Можно е да, јас сега за сега сум задоволна, веќе ја купив, за понатаму ако се расипе ќе му ја мислиме
ако се запуши има начин како да се среди. ке им пишеш и ке ти објаснат. пумпата е во ред иначе, вади млеко топ (малце е бучна ама освен болничката ниедна друга на медела не е тивка)
По мое искуство нашите педијатри на молзењето уште гледаат како на табу тема. Мене ми велеше одма молзено да давам, во фрижидер ќе се расипело По истражување на странски сајтови и разговор со искусни мајки, успеав да одржам лактација на почеток кога бебе не фаќаше цицка. Универзално е дека неколку дена може да стои во фрижидер во внатрешноста. Не ме фаќајте за збор дали беа 4дена, не сум сигурна, но имам во проспектот со пумпата што одеше.
Каде се продаваат тие пумпи на Спектра ? Јас незнам каква да земам , имам рачна на Чико , задоволна сум ама ми треба и електрична. Сакам да ја прашам @AngelOfArh кога млекото стои во обичен фрижидер колку време му треба да се затопли на собна температура или има друг начин на кој го затоплуваш ? И како го затоплуваш млекото од замрзнувач? Во што го ставате во замрзнувачот , во тие ќеси специјални што се ? И дали може да додавам во млекото од секој нареден подој или мора да е посебно секое ?
Можам и јас нешто да ти одговорам. Млекото од фрижитер го затоплувам во жешка вода. Тоа од замрзнувач го ставам во обичен фрижидер да се одмрзне, и да го ставам во посебните кеси за замрзнување. Може да додадеш млеко, само ако е со иста или слична температура. Пример ако едното млеко ти е во фрижидер ќе го ставиш и другото ама во посебно шише за да се олади, и од кога ќе постигнат слична температува спои ги во едно. Се надевам дека малку ти помогнав
Продавницата за медицинска опрема се вика Км медикал и се наоѓала негде на Водњанска најгоре, пред школото Кочо Рацин од десна страна во зградите.
Кај нас нема голем избор на Спектра пумпи, само еден модел мислам. Јас од Америка ја порачав да ми ја испратат, 200 долари беше.
Мајки која електрична пумпа да ја земам за измолзување? Ја имам на медела мини електрик ама позајмена ми е, бидејќи се одмолзувам речиси цело време сакам да имам моја пумпа. Плус сакам да биде двојна за да ми оди побрзо... со мини електриков не дека не е добра ама за двете гради ми треба доста време, а сама со бебе некогаш не постигнувам и посегнувам по ад... Се мислам за пумпа на лансинох... или сега читам за некојаа спектра...ајде предложете нешто и цени ако знаете би било супер : )
Колку што гледав и читав цени 8000 9000 продаваат поволни по 5000. Јас вчера порачав од али експрес за 1500 ден зашо овие многу ми се скапи.
Како успеа да се снајдеш со неа мене таа ми ја донесоа никако да ја наместам и чудно е треба да влечеш раце ќе те здоболат.
За раце да болат ама се навикнав и супер ми е со нејзе. Сепак зависи и од млекото ако имаш иде побрзо а ако не ќе влечеш пола саат и пак малку ќе се собере