За собна температура зависи колку е топло. Секогаш пред употреба мирисни го млекото. Ако е топло во просторијата (летен период) сиг трае помалку
По многу прочитани позитивни коментари, купив Медела пумпа за измолзување ( Medela Solo Hands free) и верувам дека пумпата е супер само што мене не ми одговара. Инката од 24 мм ми е преголема, па верувам затоа имам проблеми при користењето.. Некоја со слично искуство да ми каже дали успеала да најде низ продавнициве помала инка (17-19мм) што одговара за Медела пумпите? Или нема надеж и ќе мора да купам друга пумпа?! И дали знаете која од пумпите што се продаваат кај нас имаат најмала инка?
Јас за земав и супер е. Малце ја користев зошто вадев млеко колку што и она цицаше па затоа и престанав
Лансинох има различни инки колку што знам. Јас ја имам Елиа на Кикабу(најскапата што им е). Имаа силиконски штитници на самите инки, јас ги тргнав и поубаво ми ги влече. Да прашаш во локо кроко, они имаа рез делови за сите пумпи на кикабу, може нивните ќе ти одговараат?
Фала ти многу за инфото. Бев денес во локо кроко , ми кажаа ќе проверат дали имаат помали инки/штитници па ќе ме известат утре.. Во случај да не успеам да ја ‘спасам’ мојава Медела пумпа, кажи ми на твојата (Елиа) како што видов на нет инката и е 21 мм, а силиконскиот штитник колку мм е?
Не сум сигурна да сум искрена, ама супер влече без силиконските, подобар вакум прави. Мислам дека е помала од стандарните, може требаше да видиш во локо кроко. Јас па друга мака имам, барам хендс фри пумпа за да молзам on the go, ја купив Вини на Кикабу- хендс фри, воопшто најскапа што им е, едвај 30 мл ми вади. Е сега, јас не молзам по 150 мл, може и тоа е проблемот, да треба посилно влечење. Ја вратив инаку. Меделата ми е скапа да ја купам, ризик ми е
И јас ја гледав Вини на Кика Бу затоа не прашав за твојава, среќа не се залетав да ја земам за џабе дека е со 22 мм инка, мене мислам дека ми треба уште помала… Да видам јас што ќе направам денес со резервниве делови, па ако не можам да ја користам, ако сакаш би ти ја дала Медела за пола цена од куповната. Буквално само 5 минути дали ми е користена, стерилизирана си седи така по дома… Ако си заинтересирана пиши ми пораче.
Ако случајно најдеш решение за пумпање со мали брадавици те молсм сподечи, и јас сум во истиот кош. Јас ја имам филипс авент пумпата која наводно одговара на сите брадавици ама се прашувам дали со друга пумпа би молзела поголеми количини.
Се уште ми немаат одговорено од Локо Кроко, уште немале информација.. Цело време истражувам пумпи, сите се или 21 мм или 24 мм инки Периодов се откажав од пумпање, поише вадам со рака него ли со пумпа Не е многу пак, 60-70 мл ама бар многу помалку време ми треба од со пумпа, со нејзе едвај 30 мл успевав.. Тебе какво ти е искуството со филипс авент? По колку вадиш и брзо ли испумпува?
Земи си ја од Пики. Ни јас немам големи брадавици, а ни гради ама со нејзе убаво влечеше. Не ти е скапа а е мобилна каде сакаш ќе молзиш без кабел е со батерија. Мислам дека 900 или 1000ка беше
Јас имам од старт проблем со малку млеко и сега молзам по 40 ml по 10 минути од града што е баш малку за тримесечно бебе. Затоа и бебето ми е и на формула. Не знам дали проблемот е во мене или во пумпата бидејќи немам пробано друга, а молзам за да го зголемам млекото... Инаку на сајтот бимек мислам дека видов инки за медела пумпа од 19 мм... види прогуглај... Има и еден сајт pumpinpals што продава инки, праќаат три во комплет за да бидеш сигурна дека бар една ќе ти биде таман и се компатибилни со медела ама не се со авент...
Па јас мислам 40 мл за 10 минути од града не е воопшто лошо, особено ако активно го доиш бебушот и ако пумпата мислиш дека не ти вади доволно. Ете горе членка пишала да ја земеме Пики, дека убаво влече а и евтина е, па јас планирам да ја нарачам На сајтот бимек проверив, имаат S size како најмала варијанта на инка ама таа им е 21 мм. Од другава страна што ми ја прати (pimpinpal), дали знаеш некој што е со позитивно искуство или случајно на интернет ја пронајде? Не пишува за колку време би стигнале деловите и нз дали воопшто стигаат кај нас, дека се испраќаат дури од Америка..
Ќе ја нарачам и јас уште денес тогаш Пики, да ја пробам. Се надевам ќе влече и кај мене убаво. Фала ти многу
Како ги стерилизорате пумпите и шишенцата од пумпите ? Јас ја користам пумпата два пати на ден ја плакнам и ја ставам во стелизатор. Некогаш ја мијам со сјај па ја ставам во стелизатор, ама не секогаш.