Путерот од кикиритки на КАМ дали содржи палмино масло? На пакувањето не пишува ништо а цената е одлична за 340 гр
Не е лош путер од кикирики, ама домашен во купечкиот ставаат свашта, најубаво сами направете си, иначе имам пробано и од лешници и не го менувам за кикирики, се е до вкусот ама мене поубав од лешници ми нема
Многу бев скептична за путеров пошто ми звучеше чудно, ама 10/10 е. На рижови галети со некое овошје, многу добар десерт/ужина. Преферирам природен кикирики путер затоа што природни намирници се подобри, но некогаш за додавање на повеќе протеини во брза ужина, многу ми одговара.
Од Кит Го маркет го земав оној со сецкани кикиритки, до сега ми е најубавиот путер, најважно ми е што е без палмино и глутен. Оваа комбинација ми е најубава, плус додавам и крем-мед од јагода
Никогаш не сум била фан на путер од кикирики ама овој го видов случајно и дека сакам кокос, решив да му дадам шанса За ужина со овошје ми е преубав
У Маќејадонија има само еден асален наш путер од кикирики, кај шо знаат да печат ама да не ги препечат кикириките и тоа е Бонита, другото се е џубре.
Ако не сте го пробале путерот од кикирики и кикирики и лешници од Кето Култура топло ви го препорачувам Може да се нарача онлајн https://www.instagram.com/muskultura.mk/ а го има достапен и во неколку продавници (Моринга Аеродром) и преку пакет.мк Тука може и дополнително да се инспирирате за рецепти https://www.instagram.com/nourish_diaries/
Од Кам и на мене ми е превкусен а и тој протеинскиот Go On со карамела. Тој од кокос го меркам одамна ќе го пробам и него
Дали ќе ти е проблем да ми сликаш или кажиш дали има стевиа? Да знам дали да го барам по маркетиве воопшто зошто ми смета страшно стевиата. Фала.
Старо мислење е, но мислам дека прекинав да го користам затоа што се одлучив да избегнувам вештачки засладувачи (лична преференца, не дека имав проблеми), така да 99% сум сигурна дека нема стевиа, туку од оние вештачките што ги обичаено има во протеински продукти.
Јас сум од оние гревчињата шо а пиши шугр фри, веројатно ќе се подујам ко балон и ќе имам грчеви и строго се држам до био космос путерот зошто е само кикири+сол. Кога сакам да се разгалам земам Леска. Ама то поќе ко поклон кон себе. Фала!