Здраво сакам да прашам дали тука во мк има некаде путер од кикиритки можеби има некаде во скопје низ големите маркети ама јас не сум од ск
Има во Веро и Тинекс тегличка путер од кикирики. Мене лично не ми се допаѓа многу јак вкус има, а и многу луѓе се склони на алергија од путерот од кикиритки.
Имам пробано, и вкусен ми е. Ама ако би го јадела почесто знам дека би ми станал одвратен. Чуден е вкусот но и убав, само за поретко уживање.
Ние дома никогаш не сме купиле, ама имам јадено кај другарка. Мене многу ми се допаѓа, тогаш јадевме намачкано на двопек и малку мед одозгора. Повкусно нешто немам пробано.
Имаме купено само еднаш и тоа од Тинес од Ск на враќање за дома на моја иницијатива. Тетин ми од Врање многу сакаше да го јаде, па ајде реков да го пробаме и ние тоа чудо што го фалат толку. Вкусот па не е лош, нешто измеѓу кикиритки е и соленки што имаат малку кикиртки(ако знаете за кои зборувам) Малку е густ, и воопшто не ми оди со леб, или дека не јадам леб не ми оди, не знам, ја си го сркав со лажива. Ни требаше месец за да го изедеме и никој освен мене не го јадеше.
Кај нас мислам имаше некој грчки и на витаминка мислам дека имаше. Мене ми е убав само така со прст да си брцкам и да си лижам нејќам да го мачкам на ништо ниту со него да мачкам нешто. Ама и тоа ретко, не ми е нешто омилен па постојано за да купувам
Путер од кикирики прв пат пробав кога бев многу мала, и уште од тогаш си јадам многу. Од Грција е првиот што го имам купено, кај нас немаше тогаш. Јак вкус има многу, незнаеш дали солен или благ. На лепче е убаво, ама убаво е да се намачка кога се чува на собна температура, не во фрижидер бидејки во фрижидер е тврд и ладен и воопшто не е вкусен.
Вкусен е, не дека не е, само неможам да го мачкам на леб како мармалад секој доручек и вечера како што прават американците. Има во многу суермаркети кај нас, само бар јас колку што приметив многу се големи пакувањата за мој вкус. Еднаш купивме, дури рокот стигна да му помине а не го дојдовме. Од тогаш не би купила. Еднаш се јаде на 3 недели. А и премногу е калоричен
Пробајте да направите еден вид на сендвич,од едната страна ќе намачкате путер од кикирики,од другата некој крем,по можност Нутела. Језда е калорична бомба,ама е преубаво.
не сум го пробала нит планирам поради тоа што сум алергична на кикирики но многу калорично ова путеров ...
Лелее сега читам дека е мн калоричен и баш се чудам зошто тогаш го препорачуваат во диетите? Инакууу ммммм го обожавам особено на бисквити,галети или двопек
Jас го мачкам на две парчина леб,сечам банана на тркалца и ја ставам мегу парчината леб и тостирам Mногу ми е вкусен така или пак со мед малку одозгора
Добро само мене не ми се допаѓа путеров или што е работава? Еднаш купив,демек да пробам,баш ме интересираше каков вкус има,ама ете го уште си стои така.
Ми се допаѓа, иако не е за секој ден, калоричен и мрсен бајаги. Ама убав, интересен вкус. Го пробав намачкан на бисквитче, со малку мармалад од кајсии одозгоре. Со чашка млекце оди божествено.
Немај гајле,тоа се здрави калории и здрави масти,не се заситени,така да,моеш и секој ден да го јадеш и да не осетиш никакви негативни последици по телото,плус има декстроза(гроздов шеќер) .
Ептен ми е убв ама ретко го купувам, зш дома само јас го јадам. Дури и така да си сркнеш малце фино е, a бидејќи е јак држи ситост. Последниот пат си најдов еден рецепт, милина. Значи вака, мачкате лепчиња со путер од кикирики и одозгора сецкате банани. Ако сакате може и некое парче чоколада да ставите или оревче. Ги поклопувате лепчињата, како сендвич и да дојде, и ги ставате во тостер. Бидејќи едно време без тостер бевме дома, јас ги ставав во тавче и одозгора стискав со нешто друго, што се наоѓа низ дома. За две минути сте дотови, а ептен е вкусно, посебно малце подрастопен кога е путерот.