babylove овошни кашички

Путер од кикиритки

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од The.Pink.Angel, 7 август 2012.

  1. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Здраво сакам да прашам дали тука во мк има некаде путер од кикиритки можеби има некаде во скопје низ големите маркети ама јас не сум од ск :worried:
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.064
    Допаѓања:
    8.636
    Има во Веро и Тинекс тегличка путер од кикирики. Мене лично не ми се допаѓа многу јак вкус има, а и многу луѓе се склони на алергија од путерот од кикиритки.
     
  3. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Имам пробано, и вкусен ми е. :) Ама ако би го јадела почесто знам дека би ми станал одвратен. Чуден е вкусот но и убав, само за поретко уживање. :D
     
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Ние дома никогаш не сме купиле, ама имам јадено кај другарка. Мене многу ми се допаѓа, тогаш јадевме намачкано на двопек и малку мед одозгора. Повкусно нешто немам пробано. :P
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.070
    Допаѓања:
    6.346
    Пол:
    Женски
    Имаме купено само еднаш и тоа од Тинес од Ск на враќање за дома на моја иницијатива.
    Тетин ми од Врање многу сакаше да го јаде, па ајде реков да го пробаме и ние тоа чудо што го фалат толку. :o
    Вкусот па не е лош, нешто измеѓу кикиритки е и соленки што имаат малку кикиртки(ако знаете за кои зборувам)
    Малку е густ, и воопшто не ми оди со леб, или дека не јадам леб не ми оди, не знам, ја си го сркав со лажива. Ни требаше месец за да го изедеме и никој освен мене не го јадеше. :) :)
     
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.459
    Го обожавам ! За доручек на галети намачкан, и малце бананка одозгоре мх..
     
  7. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Путер од кикиритки никогаш немам купено ниту ќе купам затоа што ја не јадам путер.
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    49.267
    Кај нас мислам имаше некој грчки и на витаминка мислам дека имаше. Мене ми е убав само така со прст да си брцкам и да си лижам :tmi: нејќам да го мачкам на ништо ниту со него да мачкам нешто. Ама и тоа ретко, не ми е нешто омилен па постојано за да купувам
     
  9. wildness

    wildness Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Путер од кикирики прв пат пробав кога бев многу мала, и уште од тогаш си јадам многу. Од Грција е првиот што го имам купено, кај нас немаше тогаш. Јак вкус има многу, незнаеш дали солен или благ. На лепче е убаво, ама убаво е да се намачка кога се чува на собна температура, не во фрижидер бидејки во фрижидер е тврд и ладен и воопшто не е вкусен. :)
     
  10. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    188
    Вкусен е, не дека не е, само неможам да го мачкам на леб како мармалад секој доручек и вечера како што прават американците. Има во многу суермаркети кај нас, само бар јас колку што приметив многу се големи пакувањата за мој вкус. Еднаш купивме, дури рокот стигна да му помине а не го дојдовме. Од тогаш не би купила. Еднаш се јаде на 3 недели.
    А и премногу е калоричен [​IMG]
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blue.jeans

    blue.jeans Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    34
    Има како нема,јас од шик си го купив дури го има и во веро.
     
  12. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    687
    Пробајте да направите еден вид на сендвич,од едната страна ќе намачкате путер од кикирики,од другата некој крем,по можност Нутела. Језда е калорична бомба,ама е преубаво.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    634
    не сум го пробала нит планирам поради тоа што сум алергична на кикирики но многу калорично ова путеров ... :|
     
  14. teat

    teat Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Лелее сега читам дека е мн калоричен и баш се чудам зошто тогаш го препорачуваат во диетите? :(
    Инакууу ммммм го обожавам особено на бисквити,галети или двопек :)
     
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.885
    Jас го мачкам на две парчина леб,сечам банана на тркалца и ја ставам мегу парчината леб и тостирам :mm:
    Mногу ми е вкусен така или пак со мед малку одозгора :)
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  16. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.093
    Го обожавам :inlove: Од Веро го купвам Пами. Има smooth и crunchy. ОКолу 150 тина денари е :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      14,3 KB
      Прегледи:
      250
  17. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    567
    Добро само мене не ми се допаѓа путеров или што е работава? :)
    Еднаш купив,демек да пробам,баш ме интересираше каков вкус има,ама ете го уште си стои така.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.524
    Ми се допаѓа, иако не е за секој ден, калоричен и мрсен бајаги.
    Ама убав, интересен вкус.
    Го пробав намачкан на бисквитче, со малку мармалад од кајсии одозгоре. Со чашка млекце оди божествено.
     
  19. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.032
    Пол:
    Машки
    Немај гајле,тоа се здрави калории и здрави масти,не се заситени,така да,моеш и секој ден да го јадеш и да не осетиш никакви негативни последици по телото,плус има декстроза(гроздов шеќер) :) .
     
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    5.257
    Ептен ми е убв ама ретко го купувам, зш дома само јас го јадам. Дури и така да си сркнеш малце фино е, a бидејќи е јак држи ситост. Последниот пат си најдов еден рецепт, милина.

    Значи вака, мачкате лепчиња со путер од кикирики и одозгора сецкате банани. Ако сакате може и некое парче чоколада да ставите или оревче. Ги поклопувате лепчињата, како сендвич и да дојде, и ги ставате во тостер. Бидејќи едно време без тостер бевме дома, јас ги ставав во тавче и одозгора стискав со нешто друго, што се наоѓа низ дома. За две минути сте дотови, а ептен е вкусно, посебно малце подрастопен кога е путерот.