1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пушење цигари во вашиот дом

Дискусија во 'Дом' започната од teddybear, 3 јуни 2012.

  1. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    2.410
    Кај нас дома никој не пуши :)
     
  2. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    И кај мене дома никој не пуши. Многу се нервирам што кога ќе ни дојдат гости без да прашаат си палат цигари и после 3 дена проветруваме, палиме миризливи свеќи и прскаме со освежувач. И полудувам што истите тие пушачи дома не пушат, ама затоа надокнадуваат кога одат на гости. Според мене тоа е максимално безобразно и пушачите се најсебични луѓе - воопшто не им е грижа што на некој му сметаат цигарите. :!:
     
  3. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Јас си живеам со пушачи :).И кога ми доаѓаат гости кои се пушачи,нормално дека нема да ги бркам надвор или на тераса :fubar: .Јас не пушам и не ми е проблем ако некој што ми дошол на гости запалил цигара.Ги разбирам пушачите,тоа е завист и на нив сигурно не им е убаво да се мрзнат надвор за да испушат цигара.
     
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Кај нас не се пуши . Во соба можам да си палам а и брат ми исто , но ностоп проветрувам ми смета за спиење а и струја трошам зиме со отварањево прозорци :lol: Кога бев помала не пушеше никој кај нас па за гости никогаш не е било проблем . Не знам што толку ќе биде ако запали некој една цигара де . Ке излуфтирам и готово ;)
     
  5. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Кај мене дома никој не пушат ниту пак јас.Инаку за луѓето што доаѓаат ги сместуваме фино лепо на терасата,бидејќи после тоа нема да можеме да излуфтираме.Па можат да се воздражат неколку часа.
     
  6. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    Кај нас дома никој не пуши,а кога ќе ни дојдад гости тиа пушат,но кога некој доаѓа во мојата соба и сака да запали цигара јас недавам,едноставно ми пречи :)
     
  7. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    од кај мене сестра ми и татко ми пушат ама на тараса бидејќи мајка ми не дава бидејќи мене ми смета не можам да дишам се гушам.
    а што се однесува до гости ако сакаат да пушат во дневната само иначе повеќето гости сами си идат на тараса :)
     
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Кај мене се пуши, али дека е мал станот, мајка ми спие у дневна па коа ке ми дојдат гости мораат кај мене, немам некоја тераса голема, а и на тараса се излага преку кујна и малце е незгодно. Но, во станот што ќе го купам(ова испаѓа сега се фалам, ама морам така да објаснам), летно време цигари само на тераса, за зимно време ќе размислам ке има соба која на почеток нема да ја користам па може таа да ја оставам како место за пушење. Тешко ќе и биде пошто сум пушач, ама ќе видиме.
     
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Кај мене не се пуши, и кога ќе дојде некој на гости и ќе праша дали може да запали цигара, не ми е срам да кажам не. Сакам да ми мириса убаво и свежо дома, а не на чад од цигари.
     
  10. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    918
    Пол:
    Женски
    Кај мене дома, само мајка ми пуши, ама секогаш на тераса. А и кога ке ни дојдат гости, одат на тераса. Јас не поднесувам цигари, не сакам да седам во просторија каде се пуши, се умирисуваат и алишта и коса :puke: :puke:
     
  11. Caliopea

    Caliopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    61
    Кај мене пуши тетка ми, и секогаш ја терам на прозор да пуши зашто не го поднесувам чадот , и никако не давам некој да ми пуши во соба,зашто одвратен ми е тоа чадот од цигарите..
     
  12. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Јас како бивши пушач да кажам :) Дозволуваме пушење, ама отвараме во истиот момент прозорци и од време на време влезна врата за промаја. Ни смета, ама незгодно е да избркаш некого надвор да пушти (особено пошто сум била пушач и знам колку нервира тоа)
     
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.602
    Допаѓања:
    173.632
    Пол:
    Женски
    И кај мене дома има пушачи. Како домашни така и коа идат гости.
    Просториите редовно се проветруваат. Eдино забрана за цигари има во собите каде шо се спие :)
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    дозволено е,а кај нас само татко ми пуши цигари.некогаш многу ми смета некогаш не
     
  15. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    кај мене дома сите освен јас и неможам да поднесувам и затоа со малиот си седиме во една соба бидејки немаат осет одат низ куката и чурат ко да е улица нз што да кажам.
     
  16. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Не само што не го поднесувам чадот, туку кога пушеше татко ми (пред 3-4 години ) моравме на 2 недели да ги фарбаме ѕидовите..Чадот се лепеше на нив и од бели ги правеше црни.. :D Затоа сега не дозволувам никој да пуши внатре, а ако веќе почне да пуши, отварам прозорци, врати.. :)
     
  17. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Кај мене сите сме пушачи ( јас ,мајка ми,татко ми ,сестра ми ) и пушиме исклучиво во собата за дневен престој .Кога имам гости истотака пушат ,им дозволувам и кај мене во соба .Проблемот со мирисот на цигари го решаваме со освежувачи AIR WICK и оние во вид на спрееви .Со оглед на тоа што сме пушачи сите не го осеќаме толку мирисот на цигари .
     
  18. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Кај нас дома сите сме пушачи, иако јас сум пушач не сакам да се пуши дома ам тоа е не ке изигравам џандар, единствено место кај што не се пуши ни е спалната, сегде чурат на мртво
     
  19. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Не дозволувам да се пуши дома во ниту една соба. Пепелникот е на тераса и кој сака таму може да пуши, близок/далечен, зима/лето не е битно. Го поддржувам законот за забрана на цигари на јавни места, смрдливите алишта и труење до гола кожа на дим кога ќе се вратиш од град веке е минато и многу ми се допаѓа тоа.
     
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Јас дозволувам да се пуши и дома ама за одредени пушачи. Дискриминација :D . Пример на дедо ми не можам да му речам дедо ај на тераса, нема овде пушење. Ставам одма во штекер освежувач за воздухот, отварам да се излувтира и решен проблем.
    Свекрва ми кога сме сами си пуши внатре, а пошто дечко ми не дозволува дома пушење, пред него пуши на тераса. Пријатели кога ни доаѓаат, посебно кога имаме повеќе гости, а сите пушачи, си излегуваат на тераса, затоа што се свесни дека не може сите внатре да пушат.