Кога никој дома не пуши,ако некој гостин запали цигара ми се чини ни треба недела да се проветри и да не ма мирис Значи смета,а и повеќето знаат дека не сме пушачи,па или ќе си прашаат или ќе излезат надвор на тераса.Значи ако си праша некој никогаш не сме рекле не,ама искрено ми смета мирисот
Bо Mакедонија кога и да дојдеше некој што пуши им кажувавме дека не сакаме внатре да пушат зашто имаме дете,и на тераса ги теравме,и немавме проблем,после ни дојде една тетка на поседок 2-3 недели и сега и кажуваме дека нас ни смета и ако сака да испуши цигара да оди на тераса и оваа нема проблем,другиот ден си седнала на маса дневна си запалила цигара и мува не ја лази,и кога и реков зашто не одиш надвор,нејзин одоговор беше ја отворила вратата од кај терасата и ке се излуфтирало. A девер ми како што не знае добро македонски,и рекол Hемој да ми пушиш дома,ке те избркам! После тоа почна надвор да си пуши цигара A овде кај што сум сега,нема шанси некој да те праша за да запали цигара внатре,сите си знааат дека внатре не се пуши и точка. Jас сум директна,ако запали и не праша,ке го пуштам надвор! A кога живеев со моите татко ми внатре пушеше и дневната ни беше тесна тогаш,и ако се пожалевме на миризбата од цигарите ни велеше дека многу сни имале осетливи носиња Tогаш сите по соба бегавме,мене ме нервира да ми мириса дома на цигари и чад
И јас и мајка ми сме пушачи, ама лете - зиме си пушиме на тераса. Иако сум пушач страшно многу ми пречи дом што мириса на цигари, се случило некогаш со друштво да запалам внатре (со отворен балкон) и пак завесите да се усмрдат и да не можам да спијам. На гости и да ми е дозволено, освен во екстремни случаи надвор да е минуси миљон степени, одбирам да пушам на тераса.
Јас(15) и брат ми(14) сме непушачи(што е и многу нормално на наша возраст). Ама затоа моите сакаат бе да запалат цигарче. Затоа кај нас нема проблем ако дојде некој гостин да сака да запали у терпезарија или кај татко ми во соба, ама кај мене во соба да ми влезе некој па и со изгасена цигара го бркам што подалеку. Во спалните и на моите им е строго забрането,затоа што јас заради проблеми со срцето не смеам да бидам околу цигари или пак луѓе што ги пушат. Е сега како резултат на тоа што моите внатре пушат и во зима и во лето и не отвараат прозор се дур не се изнадишат од чадот, кај мене дома нон-стоп се водат војни. Не можам ни вратата од спална за 2 секунди да ја отворам, а да не ми влезе таа ужасна смрдеа.
Нема пушење, Спојлер само шмукање Шала на страна, не дозволувам да се пуши. Главна причина е детето. Кој сака да си го уништува своет, не мора и здравјето на моето дете. Мм е пушач, понекогаш знае да застане на прозор и таму да запали цигара , но ретко му се случува тоа.
Откако знам за себе дома се пушело. Цигарите не ми сметаат, а не сум пушач. Татко ми веќе 10 години не пуши но мајка ми и брат ми се пушачи. Дома кога идат гости никој нема против за да запалат цигара. Исклучоци има кога е тазе кречено и слично. Но дома се пуши строго задолжително само во дневна (и вц)
порано и јас бев пушач и си пушевме сите дома . безразлика дневна детска во сите соби една другарка доаѓаше само за да пуши кај нас што страшно ме нервираше кај неа не смее , кај нас ајдеее пуши ич не се мисли ... Сега кај мене дома не се пуши точка кој сака нека запали ама на балкон . Смрдеата од цигарите тешко се искоренува па колку сакаш луфтирај Така да цигари дома НЕ!!!!
