И ја ја гледам оваа на авент розевата електрична, со нејзе? Се мислам а ја гледам на ананас со шишенце комплет е на промоција моментално на 9.900 ден
@Feniksgirl @Dreamer. Фала девојки за споделените искуства. @Feniksgirl која ја имаш од Локо кроко? Мене не ми треба на долги стази, сега за почеток, ама па се нервирам ако има многу делови за чистење и миење, оваа од Медела ми стоеше ко поедноставна. Авентот рачната ја имав, не ми одговараше инката, а ко што гледам иста инка имаат со електричнава.
Оваа ја меркам за нејзе зборите нели? https://ananas.mk/proizvod/philips-avent-elektricna-pumpa-za-izmolzuvanje-so-sise/2366412
Јас ја имам оваа, супер е. Така на брзина ја купив кога се вратив од болница, ама ми помогна да стимулирам на почеток. Розевата сигурно е помоќна.
Здраво мајки. Мн итно ми требаат вакви црева за пумпата како на сликава . Бебе не цица само на молзење е а ми се уништија цревцата. Ве молам пишете доколку некоја има. Фала
Феминки има ли некој кој ја користел пумпата за измолзување на хаака да ми каже дали е задоволен ? или да ми препорачате некои други ? јули треба да се породам па се мислам каква пумпа да земам. фала ви
Не е пумпа тоа, колектор е не можеш да молзиш со неа,само собира течење. Земи си некоја со кабел или на полнење, имаш од до цени, врвот се Медела, Филипс ама вршат работа и од Кика бу, Алиекспрес. Најдобро е да земеш некоја со повеќе инки или бар инсерти да се прилагодува на твојата големина на брадавици.
Јас зедов од киккаа боо леиа супер е си врши работа, немора да е прескапа. Од хаака зедов таа пумпа што демек вакум прави и ќе тече млеко ама немав време цел ден да стојам со тоа да се збираат капки
Розевата е најновиот модел на филипс, ја купив пред некој ден. Вероватно некој mode плус и на неа пишува дека е најнова технологија за масажа на градите за да не се случуваат запушени каналчиња. Ја немам пробано не сум породена сеуште ама што читав reviews ептен ептен добра. Инаку другарка ја има лилата и презадоволна и она, само што и е купена пред 2години.
Мене со розевата ми отпушија запушен канал. Не ја имам, ама од мене голема препорака. Никако не се отпушуваше, само пумпава помогна.