1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пушење цигари во вашиот дом

Дискусија во 'Дом' започната од teddybear, 3 јуни 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Не никако.Па ако гостите ен е дозволено истото важи и за домашните.не ми смета ама сум против цигарите.Нема зошто да ми е незгодно во секоја кука има правила.
     
  2. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Кај нас дома пушач е само татко ми, што значи дека е исто како да се 3ца.
    Чадот, и самата миризба на цигари не ја поднесувам. Често се гушам од цигари, а најмногу на јадење. Е тогаш дома е војна, кога грицкам нешто, а кога јадам па, мислам дека ако имав базука ќе упукав некого. ]:)
    Ми смета кога некој пуши цигари во затворена просторија, и многу ми е мило што се донесе законот за пушење, ама како што гледам и не се почитува многу во последно време.
    Кога ќе дојдат пријатели палат цигари, зошто знаат дека се пуши, но само во дневна соба! :!: Кај мене не смее, ќе треба да правам ука и бука во маало! :punch:
    Доколку почне да ми се лоши од миризбата, не ми е срам да му речам на некого да ја изгаси цигарата, макар и да не го познавам.
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Тоа е строго забрането кај мене дома. Порано моите пушеа многу, но секогаш пушеле на тараса, никогаш не запалиле цигара внатре, среќа веќе 15 години, а може и повеќе не пушат цигари ни двајцата така да немаме никакви проблеми околу тоа дома.
    Неможам да поднесам миризба на цигари и најодвратно ми е домот да ми мириса на цигари или алиштата. Не дозволуваме ни гости да пушат освен :!: директорот на татко ми :lol: Повеќето имаат осет па си пушат на тараса. На моите гости однапред им кажувам па дури и на -20 пушат на тараса.
    Ова правило се прекршува кога чекаме слава, а е зимно време славата па сите гости си пушат внатре во затворена просторија и после тоа 3 дена неможе да се излуфтира куќата, и се пере се од прекривки до завеси и теписони.
     
  4. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Порано татко ми пушеше, ама сега веќе и тој престана. Инаку си знаеше дека не поднесуваме цигари , па си излегуваше надвор. За среќа гостите повеќето се непушачи, а кога веќе дојде некој што пуши, а тоа е многу ретко потоа проветруваме цел ден. Не ја поднесувам миризбата на цигари, едноставно се гушам и не можам да поднесам да пуши некој во близина, а не па јас да пушам.
     
  5. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Кај мене во соба на никого му немам дозволено да пуши цигари.Не сум пушач и несакам да ми се пуши во соба. А во дневната беше дозволено додека не му преку*чи на татко ми :) И од тогаш само на тераса :)
     
  6. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Најгаден мирис на цел свет па уште кога ќе се најде некој да ти влезе во соба со цигара... ми иде незнам што да му направам .. :devil:
     
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Кај нас е строго забрането да се пуши внатре. За мојата соба не рекле, ама јас не давам. Терасата е одма тука на кој му се пуши нек пуши. Мене ми мирисаат неубаво и после тоа се треба да преперам за да се тури у ред.
    Им се извинувам на пушачите ама јас не можам да го поднесам мирисот на цигарите. Ќе се угушам. Баш ме потсеќа на еден антипатичен колега на татко ми кој стално ме штипка на образот кога и да дојде и ми се смее со тие жолтките забчиња, ради тоа па уште потешко ми паЏа. :sweat: :D
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Кај мене сите сме пушачи, ама ретко кога пушиме внатре, скоро секогаш на тераса само кога имаме гости-внатре. И тоа најмногу заради моите, на нив им смета чадот, што е до мене не ми пречи многу. Во мојата соба знам да си запалам цигара, особено кога сум со друштво, не ги терам да излегуваат на тераса, па после луфтираме. :)
     
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Кај нас дома пушиме јас и мајка ми, додека татко ми не , тој ги откажа цигарите...
    Не се пуши кај нас внатре заради братчето мое бидејки е мало , летно време си пушам на тераса или во кујна, во мојата соба несакам да пушам бидејки неможам да спијам после тоа
     
  10. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    3.419
    Не пушам ! И ужасно ми смета чадот. :puke:
    Така да... Кај мене во соба - СТРОГО ЗАБРАНЕТО !!! :!: :rock:
    А во другите соби... Димница ако сака нека праат. :P
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Порано се пушеа цигари дома ама од пред некоја година никако, ни во лето ни во зима. Огромна е разликата сега кога нема цигари внатре. Чадот е одвратен, црнила и смрдеа на тони имаше, а јас сум непушач и ми смета..така да цигари само на балкон (правилото важи и за гости :D ).
     
