Се дечко ми зборевме баш за оваа тема, за пумпи за пенис но ни двајцата не знаеме баш многу околу оваа тема. Затоа би сакала да ми каже некој нешто повеќе на оваа тема
Со помошта на пумпата го истиснувате воздухот од цилиндарот и стварате вакуум. На тој начин крвотокот на пенисот се забрзува силно и пенисот видно се зголемува. Откако ќе го постигнете саканиот резултат, отстранете ја пумпата. Употребувајте лубрикант на водена основа за да може пумпата целосно да прилепне на телото и да овозможи квалитетна и правилна употреба. Околу 1500 денари е, а вака изгледа http://img684.imageshack.us/img684/6803 ... 160744.jpg
Но оваа пумпа е за постари лица кои имаат проблем со ерекцијата колку што знам јас, а знам бидејки ја има таткоми. А да ви ја кажам случката како дознав дека ја има. Тој ја беше нарачал за да му ја достават по пошта, но проблемот настана кога пумпата пристигна морав јас да ја примам бидејки мајками во тој момент пиеше кафе со соседката. кога заѕвони поштарот мајками заборавајки на нарачката ми рече оди види кој ѕвони. Кога ја земав пратката за среќа ја однесов кај мене во соба а не кај мајками бидејки ако ја отвореше пред соседката ќе беше интересно. Признавам дека во прв момент помислив дека е некој предмет за во кујна ми личеше на калап за толумби, но потоа ми објасни мајками за што се работи.
Сум ги видела како изгледаат на сајтот на Валијант, но сакав да знам дали воопшто е од корист употребувањето на таа пумпа или е само маркетинг трик за пари. Сепак фала на одговорите