Дома кај нас не се пуши, иако и јас и мајка ми сме пушачи. Зима-лето ние излегуваме на тераса и таму пушиме. Не дозволуваме пушење дома. Зимно време, кога е ептен ладно, не ни пушиме толку, ладно ни е да искачаме на тераса Еднаш запалив цигара во соба и после 3 дена не можев да спијам во неа од што мирисаше! И прозори отворени и све, ма џабе е, мирисот останува. И од тогаш - никако пушење дома! Имам една другарка, и таа и мајка и пушат (многу) и пушат дома (а имаат мало станче). Луѓе, кога сум кај неа на гости се гушам! Па тоа не се гледа ништо од дим! Гадно ми е цигара да запалам таму од што е толку задимено! И кога ќе си дојдам дома од кај неа, верувајте дури и гаќите и прслукот ми мирисаат на цигари! Не знам како можат да живеат во таква куќа и да спијат таму. А башка тоа што другарка ми секогаш мириса на цигари, СЕКОГАШ, џабе и бањање и све кога штом ќе излезе од купатило се умирисува на цигари! Не знам како не им смета
Кај нас не се пуши! Татко ми пуши ама надвор и ко ќе дојди некој на гости ко ќе праша дали можи да пушам, ние му велиме НЕ Кој сака нека се труја сам јас не сум должна да му го дишам чадот
Со оглед на тоа дека сме пушачи со мм пушиме ама само во дневна соба. Кога е топло седиме и на тераса. Не ми смета затоа што собата е за дневен престој и гости, редовно си чистам и перам , користам освежувачи и тоа задоволство неможе никој да ми го скрати. Ако дома не се чувствувам убаво и задоволно со сите салтанати епа тогаш тамн работа да бидам роб на куќиштето во кое живеам. Додека беше мало детето нормално не дека не дозволував, туку и луѓето не пушеа па не ни прашуваа затоа што имаа осет дека имам мало бебе по дома (и ние не пушевме никаде освен надвор).
Кај мене дома има пушачи, ама внатре не се пуши.И мајка ми и татко ми излегуваат на балкон, лето/зима. Но кога и да дошле гости, им било дозволено да запалат внатре. Сепак не е пријатно и толку културно да му забраните на гостинот да не запали. Но има и исклучоци, доколку во истата просторија спие некој од домашните, или има мали деца и стари луѓе на кои има смета. Во станот каде што живеевме порано, јас и баба ми спиевме во дневната соба, и после гости требаа часови за тоа да се изветрее да може вечерта да се заспие.А сега во новава куќа, во дневната никој не спие,така да може да се пуши и никому да не смета. Но моите се навикнале и излегуваат надвор. А на пример кога ќе дојде на гости баба ми,за жива глава не сака да запали од култура и почит зашто знае дека не се пуши, за разлика од една тетка на татко ми која доаѓа и уште не седнала бара пепелник. Никој ништо не и вика,но таа никогаш немала обзир врз околината. За саат време ќе запали 5 цигари едно по друго,ќе ја задими цела соба и ќе замине. И после неа во просторијата не се седи додека не се изветрее, а повеќе и бидејќи тука не се пуши редовно и многу се чувствува. Јас и сестра ми сме навикнати на чисти простории, и знае да ни засмета. Во иднина во мојот дом и да има и да нема пушачи,сигурно нема да се пуши. Изволте на тераса
Кај мене нема пушачи и не е дозволено пушење во куќата. Ако дојдат гости си знаат дека не пушиме и си излегуваат во дворот или на балкун. Ако некој пуши одма може да се примети
Кај нас дома пуши само татко ми. Што му доаѓа еквивалентно на тројца нормални пушачи. Од што ми е згрозен мирисот на цигари, поминувам минимално време во дневната соба. Доволни се само 5 минути да поседам и да ми се умириса облеката, косата и кожата. Никакво луфтирање, перење, освежувачи за простории не помагаат. Чинам дека тој грозен, одвратен мирис е упикан во секое ќоше и парче од мебелот. Зимоска алиштата ни се сушеа во дневна, на сушара, поблиску до парното. Кога си ги земав моите чисти алишта значи, корнеа на цигари и морав пак да ги преперувам. Видов не видов, почнав да си ги собирам во мојата соба, на орбитрек, по закачалки, само да не ми мирисаат на одвратно. Кога му предлагаме барем сега со времево да излезе на тераса, го добиваме оној комунистички одговор - кога ќе си имаш твоја куќа прави си ти како што сакаш. Јас во мојата куќа нема да дозволувам да се пуши внатре. Толку ми е згрозен мирисот од цигари, мислам дека се трујам уште од бебе. Нема шанси значи, и исклучок нема да направам за никого. Во мојата соба им дозволувам на другарките, ама они имаат осет, 2-3 цигарчиња во рок од неколку часа. Тоа ајде некако се луфтира... ама другово. Јок бре.
