го пробав во Америка и воопшто не ми се свиѓаше... ист вкус ми има како мелени кикирики, и тоа сеа на леб да го мачкам сакам кикирики, ама како нешто за грицкање, не мора да може да се мачкаат не знам кај нас каков му е вкусот, може треба да пробам со џем (the american dream)
Го има насекаде, како не Мајка ми држи диета и го јаде за доручек на парче црн леб. Вкусен ми е, ама не е нешто што би го јадела секој ден. Ќе пробам со банана да видам како ќе е
Ми се чини имам некаде пишано дека само еднаш пробав и воопшто не ми се допадна. Мајка ми купи една тегличка за проба, и едвај ја дојадовме. Уште па и на леб мачкано Туку... ... држи диета и јаде путер од кикирики? Јас колку што знам путерот од кикирики има доста калории
И јас се мислам за тоа искрено. Ама па доктор и ја даде диетата, веројатно знае повеќе од нас А ко за чудо имаше и резултати и тоа добри, 6 дена ја држеше - 6 килограми симна
прв пат кога го пробав некако чудно ми дојде , сега јадам намачкан на бисквити, со крем одозбога исто како сникер да јадеш
путер од кикиритки каде можам да го најдам(дали го има во маркети)? цените како одат..? и кажете некои лесни рецепти благи солени..дали може да се користи како сос.. ајде да ве видам ..!
путер од кикиритки баш ми е убав путерот од кикритки и во америка многу го јадат,мислам, инаку го има во поголемите маркети, за цена не ме прашувај јас не пазарам а рецепти намачкај на лепче и јади инаку има едни солеки ,,Pardon,, се викаат има такви обични и полнети со путер од кикиритки (моите омилени )
Мислам дека го имаш во сите Веро маркети, таму би требало да го има. Инаку преубав е, го обожавам за појадок е одличен !
Јас си зедов пред некое време,искрено со леб не ми се допаѓа,преубаво е со бисквита,еурокрем и банана тие комбинации ги имам пробано
Дали сум единствениот чудак што обожава путер од кикирики и го јаде директно од тегла, со лажичка? :geek: Инаку, го јадам со солени гризини или експериментирам со рецепти.
У веро имаш од 3 различни марки, свислион, некој грчки и мислам дека еден беше некој наш. НЕ се многу скапи до кај 100 денари е едно тегличе, ама мене не ми е нешто посебен искрено, многу ми е силен за да го јадам со палачинки или со леб, па го јадам со лажичка само така, како мезе буквално по малку.