  12. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Иако сме непушачи јас и мм, кај нас дома кога ќе дојдат гости што пушат дозволуваме внатре цигари. Обично сами сите до еден од пријателиве пушачи секогаш сакаат да искочат на балкон од што им е незгодно дека не пушиме, ама ние секогаш инсистираме да седат и да се опуштат и ставаме пепељара пред нејзе/него/нив. Најважно ни е да им е убаво и пријатно на гостите кај нас. А потоа, луфтираме...нема проблеми никакви... :)
     
  13. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    и кај нас така
     
  14. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Јас и мм пушевме дома, се додека не ни се роди бебето. Јас не дозволувам ни на гости да ни пушат дома, на кој му се пуши има да си излезе на тераса и да си запали цигара. ако јас не пушам дома, нема никој да пуши.
    Многу од гостите се лутат што не даваме да се пуши внатре, као они требало да искачаат надвор на топло/ладно за една цигара....само не можам да разберам како немаат осет дека дете од 3.5 години живее во тој дом?!?!?!
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    nikako :shake:[mod-kirilica:3w4gzsby][/mod-kirilica:3w4gzsby]
     
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Jaс не разбирам што е тоа лутење од страна на гости пушачи кога ќе им се каже дека внатре во домот не се пуши или на домаќините им е непријатно да не го навредат гостинот, па прават исклучок..
    Мој дом, мои правила.. а јас ги почитувам правилата кај секој што сум отишла на гости, без да се навредам и нема ни зошто.
    Само не сфаќам на кој начин се искажува почит кон гостин на кој ќе му се дозволи да запали цигара внатре ако домаќините одлучиле да не пушат цигари во домот? Со тоа што ќе му се дозволи да го загади и усмрди воздухот со чад од цигари кој ни со луфтирање после не се ветрее лесно и се лепи за завеси, ѕидови...?
    Ако гостинот се налути за тоа, тогаш тој е оној кој искажува непочитување кон домаќинот, а не обратно.
    Изволте пепелник на балкон и таму се пуши во мојата дома. Во негова дома ако сака и во спална нека си чури.
     
    На Anyshka и heart.stealer им се допаѓа ова.
  17. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    6.414
    Пол:
    Женски
    јас брат ми и татко ми си пушиме дома. Мајка ми мрчи како морала да кречи секоја година ама кој ја слуша 3:1 мнозинство сме :lol: :P
     
  18. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    кај нас никој не пуши дома а сите гости што ќе ни дојдат се пушачи :lol: највеќе ме нервира тоа што без да прашаат одма си палат цигара и си димат низ соба |( чекај ,ало треба да прашаш без разлика дали сум пушач или не сум тоа ти е култура да не ти се искрши устата од зборење пушачиве сите до сеа што сум ги запознала се без осет ако не му кажеш ти на него нема да му текне |( и да се љутат кога ќе им кажеш дека не се пуши во соба епа и јас се љутам ако ми се пуши внатре во соба и сеа за вакви работи не треба да се доаѓа?! |( бог да чува, па имам мали деца дома и плус и мене ми смета димот
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    7.919
    Пол:
    Женски
    Кај нас се пуши. Мајка ми и татко ми веќе со години пушат, а исто и кога ќе дојдат гости внатре се пуши. Јас и брат ми не пушиме, ама веќе сме навикнати на чадот.
     
  20. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Кај нас дома се пуши, мајка ми е пушач веќе 30 години и си пуши насекаде дома..
    Се навикнавме сите веќе