Дома пуши само брат ми, но тој ретко е дома (студира во странство). До лани строго на тераса пушеше, но оваа година си почна да пуши и дома За гости дозволено е иако повеќето од гостите не ни прашуваат дали може. Многу ми е одвратен мирисот на цигари
Јас го мразам мирисот на цигари, ма ми идат нагони за повраќање кога стигнува до мене гадната реа. Кај мене дома не се пуши, единствено татко ми знае да запали по некоја цигара, ама многу ретко. И го прекорувам, па комотно си излегува надвор и никому ништо. Мајка ми пред неколку години беше болна - проблеми со дишните патишта, па свесен е дека може да биде штетно за неа и не прави проблем, инаку се сомневам дека би се наканил да излегува на балкон. Све за љубав бре, кога се сака се може. Е сега, за слави, празници и слични работи, дневната станува чадилница, абе оџак. А мене лично ми е невкусно да прекорувам гости и да изигравам паша - Ааааа, тука не се пуши, не, не, ќе си излезете надвор. - мислам, глупаво ми е стварно, па се снаоѓаме некако, отвараме прозорци, врати и ај се дише некако. И не ми е јасно, како можат да ги внесуваат тие отрови во себе !? Не можам да сфатам, ма никогаш и нема да сфатам, ама ајде - секој со желбите. Јас лично, си ветив дека никогаш нема да ставам цигара во уста. Немам ниту желба да си накалемам трошок и зависност плус. Кога некогаш ќе имам сопствен дом, мислам дека работите ќе си останат горе-долу исти како и сега. Се надевам дека и партнерот ќе биде како мене, па ќе се „давиме“ во мирисот на цигари само во такви некои празнични ситуации.
Кај нас никој не пуши. Татко ми на времето си палеше понекогаш но и тоа некогаш беше скоро никогаш, а сега ич. Неможе да поднесува цигари и е многу против нив. Мајка ми никогаш нема запалено, брат ми исто така. Јас пушам понекогаш кога сум излезена и тоа само со друштво. Така да домот никогаш не мириса на цигари. Единствено исто како кај Мишела и кај нас кога има прослави е тогаш може да биде димница ако се погодат барем 2-3ца пушачи. Но среќа најблиските гости што ни доаѓаат па и тие се непушачи . Полн погодок. Е сега пред некој ден имавме прослава дома и тетка ми дојде на гости. Е таа пуши но си имаше обзир жената. Мајка ми дури и рече нема потреба да излегуваш надвор, но таа културно си излезе и надвор пушеше. Ова го видов и пред некој ден кога бев на матурска кај братучедка ми. Еден човек ништо не рече само културно стана и излезе надвор. Е тоа го ценам. А ни се погодувале и гости кои ниту прашуваат дали се пуши и без обзир ја вадат кутијата и палат. Но моите никогаш не рекле не се пуши овде, дури понекогаш ги поштедуваат луѓето да излезат надвор и им велат запали овде. И највеќе го мразам делот кога гостите си отидат а јас да морам да седам во дневна. Иако и јас понекогаш палам, ама чадта ми смета.
Строго забрането! И за гости и за домашни. Пушење цигари исклучиво на тераса. Им го мразам мирисот и ми солзат очите од нив.
Кај нас само татко ми е пушач, ама тој не практикува внатре да пуши. Секогаш надвор. Е сега, кога ќе ми дојдат другарки, или други гости, не им забранувам да пушат. После тоа отворам прозорци, вклучувам фрешер и готово. Од друга страна, не е убаво затоа што чадот се впива во завесите и прекривките, ама ние и онака се грееме на шпорет на дрва, па и тоа си има свое. Затоа редовно ги переме, а во дневна соба почесто кречиме. Штета што веќе не кречиме со вар, затоа што како што имам слушано - самиот поликолор го упива чадот.
Кај нас се пуши внатре, бидејќи мајка ми е пушач. Едно време излегуваше надвор на тераса за да пуши и не дозволуваше никој да пуши внатре, ама сега пак по старо, пак се пуши внатре. Мајка ми не пуши нешто многу, во последно време ги намали, така да не се ни приметува дека некој пушел. Ама затоа ако ни дојде некој на гости, барем и еден човек да е веднаш се заприметува разлика. Сега летно време ретко кога пуши внатре, најчесто на тераса излегува и пуши. Мене веќе не ми ни смета димот освен ако не оди право во мене додека се пуши, веќе се навикнав.