Здраво мамички Може ли некоја да ме посоветува за пумпите за измолзување. Дали да купам пред да се породам? Дали е неопходна за сите, или прво да почекам да се породам па да видам дали имам потреба од пумпа? Или како и да е ми треба? Ви благодарам однапред
Породи се па види. Немора да фрлаш многу пари. Јас сум задоволна од рачната на чико, околу 2000 ден е. Ама реално воспоставив лактација без неа ( ја купив после месец, месец ипол) ја користам за да измолзам ако излегувам некаде да го нахранат бебе, или ако шетаме да не барам места за доење. Се си е засебен случај. Може ќе ти треба може не
Здраво. Знае ли некој каде може да однесам Медела мини електрична пумпа на сервис? Пумпата се уклучува но одеднаш престана да прави вакум. Што може да биде?
Пумпа за одмолзување се купува по потреба, мое мислење после породување кога мајката ќе согледа дали има потреба или не од таква направа. Мене бебката ми ги исцицуваше градите па немав некоја потреба од почеток. Имав рагади на градите и една цела вечер си минав молзејќи за да не цице бебето а и давав од шише, во тој случај ми послужи пумпата. Ја користев и кога требаше да измолзам количина млеко за да има што да и дадат кога морав да ја оставам на чување со некој друг. Значи ретко и по потреба ја користев а не секојдневно па затоа работа ми заврши и обична пумпа од 200 денари. Знам примери кога бебето е на мајчино млеко ама го пие од шише, е во такви случаи си треба квалитетна по можност електрична пумпа.
Провери мембраната што е дали е добро наместена. Мене ми се случи истото, па прочитав и кај мене вака се среди. Ако не најди ги застапниците на медела на фб и прашај.
Имам прашање, добив Медела ел. пумпа (ми ја позајмија) но ми треба поголема пластика. знаете ли каде може да најдам?
Јас прашував во еурофарм, ама они немаат на лагер ништо. Ми рекоа да се обратам кај официјалните претставници на медела да прашам. Во меѓувреме се снајдов, си купив од бугарија.
Има во Бебе Хоум или Киддо...јавете се ,имаат тел.број на страната на фб и ќе ви кажат кои величини ги имаат. А можете да пишете на официјалната страна на Медела Македонија, и они можат да ви понудат.
Мајкички оти не можам да измолзам млеко се нервирам ептен имам бебедор и медела рачни ама од 30 мл појќе не вадам. Како е можно не знам. Бебе цица и го слушам дека голта
Најмногу ме нервира тоа што јас градите не ги осеќам празни после молзење. После доење да после молзење не.
Јас забележав дека поубаво се молзам ако грбот ми е исправне(стоејќи или сњдната ама не потпрена) и упорност, да не се откажуваш после првите 5минути зошто некогаш рефлексот ми се отпушта дури после одредено време.