Има некој да си направил асален путер дома? Пробав и кикириките ептен ситно ми се изблендаа, беа како прав, но не како намаз. Мора ли да се додаде масло? Сакам да ми е само кикирики. Има некоја финта?
Колку што имам гледано видеа, кикириките сами пуштаат масло. Чудно е што ти испаднале како прав... Да не е до блендерот? Јас пак барам блендер што е соодветен за правење путер по дома. Знае ли некој на што треба да обрнам внимание? Дали на моќноста или на типот на сечила? Другарка пробала во Nutri bullet ама неуспешно, иако е 600 W. А на youtube има видеа и со рачен бчендер од 400 W Pls некој ако има инфо на темава нека сподели ☺️
Срамота е со овој никнејм да ме нема на темава. Не треба масло, ти треба food processor, со блендер е многу потешко. Треба трпение и доста време да се блендаат. Уште поубаво е ако додадеш печен лешник.
Само едно блендање истерав, а изгледа треба многу повеќе. Односно неколку пати треба да блендаш, па со лажиче да ја вратиш смесата во средина, па пак да блендаш, и така неколку пати. Блендав со сечково, ама изгледа прерано се откажав во процесот. Ќе експериментирам деновиве пак, може и со лешници да пробам, па и со какао.
Food processor не е скапа работа, а ненормална работа ќе ти брка по дома, ренда, меле, сѐ прави. Можеш и со сецкото, само доста побавно е. Ај кажи како ќе ти испадне нареден пат.
Може ли да дадеш препорака за добар food processor? Како технички се преведува на МК? Пошто има блендер, има сецко... Ова е веројатно нешто сосема трето
Направив пред некој ден, пробав со само 100 гр печени кикирики, на крај супер испадна, само многу малце, си реков дај со малце да пробам пак, да не фрлам безвезе кикирики. Не е толку споро со сецково, по пола минута блендав 5-6 пати, ама па мислам дека со повеќе грама кикирики ќе цркне, ми замириса малце на пластика. Ова сликава е од утредента, го остаив да си седи во пластиката од сецкото, зш немаше поента толку малце да префрлам.
Јас користам од Стокомак, со портокалово капаче е.Или од Кам на Амиа.И двата вршат работа.Мене за во смути ми е.Сум јадела и вака на лепче или палачинка, ама ептен е брашнесто и се удавувам
Најубав ми е путерот на Био Космос, малку е поскап ама бидејќи е 100% кикирики, потежок е за јадење и нема потреба од голема количина. Него го користам за peanut butter and jelly, некогаш и во некој сендвич. За готвење, тој од Тинекс со синото пакување. Иначе путер од кикирики може да се направи и во толчник. Не се исплати замарањето, ама fun e.
Исто. Ако не од тој, го сакам овој: Кранчи неќам за некоја причина и други шо имам пробано ми биле мех. Ама биокосмос и овај ми се топ. Видов дека има и во кофичка од биокосмос и така планирам следно да си купам.
И мене ептен ми се допаѓа овај од КАМ, не сум ги пробал овие од биокосмос и ДМ, ама и на овој од КАМ во декларација пишува 100% кикиритки.
Na Pami e najvkusen. Drugite shto sum gi kupila bile loshi, edinstveno meshani so eurokrem mozhev da gi jadam.