Мммм највкусно нешто. Јадам и купечки но преферирам домашен, кикиритки во блендер со кафена лажица медче= фантазија
Го пробавте ли тој од Кам, некако многу течен ми се гледа. Кога ја зедов тегличката да го разгледам се слеваше од една на друга страна, а нормален путер не би требало да биде толку течен. Пишува дека е 100% од кикиритки, ама мислам дека не е точно затоа што ако е само од кикиритки би бил посув и збиен. И многу ефтин ми се гледа за да биде само од кикиртки.
Путер од 100% кикиритки е потечен поради маслото што го испуштаат самите јатки. Порано земав путер од "Сурово и вкусно", потечен беше отколку овие по маркетиве, конкретно на ПАМИ што е. Сега земам од ДМ нивниот, секогаш маслото е издвоено од сувиот дел, па морам убаво да го мешам пред да го јадеме, и потечен е малку. Ама ако го чуваш во фрижидер, ќе се стегне.
Евтин е затоа што КАМ ги условува производителите да ги симнат цените, со тоа тие добиваат огромна потрошувачка на нивните производи, а КАМ добива одлични цени. Прават строги контроли на што смее и не смее да содржи производот, и ако отскокнува од нивниот стандарт за квалитет ќе го прекинат договорот со тебе и ќе дадат на друг производител, а тебе никако не ти се исплати тоа. Да ги има твоите производи во веро, рамстор и тинекс заедно, не вреди колку да ги има само во КАМ. Затоа КАМ секогаш ќе има поквалитетни производи со пониски цени од другите маркети.
Ги имам пробано. Мене не ми се допаѓаат. Има уште една фирма за путер од кикирики во Веро. Таа е подобра.
Не јадам путер од кикирики, ич не ми е вкусен, ама децава го сакаат. Најубав на вкус ми беше путерот што го купував од „Сурово&Вкусно“, ама сега не работат веќе, па морав да најдам соодветна замена. Путерот на ДМБио е убав, иако се дели маснотијата, но со мешање се изедначува. Мана му е што брзо се расипува ако не се изеде/искористи за кратко време. Исто и од КАМ ми е убав, попрактичен е, оти помало е пкувањето.
јас во маркт маркет го купувам ама би требало сегде да го има по маркетиве,зошто био космос знам сегде се продава
еве читам во состојки пишува: кикирикти,хималајска сол. Толку. Нема зејтин сигурно,не е мрсен,по течен е, сигурно е само блендиран со вода и природното масло од кикиритките.
Малце оф, ама... јас констатно купувам, сите поени ми се префрлаат на картицата. Не сум имала проблем со нивните поени.