Дозволувате ли во вашиот дом гости да пушат цигари? Или доколку некој од домашните пуши, тоа го прави внатре во домот или на тераса? Ви смета ли? Незгодно ли ви е понекогаш да нагласите на некои гости дека не пушите дома доколку е тоа така? Јас пример не пушам, ниту брат ми, а мајка ми и татко ми пушат. Ама не пушат дома, зошто и нив самите им смета, поготово на татко ми. Тој пуши само на работа, а мајка ми си пуши на тераса, така си излегува и ќе си запали цигарче. И мене нешто што ме нервира е, еве пример сега, се дома кречено, перено, средено, и некој несовесен гостин ќе дојде и бааап сосе чевли, ајде ќе замижиш со едно око а срце те боли зошто два дена си рмбал теписи, и оп цигарата ќе запали, ни срам ни перде. Лелееее косата ми се крева. Па уште моиве кога ќе ми речат, ама знаеш близок ни е не можеш да му речеш. и ги гледам со фаца какооо бе не можеш ... Според мене, ако некој те почитува, никогаш во домот обуен нема да влезе, а за да запали цигара ќе праша најкултурно. Зошто кога мајка ми не пуши внатре, некој друг да се дрзне да го прави тоа? Немој да ме разберете погрешно, јас немам ништо против оние што пушат, и дечко ми пуши(тој дури два пати добил дозвола во соба кај мене да запали цигара), и цело друштво скоро ми пуши, и навикната сум јас, ама навистина сметам дека не е културно без воопшто да прашаш си влегуваш кај некој дома и си палиш цигарата. Тие таквите гости само со поглед ги поздравувам. И тоа страшен поглед Имаше пример еден случај пред некоја година брат ми беше многу болен, и мораше во дневна да е цело време, и кај нас и така не се пуши не па тогаш, и дојдоа гости и одма цигарите, и татко ми вака и вака детево знаете, и НЕ ГИ изгасија цигарите, туку се налутија и си отидоа. Дали е тоа човек што те почитува? не. Секако, двата дена во годината кога ни е слава, се прави исклучок
Јас,дада и тато ЈОК, а мама ДА Ај летно време отворена тараса,се лувтира,и самата си седи надвор. Ама зимно време уффф многу ми пречи,ама не ме интересира пак велиме да излезе,сепак сме 3:1 Ама ете и надвор ќе излезе,ама кога ќе се врати труе на цигари и што да и речам.... А за гостите нема НЕ,за жал тоа е тоа
Мајка ми пуши, така да си пуши дома нормално, ама во моја соба НИКАКО. Не можам на гости да кажам не, нема шанси иако мразам чад, мразам цигари, мразам што после тоа и мене ми мириса и коса и облека и се.
Додека живеев кај мајка ми неможев да ја сватам зошто вика да не се пушело дома, а сега кога сум јас таа што пере пердиња, што чисти, и се средува по дома, и да дојде некој и цигара да ми запали уффф не знаете колку тешко ми паѓа, ама среќа уште не е кречено, па здравје и тоа кога ке се среди и јас ке ги забранам 100% цигарите во мојот дом, и не само тоа уште мнооогу други работи, само уште малце
Јас не сум пушач, сопругот исто, неговите родители и сестра исто така. Кога ќе дојде некој што пуши, ако ептен запне да запали цигара, си оди на тераса. Јас имам дете со астма дома, уште чад од цигари му фали Пред да се мажам, кај нас дома мајка ми и татко ми секогаш кога палеле цигара излегувале на тераса, и зима и лето, терасата ни e затворена со прозори, и тука отсекогаш го пиеле кафето со цигара. Таа "практика" на татко ми му останала до ден денес. Скоро никогаш нема запалено цигара внатре во домот.
Ау никако. Колку сакаат нека се лутат ама дома да ми запали цигара нема шанси. Преемногу ми сметаат,јас почнувам да се гушам кога сум околу луѓе кои пушат Ќе си излезат поштено надвор,на тераса и нека си пушат таму. Среќа што во фамилија никој не ми пуши,ама баш никој. Дури немам ни роднина што пуши еј И така сум навикната од мала,веројатно и затоа ми сметаат толку цигарите.И кога ќе ми запали некој цигара околу мене абе ми иде да бегам што подалеку Искрено,не се сеќавам кога последен пат дома некој ми запалил цигара. И моите се против тоа и непушачи плус,така да добро е сега за сега .. Спојлер Исто и мене да не ме сфатите дека имам против луѓе што пушат. Против цигарите имам многу.
