Решив да дадам уште една шанса на путерот од кикиритки. Каков е на вкус оној од Кипер на Pamita? Барам нешто потечно, да не е ептен тешко за јадење. И освен овошје со што го комбинирате?
Ако е тој грчкиот, тој е полн адитиви и е како еурокрем, тврд е доста. Потечен е тој од КАМ, и поевтин. Кога се двои маслото, поприроден е. Треба да се измеша ако е издвоено. Мене ми се допаѓа и путерот од кикирики на Бонита, од него има и во ќесички како за проба, од Рамстор ги зедов Го комбинирам во овесни каши, чиа пудинзи, протеински палачинки, здрави благи, го ставам во шејкови, често и за децава мачкам леб со путер од кикирики и домашен џем од сливи или кајсии.
Апсолутно можеш. Јас дома кога го правам ми станува дури и течен како мед што ми е хомоген. Ама па јас ич не сакам таков. Инаку луѓее непребол ми е путерчево од Стокомак. Никаде не можам да го најдам. Значи имаше "мазна" верзија и имаше ваков кранчи внатре со чоколадо. Овој со парченца не знаете каков беше преубав и сега го нема. Го донеле овој погоре што е постиран.
Како правиш домашен путер...може ли во обичен сецко или треба некој по професионален уред...и какви кикирики користиш....
Несолени бланширани. Некогаш знам и сама да си ги испечам дома па да ги излупам. Треба доста јак процесор. Ние имаме мултипрактик на Bosh. Знам дека има доста што си го зезнале апаратот правејќи путер. Мојот нема проблем бидејќи е појак, сум пробала и со лешници исто убаво излегува. Јас не ставам ништо друго, само кикирики/лешници. И го исклучувам неколку пати за да ја измешам смесата. Трае подолго процесот додека да стане течен.
Неодамна го имаше овој во Стокомак, ама беше краткотрајна понуда, некој ако знае кај може да се најде, нека пише. Таман е соодносот и текстурата.