар од јаболка, овесна каша, чај за доилки за млекото.
Зависи колку пати јаде и дали е мајчино или адаптирано. Дневно просекот мислам дека е околу 500-600мл што треба да го прими на таа возраст. Јас дојам, ама понекогаш давам измолзено. На распоред за јадење на секои 3ч, првото дете пиеше едвај 70мл, сега второто пие скоро 130мл. Така да најдобро е да не гледаш според милилитрите што се испиени, туку дали бебето е најадено (заспива после јадење), полни пелени (6+ на ден), и напредува со килажа (и тука може да има голема разлика, првото дете ми качи 700гр првиот месец, а вторпово 1600гр, битно да иде нагоре килажата).
@koritsaki @NEA @Fenix05 и незнам кој друг ја има Real Bubee. Имам едно прашање. Дека гледам шишињата се пластични, па дали сте пробале кои шишиња од други фирми би фатиле на пумпата? Има такви? Стаклени да и ставам пример... Дека порано знам со првиве две знаеја некои разни фирми да си фаќаат разни капачиња и цуцли...
@mariz Јас ја имав таа пумпа порачано од Алиекспрес , одлична беше, за шишињата јас сите пумпи што ги имав гледано беа пластични шишињата, сега дали некое др одговара а да е стаклено немам пробано. Јас млекото го префрлував во друго стаклено потоа ако сакав да и давам од шише
Истото ќе го правам и јас, дека без цуце моделот го имам. Ама мислев да не фати некое шише, па директ пример да молзам во стаклено Вака гледајќи го отворов може би фатило од оние со потенки грла што се...
Не сум пробала со неа ама ми личи дека би фатило бибс стакленото.. знам дека нимо рачната одговара со филипс авент антиколик значи мора некое да фаќа и на оваа. И јас така молзам па префрлам
Купив за проба nip од Локо Кроко и таман фаќа Земав пластично за проба, ама чим фаќа ќе земам и стаклено
Devojki prodavam pumpa na medela Iskoristena tri pati 6000 den MEDELA SWING FLEX Electric 2-Phase breast pump
Здраво, Продавам пумпа за измолзување, електрична на Chicco, купена е во февруари, користена 2 месеци. 3000 ден
Здраво, дали коже да споделете искуства од електричните пумпи на медела и philips кои се подобри. Користам рачна на chicco и инката на таа пумпа ми одговара зошто сега прв пат прочитав по форумов дека и тоа е возможно - инката да не одговара.
Phillips nemam koristeno, medela mislam deka se broj eden za taa rabota. Osven vo bolnica nemam koristeno, preskapo mi bese za moj standart. Koristev chicco 2 meseci, elektricna. Odlicna e, ama laktacijata mi e namalena i bebeto e na AD. Ovaa od chicco ja prodavam za 3000 den, ako ti treba pisi mi❤️
Јас имам рачна од медела и електрична филипс. Мислам дека со Медела нема споредба како бренд, ама јас сум многу задоволна од филипсот електрична. Во однос на инката, јас имам доста големи гради, стандардната инка ми е во ред. Мислам дека тоа е поголем проблем со многу мали гради.
Jas ja imam Medela elektricnata sto mozes da gi pumpas dvete gradi odednska.No ,nema tolku dobar efekt koga se stavaat dvete inki istpvremeno.A koga ke ja stavam ednata samo e mnogu brzo I efikasno.Taka da ako kupuvas Medela zemi so Edna inka...od moe iskustvo
Добри совети, фала. За некој што можеби ќе чита барајќи искуства: Замислата со одмолзувањето во вакви ситуации со воспоставување на лактација, идејата е помалку да се одмолзува додатно од цицањето и со тоа да се зголемува лактацијата и кога бебето сеуште не може повеќе да исцица. Значи помалку, не да се форсира што повеќе измолзување. И никако тоа да е замена за цицање, пошто со цицањето бебето „ојачува“ да може да цица колку што му треба. Малиот вишок на млеко што ќе се прави на почетокот може да се замрзнува или ако мора да се дава како дохрана, но обавезно да се инсистира на самостојно цицање. Еве да чукнам во дрво, има млеко и имаме напредок. Дохрана со адаптирано млеко не правиме како што советуваа педијатрите, само малку (5-10 милилитри) припремаме пред цицање како подлога за мешање пробиотици и лактаза ензими (Колиеф). Толку влегува во самата цуцла, без шишенце, и така го пие малата. Подобро би било да се одмолзувам со пумпата, ама замарање е санитазицијата и чистењето и премногу време одзема. Ионака се работи за многу мала количина. Тоа би биле нашите искуства. Пумпата е Медела Mini Electric, постар модел и нема никакви сетирања и програми освен појак/послаб усис. Слабо влече кога не дихтува добро, но подобро е местата каде се „заштрафуваат“ пластичните делови кога ќе се стоплат во млака вода и така влажни ќе се заштрафат едни на други.