Со првото дете не купив, ама имав од каде да земам. И дента кога ми притреба, одма ја добив. За второто купив нова уште во 6ти месец зошто знаев дека ќе ја користам. Најдобро е ако некој може да ти даде само за проба, па ако ја користиш купи си. Ако немаш од кого да позајмиш, тогаш барем имај одбрано каква сакаш. Додека имаш време да прочиташ, да споредиш, па ако дојде моментот само да пратиш некој да ти ја купи. За прво дете не сметам дека е неопходна да ја имаш однапред, не знаеш дали ќе цица, дали ќе имаш млеко. Ама ако знаеш дека ќе сакаш да замрзнеш млеко, или да научиш бебе на шише рано, секако ќе ти треба. Ако знаеш дека сигурно сакаш да доиш и ако имаш малку млеко ќе направиш се за да цица повеќе, ќе ти треба. Ако имаш мислење ако цица цица, ако не си има ад, тогаш не купувај џабе. Јас со првото 9 месеца собирав млеко за да можам и да искочам и на работа да одам за да бебе има мајчино млеко. За второто на околу 6месеца почнав да имам помалку млеко (пак имав многу ама бебе јадеше многу и не му стигаше), и наместо да пробам да зголемам лактација, почнав да давам ад. Едноставно не сакав да се замарам.
Елиа е одлична јас ја имам, денес пепел ги направив само дека треба почесто да носат резервни делови. Одлична е инаку
Здраво мајки, продавам Medela Hands free portable пумпа, купена од Бимек 15.07.24 под гаранција е до 15.07.25. Во комплетот одат 2 додатоци за 24 мм и 21 мм. Одлична е, силна, извлекува брзо и секаде сте во можност да ја користите. Батеријата трае цел ден. Ја продавам поради тоа што морам да примам терапија и веќе измолзувањето не ми е дозволено. Еве ја како линк да ја видите https://www.medela.com/en-us/breast...eestyle-hands-free-breast-pump?productId=4072 Купена е 500 еур, би ја прифаќа многу поефтино само да тргам работи од дома
Не ми треба. Само да искоментирам дека истава ја имам, и ја користам неколку пати на ден, се домолзувам после секој подој. Пумпава е ВРВ! Поскапа е, ама вреди за секој денар. Многу испумпува, скроз ми омекнуваат градите. Плус е портабилна, чашките во градник и може било што да правиме.
Јас ја имам првата мија купија кога бев во болница ја пробав и е доста добра дека со две и јас ја земав дека со близнаци ама немам млеко и ја продавам
Денес точно 3 недели,да требаше да дојде ќе дојдеше до сега млекото.И со раце се молзев подобро ми беше ама многу малце млеко.