Порано не јадев, но сега ми е превкусен и понекогаш знам директно од тегло да јадам. Го ставам во овесна каша заедно со мед и го јадам со банани.
Јас го сакам потечен и најмногу го земам овој: Од Кам е, околу 40-45 денари, 200 гр. Друг што неодамна ми фати око и е сличен на овој е тој на Виталиа: Околу 100че е, често е и на попусти низ маркетиве. Следен ќе го пробувам на Couch Josifs, ми личи сличен на овие. Овој го имам видено само во Веро, околу 120/130 ден. Битно да е потечен и 100% кикирики.
Барај мус,не путер. Не знам во Мк каде и дали има,единствено на Био Космос ми текнува или некои хелти фуд бистроа што имаат преси и сами произведуваат. Путерот содржи екстра масла и додаден шеќер,додека мусот е чист 100% кикирики.
Е тоа е зезнатиот дел, јас го купувам од нивниот локал во Дебар Маало. Претпоставувам дека може и да се нарача во некои од локалите кои што соработуваат со нив, ама не сум сигурна. Инаку имаат и путер од лешници и бадеми. Многу, многу вкусни. Топло препорачувам на сите кои сакаат погуст путер, со парчиња од јатките.
Jас баш во жито видов и од бадеми и лешник, ама цената им е околу 250 денари, за мала тегличка. Само два три пати да пробаш.
Ао, знам на кои мислиш. Имам земено пред неколку месеци од лешник, многу сакав да пробам, ама многу е течен путерот, како на база на вода да е и не ми се допаѓа. Башка скап за таа грамажа. Во меѓувреме иначе ги прочепкав на инста и видов дека вршат и достава. Пиши им, види им ја понудата