Продавам електрична пумпа за измолзување Philips AVENT, купена пред три ипол месеци, има гаранција 2 години. Пумпата само е пробана, не е користена бидејќи не ми дојде млеко. Ако некоја е заинтересирана нека ме контактира. Поздрав
Дали некој ги има користено пумпите на Haakaa? Ми изгледаат ептен добри па ако има некој искуство нека сподели. https://haakaa.mk/product-category/doenje/
@rainbowec е да има и пумпи ама немам искуство со нив, јас на филипс авент розевата ја имам и сум презадоволна а од хака школката е врвна за собирање млеко, до 5ти месец со нејзе бев дење ноќе за да имам залихи во фрижидер - мн ми беше корисна мене Еве линк од пумпата рачна на хака ако има некој користено нека сподели пошто убава цена е https://haakaa.mk/product/silikonska-pumpa/
Не е пумпа ни ова иако така ја презентираат, на вакум е, нема pull and release, влече под постојан вакум на голем дел од брадавиците. Нема опција за масажа, прилагодување на јачината, нема други инки и нема да има ни приближен резултат како со електрична пумпа.
Јас ги имам и пумпата и колекторот бубамара. Колекторот не прави голем вакум и собира баш тоа што тече од другата града. Не прави додатна стимулација да речам. Колекторот супер ми се најде на почеток дур течев од сите страни. А пумпата прави вакум како ќе си го наместиш ти, посилен, послаб. Јас ја користев многу кога се молзев со електричната. Имав електрична филипс авент розевата. Молзев од една града а на другата ја ставав хааката, па после ги менував градите и така побргу молзев поголема количина. Само со хааката како примарна пумпа не би користела.
Ако сакаш да дадеш пари, подобро земи пумпа, ова не прави стимулација, мене лично 2 пати не ми тече многу млеко од градите само, ова не би ми бркало работа, додека до медела рачна сум вадела доста млеко.
Да да како што пишаа погоре, не е пумпа. Јас мн ја користев школката ама не се споредува со електрична пимпа всушност друга и е и намената. Погоре ти пишав првите 5месеци додека доев од едната ја ставав на другата за да си правам залихи а на почетокот и да стимулирам пошто има вакум. После исто индодека измолзував со авентот на едната ја ставав на другата за побрзо да извадам количина ако брзам. Мене мн ми се најде пошто имав бебе штрајкувач па и текнуваше да ми прави драми и да ми бутка цице а да сака од шише. Така успеав со залихи да не преминам на аптамил и да останам на екскузивно доење
Можеш да ми пратиш слика да видам за која пумпа станува збор (philips розевата) и каде може да се купи? Не знам дали уште пред да се роди бебе да земам пумпа или да видам прво како ќе оди хранењето, дали ќе цица и дали ќе има доволно млеко… или да почекам? Од ваше искуство што е подобро?
И јас ја имам розевата, ја купив од Зегин, тогаш беше на попуст. Мој совет ти е да не купуваш пред време поготово ако се одлучиш за оваа зошто не е баш евтина...породи се, почни со доење види како ќе ти оди па ќе си земеш. И јас истото го направив, околу 2та недела од пораѓај ми ја зема сопругот. Оваа е пумпата @rainbowec
А оваа нели ја бива, пошто исто е електрична а цената е дупло поевтина од розевата? Што ја прави розевата подобра од оваа?
Јас би земала за почеток некоја поевтина, дали рачна или електрична, има во локо кроко евтини. Мене само на почеток ми требаше повеќе пумпа, кога имав голема продукција на млеко, а бебе не цица (доволно). После тоа ретко користам, скоро ич зошто не чувам залихи млеко. А и не сум за молзење констатно ако доиш (како што кажав освен за олеснување или за да искочиш), затоа што можеш да си направиш проблем со хиперпродукција на млеко, така да, пумпа е потребна ама не и неопходно скапа инвестиција.
Баш сега ги споредував двете, и не гледам некоја голема разлика, може розевава плус некое делче да има, е сеа дали заради инката се разликуваат не знам, ама да сум ја забележала(ако ја имало пред 2 год) зеленава, таа би си ја земала. Вака како што ја гледам супер би си ја вршела работата. Читни за двете направи споредба па ќе се одлучиш.
Мене како ме има спасено пумпава, имав премн млеко, на неколку пати маститис ќе фатев, мн ми се запушуваа каналчињата и ќе се измолзев па давав да цица. Јас во година ипол доење, ниту една ќесичка немав зачувано млеко, не правев залихи, немав потреба. Не дека со некоја поевтина немаше да завршам работа да се молзам, туку тогаш така испадна, за оваа читав ја фалеа и ја купив, а реално и јас бев пре задоволна.
Јас решив да земам рачна медела овој пат, минатиот имав електрична томи типи што ја користев исто малку и некако џабе парите осеќав дека се. Сега поминаа 6 год и шубе ми беше истата да ја користам, меделава исплатлива инвестиција беше, пробав и со електрична од лококроко ми позајмија, меделава поубаво ми вадеше млеко.
Не знам точно која е разликата со розевата, ама јас ја имам оваа и сум многу задоволна, веќе 5 месеци ја користам.
Ако одиш накај Солун или може некој да ти ја купи, филипс розевата е пола цена од кај нас, јас пред една година од таму ја купив. Не знам што е разликата од зелената, јас оваа конкретно како најфалена ја избрав https://www.mothercare.gr/frontida/...-hlektriko-thilastro-natural-response/0747652