Мајки, синоќа измолзив 50 мл млеко, и сега пак 50. Тоа од синоќа стое во шише во фрижидерот. Прашањето ми е: Дали може тоа млеко од синоќа и ова од сега да го измешам во едно ќесе и да го замрзнам ?
Можеш, ама остави го да се излади, да бидат со иста температура кога ќе ги измешаш. Јас овде читав и така правам.
Женски продавам две пумпи. Едната е на медела двојна нова само пробана - 5500 И другата е на mommed s21 hands free значи само ги ставате пумпите во гради и си бркате работа низ дома - исто двојна 3500. Цените се фиксни јер пумпите се нови. Со резервни делови неотпакувани ги добивате.
продавам електрична двојна пумпа medela swing maxi, купена 17500ден, користена само две недели. Добивате и медела силиконски брадавици С, голема пурелан крема рок до 09.2026 и влошки за гради. Цена: 7000ден
Продавам : Медела Solo Hands free единечна електрична пумпа + Медела Harmony рачна пумпа + Медела Personal Fit Flex инки за гради 21 мм, во пакет за 7.000 ден. (Купени се сите заедно за 17.440 ден) Може да се земат во пакет, а може и одделно.. Пумпите се скроз нови, само пробани, не успеав за жал ништо да извадам со нив и така си седат по дома..Ако ги најдам додатоците и за помали гради (17 мм) можам и тие да ви ги подарам
Не препорачувам да земате Кика бу пумпи затоа што немаат никаков резервен дел за било што. Во продавница не се замараат, ќе прашаме во Бугарија и толку, нит повик ни ништо. Шишенце ми фали и ниедно не пасува од нивните, 3500 во вода…
Јас имам, и мене ми пасуваат од авент шишињата. И едни на нук мислам беа. Се молзев ко крава цел месец. Се менував од нов.