Пумпи за одмолзување на мајчино млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од Eli23, 20 јануари 2016.

?

Дали пумпа за одмолзување е навистина потребна?

  1. Да

    450 глас(а)
    85,9%
  2. Не

    74 глас(а)
    14,1%
  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.483
    Допаѓања:
    12.188
    Пол:
    Женски
    Нема везе пумпата, некои воопшто не може да измолзат а дојат успешно. Така да пумпата не е репер. Колку бебе може да исцица ниту една пумпа не може да извади.
     
  2. TiniMini

    TiniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Оф знам дека бебе цица доволно и дека не е репер тоа. Ама стварно некогаш ми треба да се измолзам и да оставам млеко на некој. Па мислев има врска и пумпата па со друга дека би можела повеќе да се измолзам.
     
  3. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Да знаеш дека некогаш не е до пумпата, едноставно можно е од твоите гради да не може повеќе да се извади со пумпа и тоа е тоа (ова ми го потврди Јасна). Јас ја имам на Филипс авент розевата што сите мн ја фалат на форумов, еве три месеци дојам повеќе од 20мл од града немам извадено, а кога цица бебе си има убаво млеко. Пробував сабајле, навечер, после цицање, пред, 30 мин после подој (ова ми кажа Јасна дека е најправилно), секако пробав. Само еднаш извадив по 40мл но бидејќи бев на свадба и бебе немаше цицано 5-6 часа па ептен беа полни.
     
    На TiniMini му/ѝ се допаѓа ова.