Ааа бљак .. татко ми порано пушеше цигари, али неможам да ја поднесувам таа миризба , сега во ред е , али кога дојдат гости.. уфф
Никој од мојот дом не пуши цигари. И за гостите не е дозволено баш.. бидејќи навистина ужасно мириса.Кој сака да пуши,ќе оди на тераса. Ако прашаат дали се пуши тука (а најчесто прашуваат) ќе им речам не се пуши тука не сме пушачи.Ама ако е зима неможеш да им забраниш.Ама обично кога ќе им речеш не се пуши си излагаат и надвор си ја вршат работата.Цигарите ме гушат.
Никако не е дозволено кај нас да се пуши цигари.Ние сме сите непушачи и тоа ни смета.Ептен исклучок за некои луќе што најретко доаѓаат или прв пат.Али за сите други пушење надвор.
Хаха гледам кај сите по дома до некаде се забранети цигарите. Е кај мене дома се строго НЕЗАБРАНЕТИ. моите пушат, јас исто така, па така да, кај нас кој и да дојде може слободно да си запале и да не се мисле.никој нема никако да го погледне. Татко ми избегнува да оди на гости во куќа кај шо не се пуше, пошо пуши по две, па и повеќе кутии дневно..така да, дома кај нас се пуши. Мене стварно некогаш ми смета пто нонстоп мириса на цигари ама што да му правиш. Да сум само јас, ке си пушам надвор, аза гости ке размислам и познатата реченица на татко ми: па на кој му смета нека си излезе надвор
Дома сите сме пушачи,така да кај нас се пуши!Денот започнува со кафе и цигари,така и ни завршува....А што се однесува до миризбата,јас сум пушач и не ми смета...А цигара на тераса ,само летно време и тоа кога малку ќе освежи,нели на свеж воздух...е па сега да не се пуши по дискотеки,да не се пуши во ниту една затворена просторија и да не палам цигарче и дома??? Онака оптегната на кревет,после ручек или после туширање....или вака читајќи Фемина,да треба да излегувам на тераса за да запалм цигара,ма шанси нема!!!Дома сум и сакам да си уживам,па макар и перела завеси и кречела почесто.... Кој е за турско кафе и цигарче (без да му отварам прозори и врати да проветрувам додека човекот седнал и сака да ужива во една или повеќе цигари) НЕКА ПОВЕЛИ КАЈ МЕНЕ!!!
Не сум пушач и цигариве ми пречат многу, ама и немам голем избор. Кај нас дома се пуши постојано, пушачи се и мајка ми и татко ми, а пушач е и дечко ми . Везден се карам со сите, дека стварно цигарите многу ми пречат ама ништо, кој ме слуша Кога не успевам за во дневна, за в моја соба колам-бесам ако некој влезе со цигара.
Кај мене дома пушење е строго забрането. Никој од домашните не пуши, а кога ќе дојдат гости пушат во двор Можеби им е малку непријатно, но јас сум склона на алергии и навистина ми пречи. Да не зборувам за мирисот кој и цела недела да проветруваш, не исчезнува. Секој си ги диктира правилата во својот дом.
фиууууууууууууу и сега Што?сакам да запалам цигара а дома не се пуши на тераса не ми се сти САКАМ ЦиГАРЧЕЕЕЕЕЕЕЕ
Се пуши, нема шанси мајка ми да ја изнесеш на тераса да пуши, си сака жената испружена пред ТВ да ужива со кафето Со тоа се помиривме сите по дома, ама затоа и е строго забрането да влезе со цигара во соби кај што се спие
Пушач сум,исто и мајка ми и поголемиот брат. Дома пушиме,што е нај нормално. Но секогаш кога одам на друго место,односно во некој дом ако не видам дека некој пуши цигара знам да си прашам дали смеам да запалам,ако не смеам верувајте дека не палам.
Цигари дома НИКАКО, СРОГО ЗАБРАНЕТО !!! Па неможам јас да мрзнам во зима или да се варам во лето, за некој дома ќејф да си тера, а потоа да луфтирам. Кој сака цигара, надвор !!!
Кај мене дома никој не пуши, а и ретко имаме гости пушачи (чиста околина ). Ама коа ќе дојде некој пушач, дозволено е. Обично прашуваат и дури и сами излегуваат надвор да пушат, а мене ми е непријатно тоа. Подобро ич не пали, отколку на тераса да излегуваш у сред гости, седенка. Иначе за да не се задржува мирисот од цигарите во соба, може да си запалите свеќа или во пепелникот да ставите сода бикарбона (го апсорбира мирисот). Проверено и докажано
Порано се пушеше во сите простории, ама сега стриктно на тераса. Зимоска може ќе дозволам и во трпезарија, ама ќе размислам. Ние дома не пушиме, па затоа имаме малку построги правила за гости