Здраво, да препорачате пумпа за мали брадавици? Розевата од авент ја позајмив и мислам не ми одговара
Женски ај дајте ми ум што да правам не знам. Дојам веќе 6 месеци почнавме со кашички и понекогаш се измолзувам дека поретко цица и полни ми се градите. Арно ама ми се расипа пумпата. Имав електрична. Дали да си земам нова или не? Сакам да земам зошто ќе можам понекогаш да се измолзам и некој друг да му даде млеко ако јас не сум дома. Или да не зимам за да не му давам на телото знак да произведува повеќе млеко од потребното. Од друга страна па си викам да не ми секне млекото сега штом почна со кашички. Или да не се оптоварувам дур цица цица па кога ќе снемам млеко ќе се префрлиме на ад или до тогаш може ќе почнеме и со кравјо или козјо. Што мислите што да правам? Ако вашето мислење е да земам пумпа тогаш каква да земам? Пак електрична или рачна?
Млекото нема да ти секне, ќе се навикнуваат градите на секое кратење подој како ќе почнувате со оброци. Ако молзиш само проблем ќе си направиш според мене. А веќе немаш потреба да оставаш млеко за чување кога веќе јаде, ќе му дадат јадење
Не мораш да се молзиш само затоа што имаш пумпа па да даваш сигнал за поголемо производство, само ако имаш потреба. Јас би земала некоја рачна евтина колку да имам за секој случај, ете така за зло време што се вика, 6 месеци е бебето, да е година па да не ти се најде пумпа. Јас имам медела рачна таа е скапа (колку евтините електрични чини), ама има до 1000 поевтините. Брка работа, јас лично повеќе вадам со рачна него ли електрична.
Колку ја зема ако не е тајна на медела рачната? Најдов една рачна (не на медела) 1500 ден. многу ли е за пумпа или ок цена е?
Јас ја земав 3400 ама со цуцла за шишето и уште некои додатоци, кеси, влошки неколку како комплет беше. Инаку околу 3 илјади е во просек мислам по аптекиве како што гледав на ананас, провери. Види и другите рачни како се движат сега се има онлајн. Чико, авент и медела се околу 3, другиве поевтини се.
Продавам Авент премиум електрична пумпа 6000 денари. Пумпата е користена 3 месеци и сум презадоволна. Веќе не дојам и не се молзам па затоа ја продавам. Ако е некој заинтересиран нека ми пише.
Продавам многу малку користена Пумпа Филипс Авент купена во Август. Пумпата е многу практична и лесна за користење. Со важечка гаранција од 2 години. Гратис ќеси за млеко Авент и чај за доилки. Цена 4000 денари